Прва работа: За да раскинете прво треба што е можно по прецизно да го утврдите типот на врската, дали е муваторска, краткотрајна, долготрајна, затскриена или јавна врска и/или изневерувате или изневерува со вас друг!
Ако е муваторска е секогаш најлесно. Значи се оддалечувате и ги прекинувате средствата на кумуникација со личноста, дали тоа било телефон(не му кревај), фејсбук(не му враќај)-исто важи и за други социјални мрежи или ако често се гледате речете само дека згрешивте или почнете да не влегувате во дискусии со таа личност и правете само едно ЗДРАВО, шо би се рекло.
Ако е краткорочна што подразбира до месец и пол до два МАКСИМУМ, најдобро би било да и соопштите на личноста дека се било авантура и дека сте се втурнале во врската од радозналост и дека сте и благодарни за тоа што го сторила за вас во изминатиот период. БИТНА РАБОТА ако сакате да останете во контакт со личноста нека биде само едно рака кревање или најдругарски поздрав никако не полемизирајте и не дебатирајте можете да дадете погрешен знак дека сакате да ја возобновите врската, ова е од лично искуство
Ако е долготрајна врска сите мислат дека е најтешко, но ако сте стварно одлучни да прекинете тогаш е најлесно и најбезболно, повторувам ако сте ОДЛУЧНИ ако не сте тогаш во вториот дел темава(наскоро) целосно ќе го обработиме.
Значи Одлучни: Единствен начин е да ги користите аргументите што ве сипровоцирале на ваков потег и стрикно држете се до нив- АМА СТРИКНО!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
не забегувајте од нив и користете ги само нив како аргумент и ништо друго- АМА НИШТО!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
затоа што машкиот ум е способен за манипулација на ситуација многу повеќе од женскиот- сум го студирал ова ДОКАЖАНО, и просто ќе ве збуни и навлече во друг правец (истово е можно и кај манипулатори во краткотрајни врски но поретко), после тоа најполезно е да се прекинат секакви контакти со особата барем извесен период до два месеци па потоа е можно пријателство но никако не другарство!
За крај значајно е дали е врската од јавен или таканаречен таен карактер(знаат уште 3-4 луѓе), во глобала муваторските се тајни а останатите се од јавен тип врски, и важат истите правила само што во врска од јавен карактер не можете да се потпрете на посредници затоа што имаат различни мислења можат да ја поколебаат вашата одлучност па дури и штета да ви нанесат, а додека во затворен круг можете да побарате помош од лице кое после вас е најдобро информирано за ситуацијата.
Во вториот дел повеќе за триаголниците и како да излезете од нив и поколебливите во долготрајните врски, вашите коментари и искуства се повеќе од добредојдени и би користеле на сите.
Ви благодарам за коментарот, повеќе за другово утре!
П.С. Се извинувам за дактило-дидактички ненамерни грешки-ојдов да учам психологија







