Во дарамите и книгите а и во оперите го нарекуваат монолог, но во вистинскиот живот лудило. Кога понекогаш се занесувате и почнувате на глас да го кажувате она што го мислите. Или се шетате по пат и како си размислувате ова или она, онака на глас. Тоа е вистински проблем. Често знае да ми се случи, се трудам да го контролирам, но знам и да заборавам. ПОМОШ! Знаете како тоа да го решам?? Спојлер (ПС Ако темата е дупла слободно клуч, а ако не е на соодветно место преместете, јас не анјдов ваква и мислам дека овде припаѓа, сепак вие знаете повеќе позз и плис помош)
Ехеее мајка ми веќе одамна си зборува сама со себе (по дома сега за сега) , а баба ми води и дијалози мислам дека на некој начин им олеснува. Инаку јас се фатив смата себеси неколку пати и си викам Донооо, свести се. Вајда не е наследно Обично кога сум доолго време сама, кога неам со кого да направам муабет. Пробај да го напишеш на хартија тоа што сакаш да го кажеш, би требало да помогне.
Хахаха, ехее. . тоа не е ништо страшно.Јас кога сум возбудена или пак тажна си зборувам сама со себе , и после кога ќе се освестам почнувам да се смеам Секако,се додека е во граници на нормала.
Кога бев мала, знаев играјќи си низ дома или низ двор да се занесам и да си лафам сама со себе. Ама не ми се десило по улици да си зборам. Како поголема не си зборувам ни дома, се истурам на хартија. Но, знам кога ќе направам некоја глупост или ќе се изнервирам да пропцувам гласно.
Си зборувам сама со себе секојдневно ама не ми се десило до сега тоа да го правам на глас...Ми се чини уште тоа ако го направам и ќе си се пишам јас самата за да ме соберат со комбенце
Јас ова воопшто не го мислам за лудило,јас зборувам сама со себе особено кога сум нервозна и воопшто не е иста кластрофобијата со ова
Ми се има случено, да. Најчесто кога сум подолго време сама, знам и кога сум нервозна да си се затворам у соба и да си почнам да зборам за се што ме нервира.
Не зборувам сам со себе него само си ги средувам мислите,премногу идеи,мисли ми доаѓаат од време на време IM TALKING WITH ME
Кога сум тажна, нервозна, лута, кога размислувам за нешто сериозно, ситуации кога сама сезаклучувам во соба Инаку честопати си ги средувам мислите, ставовите,чуствата...
Јас зборувам сама со "себе" во умот, а понекогаш кога сум сама подолго време и на глас. Поточно замислувам друг лик и зборувам со неа. Незнам дали е нормално или не, мене ми е како да прашувам или одговарам на прашања од мојата друга половина.
и мене ми се случува исто најчесто кога сум лута на некого а неможам да му вратам и се замислувам како се карам и истурам се од мене па дури и зборовите кои ке им ги велам
Kога работам нешто приоритетно се внесувам во работата и ми се случува да си зборам (во моментот процедурата на она што го работам ) .Но многупати ми се случило паметот на едно место јас на друго и моето дрдорење да ме спаси од катастрофална НЕПОПРАВЛИВА грешка Сеуше не се сметам за луд но малце за чуден :geek: со моето зборвање сам со себе
Да зборам-не, ама да претам со раце, да се кикотам и да се мрштам-да. Обично откако сум се искарала, ќе се пикнам во соба и ќе почнам да размислувам, што се` сум требала да кажам. Правам фаци и претам со рацете, си замислувам како да е некој до мене. Или кога сум нервозна, го шетам цел стан и претам со рацете. А во последно време, многу се занесувам кога си приготвувам нешто во кујна. Цела се унесувам дека водам кулинарско шоу. Е тогаш веќе е можно да зборам со себе. И да објаснувам со рацете. На пример ќе ги земам макароните и го покажувам упатството на плочките во кујна, за (гледачите) да се уверат како треба да се зготви. А кога сум возбудена за нешто, се смеам/се кикотам. Или ќе се сетам што глупост сум направила, па во себе си ја прераскажувам на imaginary френдот. И кога ќе влезам во соба, цела окезена, сестра ми ќе ми рече: - Што беља сега направи? И ти ај иди објасни.