ТЕМА: Дали да продолжам или да го оставам?

Мислење 16 Апр 2011, 23:56

Епа вака .. имам 18 години, а со дечко ми сме во врска 1година и 7 месеци кој има 19години. Значи врската ни беше многу супер од секоја гледна точка, но во последно време поточно последниов месец како да се смени нешто...секогаш беше нервозен, само мене ми се истураше, за се го разбирав дури и некогаш иако ќе ми изнаречеше многу работи секогаш попуштав посебно последниов месец што и да ми направеше само јас бев таа што попушташе... и се случи значи два пати додека бевме излезени да ме остави .. ќе се налутевме нешто и ќе си заминеше.. значи во 2 часот се случи да ме остави сама и да си замине, и јас глупава пак тропнав кај него на врата ... помина сето тоа .. ама почна пак со инаетот и уште една ме остави во 2 часот сама да си идам од чаршија и од тогаш се одлучив повеќе да не го барам да видам дали ќе попушти дали ќе ме побара.. И еве цела недела ни ме бара ни го барам ... немаме никаков контакт значи ме изолира скрос си излегува со пријатели се како да му е во ред а јас седам дома и мислам што ке биде и на што сум .. незнам што да правам ве молам совет :(
Последна редакција: k.i.m на 16 Апр 2011, 23:59; редактирано еднаш.
Причина: Користете боја само кога сакате да потенцирате нешто.
Аватар на корисникот
barbie11

Фем почетничка
 
03
Мислења: 3
Зачленет: 16 Апр 2011, 23:44

Мислење 16 Апр 2011, 23:59

Излегувај и ти. Воопшто не е убаво што така те остава. девојка ти сама во 2 навечер. Ало каков човек си ти ??? ...
оттргни се. Ќе го здоболи и ако те сака ќе се врати. Не си должна да се мачиш психички.
Аватар на корисникот
teddybear

Жолто цветче
 
62227075
Мислења: 2366
Зачленет: 28 Дек 2009, 14:51
Локација: Somewhere over the rainbow, where troubles melt like lemon drops ...
Love isn't supposed to be easy, it is supposed to be worth it... Слика

Мислење 17 Апр 2011, 00:03

Ццц ненормален сама да те остави во 2 саат. :fubar:
Остај го нека праи што сака,па може еден ден ќе свати.
Аватар на корисникот
Alanna

Зелено цветче
 
306437
Мислења: 987
Зачленет: 20 Ное 2010, 14:40
Локација: Скопје
Слика

Мислење 17 Апр 2011, 00:39

Недозреан... само тоа може да се каже за да се опише тип кој остава девојка во 2 сатот...
Во врска со нервозата сте разговарале?Да не има некој проблем за кој не сака да ти каже?
Незнам чудно е преку ноќ да се смени...
Во врска со тоа што не те бара,остави го!Продолжи си со својот живот,не се врти светот околу него!
Има многу риби во морето...
батали совети... џабе е се додека сама не си речеш дека е готово....мораш да поработиш на тоа да го заборавиш... не очекувај дека ќе е преку ноќ ама пак ке биде и тоа како...
сум била во ваков проблем... 2 год врска и на крај ме остави така како и тебе..без причина без да каже збор... ама стегнав заби и издржав!
Аватар на корисникот
Primavera

Сино цветче
 
124165
Мислења: 145
Зачленет: 20 Фев 2011, 00:33
Што хемија ќе беше тоа
во твојот физикус,
та толку многу
биолошки
ме обеспокојува?

Мислење 17 Апр 2011, 00:47

Во врска со нервозата всушност се работеше за тоа што немаше време за самиот себеси .. од сабалје теретана па на училиште втора смена па потоа одеше по една ветеринарна бидејќи учи ветеринарно и така.. али сепак изгледа времето што го поминуваше со мене и тоа му беше терет :S
Тоа што не е лесно не е воопшто лесно бидејќи ова не личи на нас .. без збор да раскинеме а врската на фб уште не ни е прекината се прашувам дали ќе ја прекине .. сепак тоа е тоа ..морам и јас еднаш како што викаш да стегнам заби и да издржам иако ќе треба мноогу време :S :(
Аватар на корисникот
barbie11

Фем почетничка
 
03
Мислења: 3
Зачленет: 16 Апр 2011, 23:44

Мислење 17 Апр 2011, 00:54

Барби можеби му треба малку слобода. :?: Остави како што е. Не го барај, па можеби и самиот ќе се кае и ќе моли да ти се врати.
Да сум на твое место јас на фб би се направила слободна и онака тоа не ми значи.
1 и 7 месеци не се мал период. Чудни се ова машкиве. Знам дека ти е премногу тешко. Не сакаш да раскиниш со него, го сакаш, но сите знаци покажуваат дека нешто не е во ред.
Можеби еден добар разговор да помогне? :?: Ако има некој проблем натерај го да ти каже. Глупаво е таква врска да заврши на ваков начин.
Аватар на корисникот
srculka

