1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што боли повеќе?

Дискусија во 'Психологија' започната од Anely, 30 април 2011.

  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Лошиот збор многу ме повредува.Уште повеќе ако е искажан од блиска личност.Некои зборови никогаш не исчезнуваат од мислите.Но,и физичката болка не е нешто што можам да го занемарам за да простам.
     
  2. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    5.777
    Пол:
    Женски
    ^ Полошо е некој што го сакаш да те навреди,макар и тие зборови да ги кажи во момент на лутина и да не ги мисли искрено.Тие зборови болат повеќе,отколку да те удри некој.Физичките рани поминуваат,ама тие на душата никогаш.
     
    На princess5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    Неверувам дека има нешто што боли повеке од лошиот збор од мајка или татко..но ми стана навика,па болката станува поблага со тек на времето...само незнам зошто секој пат очите ми пресушуваат од плачење...
     
  4. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки

    Боли и едното и другото.
    И од двете можеш да се почувствуваш понижено,навредено....и сл.
    Точно е дека лошиот збор не се заборава никогаш,но и ударот ај да те видам заборави го некогаш. :fubar:
    На зборовите сум веќе навикната.Болката ми стана секојдневие.Не верувам дека постои човек во денешницава кој тоа не го искусил или веќе едноставно се навикнал на тоа.
    Колку злобни луѓе постојат.Се ситат на нашата несреќа,нашата тага,неисполнетост,неуспех,се најлошо.
    Ретко кој денес ќе ти подаде рака и ќе те подржува за да можеш да чекориш кон целта.
    Од човек денес можеш да слушнеш само навреда или зборови кој те повредуваат,намерно или не намерно изговорени,упатени.
    А и ударот исто,потполно исто значење има.Ни тоа не би можеле да го поднесеме.
    Сурова е денешницава,но навикнати сме веќе на се.Повеќе патиме отколку што се радуваме.
    Повеќе неуспеси,премалку успех. :|
    Тоа е поради што се туркаме едни со други кон дното,за да се докажеме кој е подобар,а реалноста е дека потполно сите тонеме кон дното со вакво однесување.Колку си подобар толку повеќе те газат,те омаловажуваат,те користат на секој можен начин.
    Ретки се денес луѓето кој ќе сакаат да те сослушаат,да ти помогнат,да пробаат да те разберат,да те утешат.Знам дека постојат,но премногу се ретки.Личности кои ќе те сакаат и од се срце би ти помогнале.


    Јас се извинувам малку забегав со темава,се надоврзав на нешто друго.
    Сепак тоа е реалноста.
    Личности кои би биле среќни,ако си и ти среќен.Умре вистинското пријателство.
     
  5. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Зборовите дефинитивно. Не ги заборавам ниту пак можам..никогаш. Подобро да ми удри шамар (помалце ке се навредам и побрзо ќе прежалам на некој начин) откако некои зборови.

    Затоа и можеби толку се нервирам и собрам се во себе, полна сум со негативната енергија од љубоморни и завидни луѓе и од нивните зборови. Но најмногу болат зборовите од саканите дури и од љубовта. Поболно од тоа неверувам дека постои :x
     
  6. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    578
    Пол:
    Женски
    Боли кога некому ќе му подариш дел од твоето време,дел од животот,дел од себеси а тој ќе го фрли под нозе и згази ко да не е ништо вредно.
    Боли кога сакаш до болка,а љубовта не ти е возвратена,болат и зборовите,боли и физичката болка...
    Ама највеќе боли кога немоќен си да го поправиш нештото што те измачува со цел да се отргнеш од таа болка.
     
    На Anne15 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Удар од рака се памти кратко и полесно се заборава,иако боли полесен удар е(ова не важи во случај на физичко малтретирање,тепање до бесвест).Зборови или навреди болат повеќе,посебно ако се навреди од некој кој многу го сакаш.Многу блиски ме навредиле и тоа навистина боли и тие рани никогаш нема да зарснат,никогаш нема да заздрават.Често предизвикуваат душевна болка и солзи на моето лице.
    А зборови кажани во афект,не си ги ставам при срце толку,особено зошто ми се извиниле после тоа и сум простила искрено.
    Ама,се прашувам дали во некој налет на бес личноста која навредува всушност го искажува своето вистинско мислење?Зборови се зборови сепак,но навредите секогаш оставаат последици и не верувам дека било кој да ме навредил,да не го мислел тоа навистина.
     
