Спомени...добри или лоши тие се дел од нас, тоа сме ние, тие се дел од нашиот живот. Имам безброј спомени. Од време на време сакам да се сетам на убави моменти од мојот живот. Но тоа се само како избледени слики или извртен филм кој неможеш да го вратиш назад за да промениш нешто. И несакам да го вратам филмот назад. Се што се случило треба да остане зад мене. Во животот се се случува со причина. И дали тоа било лошо или добро, се сеќавам со насмевка на лицето. Бидејки и да плачам нема никаква корист од тоа. Ете едноставно се случило...и тоа неможе да се промени. Животот продолжува.
Колку и да погледнуваме на назад,ќе прочитаме само некоја страница и ќе ја затвориме книгата,може од ново и од ново од љубопитност да се читаат страниците со спомени од животот,ама сепак тие се спомени и се зад нас,должност ни е секој ден да пишеме нови страници,сепак тоа е живот,животот се заснова на добри и лоши спомени ,на болка на срека,еден ден се ке оставиме зад нас и добро и лошо,и ќе бидеме нечиј спомен
Тие спомени ме држат жива.Толку сум среќна што ги имав.Какво и да е сепак тоа минато ,останува.А на нас е дали ќе го закопаме или ќе живееме со него. ТОА Е ТОА: Ладна шолја со топло кафе полека враќа спомени. Еден зимски март. Топло макијато во „Мартини“ додека ветрот ти внесува студ во коски. Многу љубов. Ама спомени се. Делчиња кои едно време совршено се вклопувале. Животни патишта. Не секоја љубов завршува со среќен крај. Важно е дека се обидовме. Исто како Ромео и Јулија.
Спомени имам многу. Добрите ме враќаат назад кога ќе се изгубам од лоште. Со некои се мачам, да ги заборавам, некои се мачам за секогаш да ги памтам ама тоа е тоа.
Спомените вρз мене влијаат многу депρесивно. Не збоρам за лошите, туκу оние добρи и убави спомени, ете тие κај мене сеκојпат пρедизвиκуваат тага и солзи бидејκи свесна сум деκа тоа се само спомени и убави вρемиња и моменти κои ниκогаш нема да се вρатат или паκ луѓето во нив ниκогаш повеќе нема да ги видам или се до мене со многу поинаκви лиκови од κои може да се пρочита само тага. Κаде се тие сρеќни лица од минатото!? Спомените κои содρжат моменти во κои лудо си уживал, сега ништо дρуго не пρичинуваат освен тага и болκа. Очајно ги баρам тие вρемиња, но залудно. Ниκогаш повеќе нема да се вρатат. Од нив ќе останат само спомени во моето сρце...
Спомените се составен дел од нашиот живот. Добри или лоши, засекогаш остануваат во сеќавање.Во моментите на психичко осамување, знам да се навратам на убавите спомени,а лошите се обидувам да ги потиснам.И едните и другите остануваат зад мене како дел од животното искуство.
..нема дана да не мислим на тебе, на мене на успомене. Некогаш колку и да сакаш да не се сеќаваш на некои работи сепак неможеш. Сепак има и добри спомени на кои кога ќе се сетам мило ми е.
Спомените - тоа е она што ме кочи во животот мој. Тоа е ѕидот до мојата среќа. Не можам да ги оставам и не можат да ме остават. Како да се помирам со она што поминало? Како ? Не можам. Колку само сакам да го вратам времето, колку само пати со мозокот патувам во минатото, во времето на добрите спомени, а и на лошите. И не сакам да се сеќавам ни на добрите ни на лошите спомени. Не сакам. Ама не можам...
Спомените често ме враќаат назад. Ми ја сопираат среќата. Ме влечат надолу. Но, потоа се потсетувам. Сите се болни. И убавите, и оние кои не сакам никогаш да биле овде. Но, затоа се наречени спомени. Бидејќи веќе ги нема. Веќе не е истото. И не може да биде, колку и да посакуваме.
Спомени, еден тон. Кога ги гледам фотографиите, ме обзема некаква носталгија. Колку убаво ми беше тогаш. Сакам да се вратам, да уживам повторно. На другата страна, лоши спомени, не сакам да се навраќам, ги зафрлам некаде далеку, длабоко, за повторно да не ги сретнам. Спомените се дел од нас.
Ахх... Спомени, ѓи има многу со тек на времето избледуваат но сепак оние што се позитивните пробувам да размислувам повеќе за нив а оние лошите да не размислувам многу за нив сепак тоа било и останало во минатото а јас живеам во сегашноста а иднината допрва ќе дојде!
Кога ќе почнам да си враќам спомени, посакувам да се убијам така да гледам многу да не мислам. Како некој друг живот е тоа. Поубав. Освен синчето што го имам сега, друго се ми е некако бетер.
Спомените се дел од нас.Сите ние имаме прекрасни спомени на кои кога ќе се сетиме ни мамат насмевка на лицето,а од друга страна тука се и спомените кои понекогаш не ни дозволуваат да продолжиме напред.Јас како премногу чувствителна личност, се трудам да држам некој баланс , но понекогаш многу ме уништуваат.Помислата дека некои многу драги спомени,со многу мила личност , кои ме правеа среќни денеска кога ќе се сетам на нив многу ме растажуваат... Но, тоа е животот.
Сметам дека спомените се дел од нас кој што многу сентиментално го чуваме токму затоа што секогаш се тука, и секогаш пред да заспиеме барем малку не прогонуваат „што ќе беше, ако беше’’ мислите. Безброј пати се враќаме анализирајќи се себеси во тој одреден период од нашиот живот, честопати го споредуваме со сегашноста и понекогаш си велиме дека тогаш ни било многу подобро, дури и кога реално, тогаш ни било многу полошо. Јас сум многу носталгична личност и во некои моменти посакувам да се вратам наназад и да проживеам бар уште ден од неколкуте периоди кои што ми беа најсветлите во целиот живот.
Кога и да се спомне нешто на оваа тема прва работа што ми паѓа на памет е реплика од еден од филмовите од Before - трилогијата, мислам дека беше вториот дел: Memories are wonderful things, if you don't have to deal with the past. На таа реченица ми текна и кога ја видов темава. Ова толку потполно го отсликува мојот поглед кон спомените што немам ништо да додадам
Спомените се тие со кои сум заспивала со години. Секое време и секој период си носи свои спомени, и сите ми се убави и ме расположуваат. Спомени од детството, од училиште, оние од најголемата љубов мммм. Тоа е она што не одржува и ни дава надеж дека и ви иднина можеме да доживееме нешто убаво. Човек без спомени е како книга без зборови.
Баш вчера пред да заспијам си мислев за спомените кои ги имам... И дојдов до заклучок дека и немам баш убави спомени кои ги паметам... Само лоши, преполни со тага, болка и слози...