1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спомени

Дискусија во 'Психологија' започната од Breezy, 8 август 2011.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Повеќе тажни отколку среќни, но тоа е. Тие направиле од мене посилна личност.

    Не дека живеам во минатото, далеку од тоа. Но, понекогаш знаат толку силно да притиснат, што ме оставаат без здив. Се е дел од минатото и таму и остануваат.
    А кога ќе дојдат тие моменти, се враќам само на една мисла.

    - „ Со минатото се гради иднината.
    Без него сме уште повеќе празни, зашто тоа е нашиот патеводител.
    Да не ги повториме истите грешки што сме ги направиле или некој друг близок ги направил.’’
     
    На slavica999, anabel-a и stylishh им се допаѓа ова.
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Обожавам да враќам спомени, било добри, било лоши. Сите искуства се вредни и се заслужни за тоа каков карактер сум денес. Искуствата и спомените не прават тоа што сме. :rock:
     
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    моите спомени најубавите се оние од детсвото :) леле колку ги сакам,само кога би се вратиле тие времијна...
    :) само кога се сејкавам колку беше тоа убаво време,игри,дрижејне,пејне сите заедно..
    може немаше толку многу сретсва како денес,но поубаво беше.според мене...

    а моите тажни спомени се последниве 3 години..
    се нешто неубаво се случило,некоја смрт на блиски :( некој повреден,некои лаги,некои предаства..
    се нешто сите лице ти прват...неубаво.
    многу промени за некое време...
    до каде вака?,.само господ знае..
     
  4. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    еххххххх спомени колку убаво ми беше како дете кога од утро до мрак си игравме надвор гледавме Том и Џери.си праевме фестивалчиња во типот на сидо .... ,но за жал има и многу неубави спомени кои не правата посилни личности, па затоа се и спомените нели? За да направат зрели личности од нас кои порано,кои подоцна и да се сеќаваме на нив дали со среќа или со тага во очите.
     
  5. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Спомени дали биле лоши или добри сепак се спомени останати и врежени во нас. Некои нешта доживеани неможат да се заборават и поради тоа тие ни остануваат како спомен.
    Јас сакам да се потсетувам само на убавите нешта, но како би го можела тоа кога постојат и лошите спомени :^)
     
  6. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    сите имаме спомени и добри и лоши но никако не смееме да останеме да живееме во минатото, тоа е минато и таму припаѓа, во ред е да се сеќаваме и да пазиме на некои работи што сме ги научиле токму од тоа минато, сепак само на тоа треба и да остане, а не минатото да ја диктира иднината и сегашноста наша
     
  7. Bok

    Bok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    се ке помине,но спомените никогаш не се забораваат-затоа и се нарекуваат спомени.
    како можеш да заборавиш кога си се чуствувал најубаво/кога нешто те исполнило.
    како можеш да ги заборавиш детските денови/првиот велосипед/првата симпатија/тажен ден.. и мнг.други работи .
    можеби би кикснала некои денови од мојот живот до сега..но ништо не би сакала да заборавам ;)
     
  8. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Јас пак мислам дека само во спомените сакам да живеам,и секако во убавите.Често се навратувам со моите мисли во спомените кои ми значат.И понекогаш посакувам да застанам таму каде што сум најсреќна во тие мигови кои можеби никогаш не би се повториле...
    Но убаво ми е таму и ќе продолжам да навраќам за да не ги заборавам никогаш... :?: :wasntme:
     
  9. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Најчесто се сеќавам на среќни спомени, но понекогаш и тажни. Спомените си се спомени, без разлика дали се тажни или среќни, тие се минато...
     
  10. sakamdasumsreknabar1

    sakamdasumsreknabar1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    за мене спомените се глупа работа,зошто се секавам на убави мигови и ке се речам е па арно,но кога ке се јави и ке истресе зелени се пага во река,море каква река ОКЕАН,од спомените нема ништо само бледа сенка дека некогаш сум била срекна и сум дозволила сега да немам ама баш никакви чуства,верувајте ми ко дебил станав
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403







    Донекаде си во право-но немој толку да гледаш се црно ќе има и подобри денови ;)
     
  12. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    3.419
    На спомените се сеќавам со насмевка... :)
    ... но,има и такви кои премногу болат,болат проклето многу ! ;(
     
  13. meow22

    meow22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    79
    Спомените прават да живеам во две времиња, всушност го обожавам чувството кога некоја песна, слика, текст или пак најинтензивното за мене - мирис ме враќа на некое место, го доживувам повторно, ми ги реанимира чувствата од тогаш и по неколку секунди сум свесна дека било и поминало...
     
