ТЕМА: Убаво ми е што сум дебела...

Мислење 19 Јан 2012, 03:06

Јас сум дебела и не сум среќна поради тоа !
Се мразам а и можам да кажам дека веќе имам набиено комплекс поради ова :@
Мислам дека секој коментар кој го слушам за тежина и килограми се однесува на мене, што е ептен фрустрирачки.
Сите велат „ееј има време, ќе ослабнеш“, ама не е така. Очајна сум да ослабнам, буквално се изгладнувам (што веќе почна да се манифестира-негативно).
Мразам шопинг (затоа што кога ќе влезам во некој бутик се плашам од одговорот „немаме ништо за тебе“), мразам да излегувам (зошто мислам дека сите ќе ме озборуваат и ќе коментираат работи од типот „види ја свињава“ или „се погледнала ли во огледало пред да излезе?“) .
И не ги мразам слабите, само го мразам фактот што и јас не сум како нив ;(
Аватар на корисникот
Victorian

Сино цветче
 
82151
Мислења: 169
Зачленет: 04 Јан 2012, 01:30
Слика

Мислење 03 Фев 2012, 20:13

Е слаба сум... ;(
Никако не можам да се здебелеам...ама и несакам! :!:
(не дека сум многу слаба ама така на изглед не изгледа добро тоа)
Аватар на корисникот
awee

Сино цветче
 
6739
Мислења: 214
Зачленет: 06 Ное 2011, 13:39
Слика

Мислење 24 Апр 2012, 16:15

^ А што има тоа врска со темата? :^) |(
Аватар на корисникот
Plavusa.17

Жолто цветче
 
31151547
Мислења: 2964
Зачленет: 20 Мар 2011, 11:57
Слика Слика Слика Слика Слика

Мислење 24 Апр 2012, 17:28

Значи вака мојата сторија..... Од кога памтам засебе бев буцкасто девојче. Мајка ми ме носела по сите болници зошто сум единствена во фамилијата со овој проблем. Во 7мо одд бев кај Тања Турунџиева со чија помош ослабев од 84 на 74. Потоа се откажав и вратив ненормална тежина односно се качив на 98 кг во 2ра година Ноември 2010та. Ми беше тешко сите другарки слаби само јас буцка.Сакав да ослабнам сакав да живеам нормално сакав да сум како сите останати НОРМАЛНИ ДЕВОЈКИ. Неможев да издржам зошто имам сестри и од нив алишта да носам се што носев беше огромни бројки специјално купени замене. Најтешкиот дел во мојот живот беше кога почнав да држам диета. Тоа беше Ноември со 98кг почнав и почнав да слабеам буквално СЕ СТОПИВ. Сега по здравиот начин на исхрана по речиси 1ипол година ослабев на 76кг и да сега сум на половина пат решена сум да ослабнам зошто да, ДЕБЕЛИНАТА Е БОЛЕСТ на психата. Тешко им е на девојките што се дебели да решат да слабеат. Но кога ќе решат тоа е решено пример сум Јас. Планирам до 2013та односно за мојата матурска да бидам нормална девојка со нормална тежина.
Аватар на корисникот
Iki.Olsen

Сино цветче
 
996
Мислења: 432
Зачленет: 23 Фев 2010, 14:39
Се се случува со ПРИЧИНА!!

Мислење 09 Мај 2012, 18:11

Iki.Olsen напиша:Значи вака мојата сторија..... Од кога памтам засебе бев буцкасто девојче. Мајка ми ме носела по сите болници зошто сум единствена во фамилијата со овој проблем. Во 7мо одд бев кај Тања Турунџиева со чија помош ослабев од 84 на 74. Потоа се откажав и вратив ненормална тежина односно се качив на 98 кг во 2ра година Ноември 2010та. Ми беше тешко сите другарки слаби само јас буцка.Сакав да ослабнам сакав да живеам нормално сакав да сум како сите останати НОРМАЛНИ ДЕВОЈКИ. Неможев да издржам зошто имам сестри и од нив алишта да носам се што носев беше огромни бројки специјално купени замене. Најтешкиот дел во мојот живот беше кога почнав да држам диета. Тоа беше Ноември со 98кг почнав и почнав да слабеам буквално СЕ СТОПИВ. Сега по здравиот начин на исхрана по речиси 1ипол година ослабев на 76кг и да сега сум на половина пат решена сум да ослабнам зошто да, ДЕБЕЛИНАТА Е БОЛЕСТ на психата. Тешко им е на девојките што се дебели да решат да слабеат. Но кога ќе решат тоа е решено пример сум Јас. Планирам до 2013та односно за мојата матурска да бидам нормална девојка со нормална тежина.

