1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    И мојата ќерка сега е прва година, ама веќе си најде другарчиња од клас. Обиди се некако сигурно има и некои други како тебе. Овие што сте се дружеле не велам да ги откачиш, ама ако сте во различни училишта тешко ќе биде. Не знам навистина каков друг совет да ти дадам едностано опушти се, нова средина понекогаш знае да донесе многу убавини. Штом долго не те комуницирале не можеш веќе да ја твориш таа близина што сте ја имале. Помогни си сама на себе во новата средина. Карактерот сеуште не ти е оформрн, сега си во тое години, трпение малку.
     
  2. ozbilnadevojka

    ozbilnadevojka Нов член

    Се зачлени на:
    29 септември 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Во исто училиште учиме, еден период другарките ме викнаа да разговараме зошто не сум излегувала со нив јас им се правдав, и ми се јавуваа стално, но се осеќам осамена како да незнам на кој да се искажам, волку осамена не сум се чувствувала.
     
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Периодче е ќе помине, нова средина, училиште, професори, соученици не се грижи воопшто најди сси некоја занимација во слободно време додека не ти помине периодов. Тинејџерството не е лесна работа. :hug:
     
  4. ozbilnadevojka

    ozbilnadevojka Нов член

    Се зачлени на:
    29 септември 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Се трудам колку што можам, знам дека и јас сум пречувствителна личност но што е тука е да се надевам дека ќе помине. :hug:
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  5. loveIan

    loveIan Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    61
    Повторно почни да комуницираш со нив, нека биде се како претходно. Или ако имаш некоја братучетка излегувај со неа. :)
     
  6. ozbilnadevojka

    ozbilnadevojka Нов член

    Се зачлени на:
    29 септември 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Од кога зборувавме излегувам со нив, ама најголем проблем е тоа што за време на летниот распуст тие се запознале со нови деца, нив им е интересно да излегуваат со нив, а бидејќи јас за нив сум непозната личност мене не ми е по ќеиф.
     
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ај сеа не претерувај не ти е ќеиф, нема да ги вариш супа! Ќе се вклопиш полека само.
     
    На ozbilnadevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Вака, сакам да се обратам за совет затоа што не знам како да постапам.

    Имам другарка од мене помала 2 3 години која и ми е комшивка плус со нивните родители сме куќни пријатели.
    Со нејзе изразнав, со нејзе ги делам сите тајни, сите работи. Секогаш ја гледав како сестра која никогаш не сум ја имала и ја сакам многу и не сакам да тргне по лош пат но...
    Од кога се нејзините родители во Италија, од кога расќина со нејзиниот дечко таа се однесува како распуштеница.. Пие барем три пати во неделата обавезно, ја троши нејзината плата како луда и се однесува премногу незрело. Мене тоа ужасно ме нервира и имам страв да не западне во некои лоши неволји. Обавезно некаде останува должна, обавезно смислува сплетќи, секогаш кога и се јавам таа е надвор од нашиот град и се однесува недолично ко за нејзини години. Наместо да се грижи за нејзината куќа кое е оставена на нејзина доверба, да се грижи за брат и, таа не знае уште каков скандал да направи за да биде во центарот на вниманието. Да напоменам дека се дружи со оние кои и ја расипаа врската со нејзиниот дечко.
    Сакам да и помогнам, да ја изнесам на прав пат затоа што не сакам да страда. Имаме многу работи заедно поминато и не би сакала да гледам како си го уништува животот.
    Нема никаков почит кон родителите нејзини а да не зборуваме за постари луѓе.
    Размислував да разговарам со нејзе на таа тема но не сакав да ме сфати лошо, туку сакам да и кажам со добра намера.Еднаш се потрудив ама ми рече дека сум љубоморна на нејзиниот начин на живот.

    Што да сторам? дали да се потрудам со нејзе пак да разговарам или да ја отворам таа тема на муабет со мајка и ?
    Понекогаш нејзиното однесување влијае не само на нејзините домашни и нејзе туку и на останатите околу нејзе.
     
