Единствен страв ми се пајаци, инсекти, медузи. Од друго не се плашам. Научив дека сѐ е до психата и ги исфрлив остснатите, но овие никако да успеам да ги бутнам. Во некој нареден период можеби ќе го снема пајаците од оваа листа, но, сеуште се борам.
Страв од височина. Јас сум добар пливач, но многу често ми се има случено да ме фати креч и ми е страв од давење , Имам страв ко ќе одам по мраз, да не се лизнам па да скршам нешто
најголем страв ми е да ми зимаат крв од вена последен пат кога бев поминаа може некои добри 8 години, и едвај ми земаа крв, припаднав таму, воздух од вени ми вадеа крв немав во мене од страв ама буквално, не преувеличувм, и погодена беше вената почнува да ми се лоши секогаш кога мислам на тоа
Гулаби ... и покрај тоа што постојано ми го поставуваат прашањето : Е што може да ти направат? , јас се вадам од памет кога некој гулаб ќе прелета блиску до мене.
Леле,истоо! До сега не се случило да ми земат крв од вената,но ако се случи тоа..мислам дека ќе се онесвестам пред да одам таму.
Епа јас од тоа немам гајле од крв. А и од се друго со доктори освен.. Еј чекај не дополнив кога пишав на оваа тема ама си имам страв од заболекари, звукот на машината и слично
Најголем страв имам од осаменост. Не осаменост да останам сама дома или на други места и слично, туку страв ми е дека можам да останам без пријатели. Може некој ќе си помисли глупости, ама тоа е.
Како најголем страв ми се кучињата ( било да е мало, големо, а најмногу од домашно куче) после од инсекти, задушување, болест, да не ги дознае некој моите тајни и други работи на кои во моментов не можам да се сетам
Најголем страв кој постојано ме измачува е дека ќе останам сама, дека еден ден кога ќе ги изгубам моите родители и бидејќи немам никој близок, немам ни брат ни сестра а со останатите роднини не сум толку блиска нема да имам на кој да се поткрепам, ќе нема кај кој да побарам помош. Се плашам дека нема да пронајдам човек кој ќе ме сака и почитува, дека нема да ја пронајдам својата сродна душа и ќе умрам сама без никој покрај себе. Побрзо би се самоубила одколку да го доживеам тоа.
Јас фрик ли сум? Овие работи воопшто не ме плашат, но се плашам од гледање на мои слики. Го мразам тоа. Кога некој ми вели да донесам мои фотографии да гледс, полудувам. Се дерам, пискам. Поима неам зошто, но моите фотографии ме плашат. Некој ќе се изнасмее, ама ни на фејсбук имам мои фотографии, ниту во сопствената соба.