Мислам дека има ваква слична тема во Кафе муабети. Дали некогаш сте се разочарале, па би можеле таму да дискутираме за тоа. А и би требало насловот да го напишеш на кирилица и воопшто кога пишуваш треба на кирилица. Ама тазе ни си тука, ќе се навикнеш и ќе научиш. Еве јас да ти посакам едно топло добредојде и да ти биде пријатно на нашава Фемина. Поздрав.
"За да ме повредиш треба најпрво нешто да ми значиш, за да ми ги видиш солзите најпрво треба да сакам да ти ги подарам насмевките.. Дали навистина мислиш дека си моќна така лесно да го растргнеш моето небо?"
Ме фаќа тешка депресија и на сите им се лутам. Во тие моменти подобро да не зборам со некои непознати бидејќи ќе мислат дека сум најлошата личност на планетава.
Не се разочарувам лесно Но кога ке се разочарам најдобро е денот да го поминам сама - за доброто на другите Инаку ке се карам и расправам за се и сешто Тешко оној кој ке ми прозбори тој ден
Обично во такви моменти сакам да останам сама, не ми треба никакво друштво. Останувам сама со себе, да размислам за се, и да се исплачам ако треба. Во такви моменти не ми е потребен никој, затоа што ми е тешко да се доверам некому, тешко ми е да објаснувам што се случило и зошто сум разочарана.
Па најчесто си пуштам музика. И некогаш ненормално брзо ми го менува расположението. И наеднаш се развеселувам, ама по кратко време, пак сум нерасположена, па пак се расположувам, и се така во круг. Или некогаш едноставно, ќе си легнам да спијам. х)
Ставам крај, финито, бришам, викам, фрлам, драма квин...после се смирувам па си тажам, венеам, размислувам, преиспитувам...на крај вистински заборавам и продолжувам за едно искуство побогата и (си велам) попаметна...