Здраво девојки, јас сум нова на форумот, па пред да започнам со мојот проблем, да ве поздравам!
Се наоѓам во тешка ситуација... Со дечко ми одиме 8 месеци, првите месеци беше се најдобро, иако сме од ист град тој работи во друг град а студира во мојот. Врската ни течеше се најдобро додека нешто бидна, а и самата не знам што се случи а тоа беше овие денови. Ми кажа дека ќе си оди дома,ме испрати мене (иако бевме само 1 саат заедно) а потоа дознав дека е излезен со другарите а и на мобилен не ми дигаше и на пораката не ми врати, а и не беше прв пат но поради тоа што го сакав ги проголтав тие негови грешки мислев дека ја поставив таа црвена линија до каде може да оди, но овој пат се случи нешто што стварно не го очекував, бевме на пауза една недела и договорот беше да се видиме точно за една недела и да разговараме за сите проблеми што ни ја кочат врската. Но тој не ми се јави тој ден кога требаше да излеземе, не дојде да се поздрави со мене а бевме во исто кафуле, и утредента се стави „сингл“ на фб, и тоа без никаков разговор во очи. Не знам каде згрешив, секогаш се обидував да биде се најдобро, го сакам и стврно не знам како да постапам, овие денови треба да разговараме, за да ми каже дали сака да останеме во врска, замислете сите од тој фб што дури планирам и да го избришам го видоа тоа, а ние не ни разговаравме за тоа... Стварно ми е тешко, сите ми велат дека сум луда што му допуштам толку многу во однесувањето но навистина ми треба и поддршка од вас, за сите оние девојки кои го искусиле ова... Поздрав!





