Не! Ама ни малку! во последно време се ме нервира,постојано сум под нервоза Затоа што ништо не е како што треба, во голема дилема сум што ств незнам што да правам(уффф накратко кажано УНИШТЕНА )
Да, Среќна сум...Се надевам ќе продолжам да бидам така и среќата секој ден се повеќе ќе ми се насмевнува.
Среќна сум. Имам прекрасно семејство, пријатели, дечко. Кога ќе се разбудам секој ден, знам дека имам причина да се насмевнам, без разлика дали тоа е мирисот на утринското кафе кое ми го подготвила мајка ми, благодарноста на лицето на брат ми кога ќе поправи оценка, бидејќи сум му помогнала околу тоа, насмевката на лицето на татко ми кога пеам (а навистина мноогу лошо пеам), повикот од дечко ми да ме разбуди затоа што веќе е пладне, квалитетно поминатото време со пријателите. Се додека ги имам овие личности во мојот живот, ќе се чувствувам среќна. Да не заборавиме дека материјалните работи се битни, а истите со работа и труд се стекнуваат, но уште побитно е да не заборавиме дека брзо си одат, а на крајот, сепак, остануваат само оние вистински вредности.
Солидно среќен, би бил посреќен ако уште си го средам и љубовниот живот и добијам девојка, вака сам малце небива.
Паааа да речиме во глобала да срекна сум, но секогаш може и повеке Има денови каде сум скрешна на милиони парчиња но ,ете успевам некако да се средам а обично кога имам лош ден си легнувам со сила рано рано за да се разбудам со нов ден и нови сили и мисли
Среќна сум. Имам кров над главата, имам топол дом, имам грижа и љубов од најдобрите родители на светов, го имам најпрекрасниот дечко што постои, имам верни другарки, имам добар успех на факултет, имам здравје, имам се!
Да среќна сум, имам се што ми е потребно, фала му на Бога ги ценам сите работи што ги имам, не зборам за материјалното. Правете го тоа што ве исполнува и ќе бидете среќни, помогнете на лугето околу вас и ќе бидете среќни, прифатете се такви какви што сте и ќе бидете среќни, сакајте се и сакајте ги вашите најблиски. Тајната на среќата е во вас !!
Охооо пресреќна..моето семејство е со мене (штоо е најважно) моите пријатели,па дури и моите миленичиња ..Нема нешто што би посакала повејќе..бидејќи сум презадоволна со се што имам и сум преемногу благодарна на сите..особена Бога
Воопшто НЕ! На друго место (читај што подалеку од тука) со истите луѓе и со истиот памет СИГУРНО би била многу посреќна. Можеби еден ден, можеби
Среќна сум и тоа многу имам прекрасно семејство,ја имам љубовта од човекот кој долго време го посакував , имам прекрасно големо дружтво ,доволно финансии за да си ги задоволам сите мои каприци, се заишав на тој факултет кој го сакав.
Многу пати си го поставувам ова прашање. Но никогаш не можам да најдам конечен одговор. Во целост кога ке погледнам во минатото, имало и срекни и многу тажни денови. А сега во сегашноста, би можела и да бидам посрекна од колку што сум.
Епа не. Ми фали оптимизам.Среќата си ја креираме сами,со нашите мисли,со нашиот поглед кон светот. Но како да бидам среќна кога семејството ми се распаѓа?Она што е основен фактор за среќа. Никогаш не сум сакала да бидам песимист,секогаш сум гледала да најдам нешто добро во лошото или да не мислам на лошо,но како да ја губам енергијата.Не е подобро,полошо е..Штета,поради тоа неможам комплетно да уживам во љубовта,и на сите вас што ви фали љубов најпрво заблагодарете се што ја имате љубовта и слогата во семејството ,верувајте се ќе дојде кога имате добро опкружување.Тоа е најважно. Сепак јас не се предавам,верувам ќе биде подобро,еден дел ќе ми фали ,но подобри денови ќе дојдат
Имам родители,покрив над глава,полн фрижидер,вистински пријатели и секако цел живот пред мене.Можно ли е да не сум среќна?Иначе за прашањето мојот одговор е:Секако дека сум