Добро е што си решила сама да ослабиш, но :!: на здрав начин,никако да се изгладнуваш себе си и да си го доведеш во ризик своето здравје.Повеќе јади овошје,зеченчук,протеини и повеќе физичка активност.Секако,јас не сум стручњак за да те советувам што да правиш и како,си има компетентни лица за тоа,но те советувам како што правам јас.Имај самодоверба в осамата себеси и че ја доведеш во ред твојата килажа. Не дозволувај мислењето на другите да те повреди,да те одврати од мислата да ја доведиш во ред твојата килажа и не губи самодоверба,ти можеш да го постигнеш посакуваниот резултат. Да не бидам офф топик и јас имам проблеми со килажата ми варира,не сум имала толку голема колку што е твојата и на некои други девојки, но со истиот третман секогаш ја доведувам во нормала.Значи не губи самодоверба и се ќе биде ок ;) ќе се гордееш со самата себеси и твоето тело по некое време. Се најдобро.
Аватар на корисникот
ilipili

Сино цветче
 
8328
Мислења: 215
Зачленет: 19 Апр 2012, 17:22

Мислење 09 Мај 2012, 23:56

Охо, да си кажам и ја мое скромно мислење во оваа тема.

Не сум среќна со мојата тежина (значи конкретно зборам за мојата тежина а не за животот), не , не ... не сум! Сакам да ослабнам некое Кг, ради себе. Бидејки дебелината е - болест. Не е убаво за нас самите, а за околината што ке збори не ми е гајле, ама ич!

Многу велат со ова што ке го пишам подоле - се правдаш само , ама не, ова не е оправдување од девојка со некој кг вишок!
Имено јас лично не јадам прекумерено , но истото е одраз на тоа што храната ја внесувам во погрешно време а и тука се небалансираните оброци, бидејки за истите за потребни пари! а кога нема се- тогаш ке јадеш што ти дојде при рака, што се вели. Иако сум доста физички активна.. ет.

Имам проблем со тежината и не се срамам, не! не се затварам во себе, нит сум глупа нит луда. Не се преценувам само сум реална. Овие два дена гледам да внесувам колку - толку балансирани оброци и ке продолжам и понатаму. Сакам да ослабнам и ке успеам, тоа е долг процес и потребно е доста воља, упорност, ама на крај - упорноста се секогаш исплатува. Не доваѓа ми на памет да земам некои таблети за слабеење, ај што сум финансиски слаба, тоа на страна, ами тоа што се штетни. 2 Кг нека симнам месечно ама нека биди здраво.
Точно дека и вишокот на кг не е здраво, ама пак за таблети за слабеење на долази у обзир. Имав во план да почнам да „работам„ на случајот тек за 3-4 месеци (од финансиски причини) но не секогаш излага онака као што сме планирале и/или замислиле, па затоа, денес од здраствени причини морам да оделувам од гуша-душа за балансирани оброци и да намалувам лека - полека.

Јбг, примитивни сваќања. шта чеш.
Аватар на корисникот
AnimeHQ

Бело цветче
 
124108
Мислења: 61
Зачленет: 24 Мар 2012, 08:19
Локација: where the sun never shines
always look on the bright side of the life!
Слика

Мислење 13 Мај 2012, 19:55

ilipili Па мораше да има кажам на останатите девојки (што ги делиме истиот проблем дека има успешни приказни). Сакам да ги мотивирам луѓето околу мене да почнат да живеат за себе и да го направат својот сон-вистина. Се разбира дека нема да се откажам.
Скриен текст: покажи
Ти благодарам многу се разбирањето и подршката :*
Аватар на корисникот
Iki.Olsen

Сино цветче
 
996
Мислења: 432
Зачленет: 23 Фев 2010, 14:39
Се се случува со ПРИЧИНА!!

Врати се на Психологија

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 2 гости

Site Meter