Мене зборчиња кои сакам да ги слушам ми се сите оние нели мили зборчиња :
срце, љубов , и сл , но само кажани од некој драг ..
И да не му биде тоа онака навика да го кажува како обичен збор на секого ,
само за мене да бидат наменети секогаш

.
Сакам кога некој додека ми зборува ми се обраќа со име,
некако целиот муабет ми добива повеќе значење
Кога некој ќе ми рече дека сум во право

исто се осеќам убаво ,
кога некој ќе ми каже дека ме разбира и дека и тој е ист во нешто ко мене

.
Не сакам да го слушам зборот -прости ми ,
бидејки се осеќам принудено да речам дека сум простила.
Ако некој веќе ми згрешил доволно е да ми се извини,
па јас или ќе простам или не...
Како ќе ми каже срцето,
тоа што рекол да му простам не ми влијае никако,
така да ми е некако без значење.
Приметив дека иако не сакав кога стално некој на сите им вика срце
( зборам за пријателски однос) сепак некако тој збор кажан од било кој како да ме омекнува
