Лани се здружив со девојче кое го знаев само 2 месеци.Таа некако како да ми се наметна,почна да ми угодува,да ми кажува колку и одговара мојот карактер,колку сум добра и фер...Во хороскоп сме исти знаци,започнав подобро да ја запознавам,ми одговараше навистина,беше со мене кога ми беше најтешко..цел распуст го поминавме заедно..Меѓутоа со почетокот на учебната година,се оддалечивме,таа многу се измени,запозна нови пријатели,ново друштво,а дотогаш ме имаше само мене..Многу и верував.знаеше се за мене,дури и моите дома забележаа дека таа навистина ми е вистинска другарка...Сега едвај се гледаме,речиси ич. Постојано е со тоа нејзино ново друштво..Ја замолив да разговараме,разговаравме и ми рече дека како што ми се доверувала на мене,нема да може на никој друг,меѓутоа,сега не ми се ни јавува,ако на мене не ми текне да ја поканам да излеземе,неа ич,а и почна да ме одбива бидејќи претходно имала договорено.Се мачам многу,не знам што да мислам.Дали ме искористувала бидејќи тој период се скара со нејзината најдобра другарка,па немаше со кого и се сврте кон мене,а сега има ново друштво и буквално не и е гајле за мене или па јас си правам некои филмови во главата.Дури не можам да поверувам како е можно да го мислам ова за неа,кога таа беше толку добра за мене,можам да кажам и совршена другарка...Цело време мислам во себе,"Moжеш ти без неа,која е таа па да плачеш..." но на некои другарки не можам да им кажам нешто,бидејќи нема да ме разберат како неа,цело време во нивниот карактер се обидувам да пронајдам нешто слично како кај неа...Ми фали многу,но на неа не и е гајле,или па така изгледа...Што да правам,помогнете ми...