  8. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189
    Зборовите.
    Не дека ударот не боли, но мислам дека побрзо поминува таа лутина. А зборовите многу болат, можеби се простуваат, но не се забораваат... навистина боли кога блиска личност ќе каже некој тежок збор и потоа мисли дека со едно извини се ќе биде добро :^) затоа викам јас, изброј до 10 па кажи нешто, не збори се што ќе ти дојде на памет само зошто си нервозен...ако не подобро не кажувај ништо :x
     
    На Survive му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Секое зло почнува со лоши зборови. Колку само бракови се растурилеод свекрви кои го трујат синот против снаата. Колку другарства се расипале поради лажни клевети и оговарања. КОЛКУ ЛИ САМО СОЛЗИ ПРОЛЕАЛЕ ЧЕСНИТЕ И НЕВИНИТЕ ЗАТОА ШТО НЕКОИ ЗЛОБНИ СО ЗБОРОВИ ИМ ЈА РАСТУРИЛЕ СРЕЌАТА. Сум видела многу примери каде на злобните страшно и сурово им се вратило после доста време. Не останале неказнети, животот ги проколнува. Но што од тоа добива добриот кој ја изгубил среќата?
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    6.648
    Пол:
    Женски
    Јазикот е поостар од мечот.
     
  11. Survive

    Survive Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    40
    Зборовите, зборовите болат повеќе и те како! Се излитува, се се простува, ама не се заборава! И там’н кога ќе помислиш дека поминало, дека се е однесено како од Луда Мара, туп еве пак ќе се појави и пак ќе те боли...
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Па поише ме болеле шамари ;(
     
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.552
    Допаѓања:
    151.159
    Зборот како што знае да боли и да ти одзвонува повторно и повторно во ушите.......
    Има една поговорка устата што знае г**на да изеде ,ни Вардар неможе да ги испере
    и навистина е така :!:
     
  14. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Делата болат многу...не сфаќањето на вината и болката која им ја нанесуваме на другите... Дали нечија среќа вреди повеќе од солзите на својата мајка, на своите деца... Едноставно, себичноста е одлика на многу луѓе, кои мислат дека со пари се можат да решат. Но не, некоја болка не ожигосува и останува за цел живот белег, спомени на една тага.
     
    На LittlePinky и iRony им се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    За нормални и искрени луѓе све боли во ова време на лицемерие,неморалност,дрскост никој не е отпорен на работиве што не опкружуваат,колку сакате мавајте се во гради као нема галје јас све издржувам со тоа само себе се лажете,а болката останува длабоко во душата.
     
    На vinozito1 и hermosa им се допаѓа ова.
  16. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Некои љуѓе како и јас порано се преправаат дека зборовите не ги болат ,сето тоа се собира тлее во нас и преминува во нервоза панични напади или други потешки состојби со кои ке се чудиме од каде дошле. Зборот ми беше мошжеш да се преправаш дека зборовите не болат но кога тие ке те заболат еден ден верувајте дека е потешко од физичка болка .Душевната болка е потешка од физичката.
     
    На Yeeah, eliesaab и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Зборовите болат ментално, а физички ќе те боли ударот.

    Никогаш не сум сакала да повредам некој на тој начин, ама некогаш треба да се каже тоа. Пример кога некој треба да се симне на земја, мора да болат зборовите. Како инаку ќе сфатиш сериозно..

    До сега ме имаат повредувано со зборови, несвесно. И знам како боли, знам колку може тоа да се сруши како личност, затоа треба многу да се внимава.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Budha

    Budha Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    21
    Зборовите болат повеќе, нормално. По психата те удираат со камшик, а тоа може да биде лошо. Не дека физички удар не боли, ама сепак.. зборовите се оние кои остануваат запаметени засекогаш. Лузните од удар заздравуваат, а физичката болката поминува.
    Се зависи од тоа кој-колку е стабилен. Јас каква сум психички нестабилна и чувствителна, малку ми фали. Затоа и ретко комуницирам со луѓе.
     
  19. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Зборовите неможат да не повредат освен ако не ги каже некоја личност што многу ни значи....мислам дека така е и за физичкиот удар,шамар,ако не удри некоја небитна личност тогаш сигурно ќе и вратиме(барем јас така би направила)но ако не удри некоја личност што многу ни значи,иако е само еден обичен шамар ќе не повреди.....како што кажав,барем така е кај мене...
     
  20. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Зависи од кого е упатеното!

    Ако небитна персона ми пукне шамар ќе ме боли повеќе од нејзин збор кој нема да го исперцепирам, ама ако некој сакан ме повреди со збор, ќе крварам повеќе отколку од рана..