Малите нешта кои ми го исполнуваат денот и срцето. Ме прави среќна помислата дека тој е со мене, дека ме сака... Ме прави среќна времето поминато со него...
Мене од секогаш ситници ме прават среќна. Пред се,среќна сум кога луѓето околу мене се среќни и добро расположени и здрави. Среќна сум кога знам дека сум сакана,дека има некој кој мисли на мене,некој на кој сум му важна. Среќна сум кога ќе положам испит,кога ќе си купам ново парче облека,кога. сум со добро друштво и кога пијам кафе со пријателките или со мама,кога мојата прва и единствена љубов ќе ми пише да ме праша дали сум добро. Среќна сум кога на моите најблиски им се случило нешто убаво и има уште безброј други работи кои ме прават среќна.
Вистинската медитација не само што те прави среќен, туку и те одржува здрав и смирен, значи зборам за сериозно медитирање, а не само обично седење а и едно читање на книгата ,,Како да се биде секогаш среќен,, од Парамханса Јогананда нуди фантастични совети за трајна среќа, а не обична или лажна среќа која доаѓа преку сетилата и трае многу кратко.
Среќна ме прави секојдневната медитација, читањето на книги, цртањето, пишувањето, спортувањето. Исто така, секој ден по неколку часа во зависност од слободното време поминувам во барање на внатрешниот мир, се прашувам која сум, зошто сум дојдена на овој свет, која е мојата цел, застанувам пред огледало и поминувам некое време задлабочувајќи се во сопствените очи. Поминување време во тишина, сама со себе, ете тоа е мојата вистинска среќа. Јас сум единствената личност која што може да ме направи среќна! Исто така, слушањето на добра релаксирачка музика и пеењето ме прават, ако не среќна, барем опуштена. Исто така, ме прави среќна слушањето на водата, без разлика дали се тоа бранови или само хармоничниот звук кој доаѓа од неа. Песната на птиците, очите на моето милениче. Искрената смеа на малите бебиња. Средена просторија во која можам да бидам продуктивна. Мали, но, значајни работи. Тоа е она што ме прави среќна.
Среќна сум кога сите околу мене се среќни,кога читам книга која ми се допаѓа,кога сум со друштвото и се забавуваме,кога спортувам,кога цела фамилија сме заедно и тоа
Лично мене можат да ме направат многу мали нешта среќна, јас не сум материјалист, иако можеби некому му имам оставено таков впечаток. Едноставно една искрена насмевка или прегратка можат да ми го разубават денот и да ме направат среќна.
хармонијата во семејтвото,љубовта помеѓу мене и дечко ми ,некој постигнат успех но тоа е минливо... ме прави среќна нешто и некој што би ме подржувал,што се секогаш кога ми требаат,некој кој ќе ме насмее до солзи,од кого ќе бидам пријатно изненадена.....
Ме прави среќна неговата подршка и љубов. Тоа што верува во мене. И тоа што секој друг би се откажал во овие околности.
Успех после долготрајна посветеност на истото, затоа што тоа најмногу ги радува моите родители едноставно ме радува кога ќе видам дека тие се среќни, ме прави среќна времето поминато со личности кои ме сакаат кои ги сакам , ме први среќна кога нештата се случуваат спонтано, кога личноста на која ќе помислам ќе ми се јави ,ме прават среќна летните вечерни прошетки покрај плажа, гледање во небо полно со ѕвезди и многу, многу други работи
здравјето и среќата на моето семејство родендените на мојот син,неговата насмевка ме прави задоволна и среќна е сега посакувам да забременам и да имам ќерка и тоа ќе ме направи многу среќна
Мене ме прават среќна малите нешта. Луѓето што ме сакаат и ги сакам ме прават среќна (другарките, Тој, па и семејството). Глупостите со другарките, цртањето, добра книга, исполнет ден, кога ќе се разбудам без косата да ми изгледа како во штек да сум бркнала благо, кога ќе се извежбам убаво, креативност, филмовите 8 Mile и What a girl wantes, песни...
Пред да западнам во депресиjа ме радуваа ситни работи,па еве ке го искористам постов за да се потсетам малце 1.Сончеви пролетни утра и она чувство дека денот ми е исполнет со позитивни луге. 2.Кога ги слушам маjка ми и татко ми како се смеат до солзи од другата соба 3. Планиранjе летен одмор 4.Журканjе во сабота во диско после напорна колоквиумска 5. Ако слушнам дека барем ме спомнал 6. Ако го видам 7. Поддршката од друштвото,чуството дека знам дека се тука за мене 8. Кога ке наврнам на пролетен дожд,ке доjдам дома на топло,ке се исушам и ке пуштам добро филмче. 9. Кога после напорен ден ке седнам да jа гледам новата епизода од некоjа добра сериjа што притоа била на пауза 2 месеци
Јас сум скромна личност и не ми е потребно многу за да бидам среќна. Среќата ја наоѓам во малите нешта и вниманието што некој ќе ми го пружи.
мали нешта,изненадувања,планирање за одмор,да го видам саканиот,заедно да јадеме,да се смееме,убав сончев ден,играње
Кога ќе купам нова плоча и едвај чекам да одам дома да ја пуштам, сакам пријатни изненадувања кога некој ќе ме изненади со нешто само ми покажува дека барем значам некому, а и јас да изненадувам едноставно да оставам насмевка на нечие лице со било каква ситница ама од срце е, хармонија во семејството, кога ќе видам дека сум ослабнала некое килце што ми дава мотивација, кога ќе излезе нова епизода од серијата што ја гледам хаха, кога нешто ќе направам за прв пат во животот и тн. (немитекнуедруго)