Гледам дека овде има многу докторки,филозофи,психијатри и психолози.
Па мислам дека ваков форум нема никаде..Да да.Абе луѓе вие овде поставувате дијагнози?OCD и не знам уште што,фобии,паранои,па на крај ќе речете и шизофренија..Мислам да ви се обрати некоја личност со цел на решавање на сопствениот проблем,кој можеби и не за занемарување,вие место да дадете некој совет,некој стимул,некоја позитивност каде okean можеби ќе се разведри малку,вие самите себеси се претставувате како психијатри.Потполно се согласувам со Minka,со препораката која ја даде за Д-р Дијана Белевска,ја познавам и јас ми има и мене предавано и мислам дека може да помогне во решавање на проблемот.Сега да се вратам на проблемот кој го има okean.По смртен случај на нејзина блиска личност-дедо и,со кој можеби била мноогу поврзана,па по неговата загуба таа потполно се уништила самата себе.Да,била во ранливи години,кога добила и свое дете,па мислам дека сето тоа се поврзало и кај неа предизвикал еден таков пресврт,со вакви последици.Периодот е долг,стварно 7 години не се баш за потценување,но јас ќе ти речам okean дека и на работа,па и во продавница,па и на улица секаде ќе сретнеш негативни лица,но тие негативни лица не секогаш ти посакуваат лошо.Не мора да значи дека сите од твоето опкружување ти мислат лошо.Напротив ти си омажена ,имаш дете,имаш сопруг.Мислам дека овој проблем не е нерешлив,напротив само мислам дека не треба толку да му даваш значење,затоа што со самото значење што му го придаваш тој станува се поголем и понерешлив.Обиди се вака три дена да не мислиш на твојот проблем.Зафатисе и преокупирај се со обврските на твоето дете кое ги има во училиште.Обиди се да не переш три дена,да не пребришуваш работи и предмети.А четвртиот ден мислам дека ќе го нема твојот проблем.Good luck!!!