  14. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    .. :D ...спомени....ги има убави и лоши... секогаш има нешто што не потсетува на нив.....дали е тоа некоја песна,име на некој град,држава, на некоја личност,посета на некое место...намерно или ненамерно,се враќаме назад со мислите,со насмевка или со солзи....спомените се дел од нашето минато,и сакале или не не можиме да ги избришиме,затоа што ние сме биле дел од тие случки........викаат времето е тоа кое ни помага да заборавиме или не,ама јас велам големо НЕ........дали делумично или целосно,подсвесно живеат спомените во нас целиот живот и се секогаш тука. околу.... :D ...
     
  15. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Спомени се само едни вечни мемоари, сликовници кои засекогаш ќе бидат запомнети и разлистувани, но каде што има сеуште празни листови. Чудно е чувството кога ќе погледнеш некоја стара слика и ти се навратат илјада спомени, наеднај некакво чудно чувство те преовалдува, срцето затреперува, се сеќаваш... СИ повтараш во себе: Тоа беа денови! Потоа се каеш за грешките, па ти се надоврзуваат други спомени, па почнуваш во детали да си ја преиспиташ твојата лична историја... но наеднаш завршуваат рекламите па продолжуваш да блееш пред ТВ. :D Толку вредат спомените! :lol:
     
    На Elichka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Имам многу спомени во минатото.Кога ќе се сетам на нив ме прават среќна во некои тажни моменти.Но по сето тоа сваќам дека се додека сме живи сите моменти се претвараат во минато па некои ги помтиме и ни се дел од СПОМЕНИТЕ...
     
  17. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Јас сум тажна секогаш кога ќе се сетам на нешто. Дури и кога тоа „нешто“ се убави спомени.
     
    На Lina92 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Не знам зошто,но јас не сум роб на спомените. Секогашш сум свртена кон надежите за иднината. Нормално, имам ЈАКИ спомени, НО ТИЕ СЕ ЗА МОЈОТ ПОЧИНАТ ТАТКО, кого премногу го сакав. Се друго и не ми е толку важно.И нормално, како и секоја мајка многу ми се мили спомените исполнети со љубов кон мојата ќерка од кога сум ја родила па се до денес и така ќе биде додека сум жива. Некогаш се навраќам на лоши моменти од мојот живот но не се потресувам за нив. Па дури и на некоја голема љубов која поминала, се присетувам без некои емиции. Ми беше чудно кога го сретнав мојот прв дечко и ме праша дали можам пак да сакам.Сега е во странство и заради него го исклучив фејсбукот. Тој е женет и пак уште живее во спомените. Мене тоа не ми е јасно. ШТО БИЛО, ПОМИНАЛО, НЕ СЕ ВРАЌА, ОВОЈ МОМЕНТ Е СЕГАШНОСТ И НЕЗАПИРЛИВО СЕ ДВИЖИ СО ТЕНДЕНЦИЈА ДА СТАНЕ МИНАТОСТ, А УТРЕ НОВ ДЕН СЕ РАЃА.
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Спомените ТОА СМЕ НИЕ.
    Оваа реченица погоре многу ми се допаѓа.
    Без спомени ние би биле многу празни, душевно празни, просто не би постоеле без спомени, нешто слично како што би биле празни без меморија. Спомените не прават она што сме, не карактерно, туку само ни го дооформуваат карактерот и не прават посилни доколку извлечеме од нив добра поука.
    Секој од нас има и добри и спомени кои сака да ги заборави, но сите тие се дел од битието.
    Некои спомени силно болат, а други посакуваш да ги доживееш повторно.
    "Магични", ранувачки, болни, убави, потресни, трауматични, изненадувачки - СПОМЕНИ.
     
  20. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    Спакувај го најубавото од минатото и земи го со себе,така никигаш нема да бидеш осамен-тоа се спомените.