  9. Play

    Play Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    69
    Верувај ми не можеш да му помогнеш на никој кој не сака помош. На крајот ти ќе испаднеш само крива и љубоморна. Таа додека самата не сфати дека прави грешки не можеш да и помогнеш бидејќи нема да ти верува, ќе мисли дека тоа и го зборуваш од љубомора. Најдобро ќе биде да исконтактираш со нејзините и да им кажеш што се случува па тие да се справат со тоа. Да зборуваат со неа да ѝ кажат дека греши или пак да се вратат доколку можат некако пред да биде доцна.
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  10. spas8

    spas8 Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    Разговарај уште еднаш со неа и ако не се опамети ама изгледа тешко за ти да не бидеш виновна речи му на брат и он да им каже на родителите што се случува со сестра му он сигурно знае.
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Тој знае но кренаа раце од нејзе одамна,че пробам уште еднаш па ќе видам како да отворам тема со нејзините.
     
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Многу е тешко кога некој ќе скршне од патот, да го вратиш назад. Треба многу труд, а ти како единка не можеш ништо. Мораш да им кажеш на нејзините, иако не верувам дека нешто ќе променат се додека таа не реши.
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Бидејќи темава има повеќе преглед од другата во која прашав, ќе прашам и тука.
    Во која институција се пријавува психичко малтретирање? Од типот на вербални навреди секој ден, па се до закани.
    Ова со родителите го трпиме повеќе од 20 години најмногу мајками страда со нервози и стрес..
    Дали може да се изнесе правдата до крај или пријавувањето е џабе во нашиве институции?
     
  14. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    За какво малтретирање конкретно станува збор, семејно или ?
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Ако е семејно во социјалните служби ако е од трети лица во полиција.
     
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Според постот не е семејно (внатре во семејството) ама еве ја нема да каже.
     
  17. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    ‘ Од страна на брат на татко ми.
     
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Полиција.
     
  19. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Ќе може ли некоја возрасна феминка да ми пише порака затоа што ми потребен совет, а не сакам да пишувам јавно за тоа.
     
  20. monnii-4

    monnii-4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    60
    Имам другарка која е помала од мене неколку години. Порано живеевме блиску и почесто се гледавме. Сега иако поретко се гледаме сепак не престанавме да контактираме, сеуште сме блиски, дури и премногу. СЕ дружиме скоро 5 години ама исто ко цел живот.
    На почеток ми изгледаше како секое нормално девојче, ама покасно се покажа дека не е така.
    Кога се запознавме стално го тепаше брат и кој тогаш имаше околку 5 години. Нејзината омраза беше насочена кон него поради вината на мајка и. Уствари тоа и беше полубратче. Уште од мала е соочена со тешки проблеми. Со татко коцкар и алкохоличар, сведок на семејно насилство и што уште не. ДО 6 години оставена на баба и и дедо и. Од 6 години оставена е буквално сама на себе. Мајка и се премажи буквално со монструм. Не и е скратено ни јадење, ни облека, ниту пари. Ама затоа нема добиено ни трошка љубов, внимание и се што треба да добие од мајка и. Ај тој очув и е, не мора да ја сака, ама нема право да ја малтретира. А за мајка и, немам коментар. Ултрамонструм. До пред некое време се беше во ред, се согласуваа некако, но денес премногу ме повреди тоа што ми го кажа.
    Ми се јави девојчето расплачено на 10 секунди само и ми кажа дека мајка и ја истепала. Ми пушти ужасна слика која не можев да ја гледам.
    Не беше доволно што ја малтретираа психички, сега и физички. И тоа замислите девојка од 16 години има излез до 10 часот. Денес с вратила во 10 и пол и се здоби пак со нова траума.
    Не знам по кој пат ми се јавува расплачена, не знам.
    А кутрата само мочли и трпи.
    Веќе не знам начин како да и помогнам. Пред некое време ја пуштив мајка ми да разговара со мајка и. Отидов јас кај неа пробав да разговарам со мајка и. Беше и на психолог девојчето и досега ништо нема помогнато.
    Срцето ме боли кога ми ги кажува проблемите. Не можам да трпам ваква да ја гледам и да ја слушам.
    Како да и помогнам, како?