Зелено цветче
 
14366
Мислења: 570
Зачленет: 08 Јул 2010, 17:42
Јас сум само млада тинејџерка во која се кријат многу вистини и лаги, конфликти кои ги води моето срце со разумот,тагата која и тежи на болката која е неподнослива и вештата глума која ми е потребна за да можам да го надминам овој нов,тежок ден

Мислење 17 Апр 2011, 00:54

barbie11 напиша:Во врска со нервозата всушност се работеше за тоа што немаше време за самиот себеси .. од сабалје теретана па на училиште втора смена па потоа одеше по една ветеринарна бидејќи учи ветеринарно и така.. али сепак изгледа времето што го поминуваше со мене и тоа му беше терет :S
Тоа што не е лесно не е воопшто лесно бидејќи ова не личи на нас .. без збор да раскинеме а врската на фб уште не ни е прекината се прашувам дали ќе ја прекине .. сепак тоа е тоа ..морам и јас еднаш како што викаш да стегнам заби и да издржам иако ќе треба мноогу време :S :(

Зошто се одлучил на такви чекори како ветеринарно или вашата врска.... кога човек не знае што сака со себе си прави така!
И јас учам и имам врска и имам обврски со невладини организации па имам и време за самата себе,а тој нема? те молам тоа се приказни за мали деца.. да не си бараше тој причина за да те откачи?
ајде врати го филмот наназад... да не има нешто што не го знаеш,некоја друга девојка,некој муабет слушнат за тебе или било каква причина....
а врската на фб и не е толку битна,фб како фб си ги зема жртвите(младината пати од тоа) не за џабе немам фб...
тргни се од врска,што ке ти е! да те лаже на твои осумнаесет години :x
Аватар на корисникот
Primavera

Сино цветче
 
124165
Мислења: 145
Зачленет: 20 Фев 2011, 00:33
Што хемија ќе беше тоа
во твојот физикус,
та толку многу
биолошки
ме обеспокојува?

Мислење 17 Апр 2011, 01:00

Ни самата незнам што да мислам, а за друга мислам дека нема друга бидејќи порано го фатив како си пишува со бившата, но некако го решивме тоа и од тогас и самата душа не ми е мирна и од време на време проверував и фб и моб и се .. и нема ништо..
Како и да гледаш сепак испаѓа дека изгледа му се здосади :S
А на толку сакање вака да раскиниме :S ама тоа е тоа несакам да го побарам бидејќи последниов месец се прегазив пред него изгубив и свое јас и гордост и се.. кога јас вложувам се зошто и тој да не вложи нешто .. зарем толку гордоста му е поважна од мене .. тоа е тоа :(
Примавера .. фала ти премногу на советиве .. многу ми требаше со некого да подискутирам за ова .. :*
Аватар на корисникот
barbie11

Фем почетничка
 
03
Мислења: 3
Зачленет: 16 Апр 2011, 23:44

Мислење 17 Апр 2011, 01:04

barbie11 напиша:Ни самата незнам што да мислам, а за друга мислам дека нема друга бидејќи порано го фатив како си пишува со бившата, но некако го решивме тоа и од тогас и самата душа не ми е мирна и од време на време проверував и фб и моб и се .. и нема ништо..
Како и да гледаш сепак испаѓа дека изгледа му се здосади :S
А на толку сакање вака да раскиниме :S ама тоа е тоа несакам да го побарам бидејќи последниов месец се прегазив пред него изгубив и свое јас и гордост и се.. кога јас вложувам се зошто и тој да не вложи нешто .. зарем толку гордоста му е поважна од мене .. тоа е тоа :(
Примавера .. фала ти премногу на советиве .. многу ми требаше со некого да подискутирам за ова .. :*

Кога и да сакаш побарај ме... јас сум тука за совети,зошто знаам како боли... но џабе е јас да те убедувам дека ке помине се,доколку сама не си речеш дека ке помине ;)
Аватар на корисникот
Primavera

Сино цветче
 
124165
Мислења: 145
Зачленет: 20 Фев 2011, 00:33
Што хемија ќе беше тоа
во твојот физикус,
та толку многу
биолошки
ме обеспокојува?

Мислење 17 Апр 2011, 11:27

барби
од твоите постови, сватив дека дечкото со кој си се гледала не е доволно зрел за да свати што пропушта, остави нека помине период и можеби тој тебе ке те побара(ако навистина те сакал)
немој да се затвораш дома, излегувај, дружи се, живеј си го животот
ке видиш дека за кратко време се ке се реши :*
со срека :)
Аватар на корисникот
srcekrsacka

Жолто цветче
 
4542804
Мислења: 1613
Зачленет: 26 Ное 2010, 18:13

Врати се на Разделби

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 1 гостин

Site Meter