Од мое искуство, имам заклучено дека вистинско пријателство може да постои, но е многу ретко.
Имав прекрасно пријателство кое траеше од детството, но подоцна со самото растење и созревање се изменивме и повеќе не можевме да се сложуваме. За разлика од периодот кога бевме деца и сите бевме исти, откако пораснавме, јас и другарка ми повеќе не можевме да се сложуваме околу одредени работи и поради тоа почнавме често да се караме. И тука пукна пријателството. Едноставно не бевме на иста фрекфенција. Потоа стекнав, обновив и продолжив многу пријателства. Некои од нив прекинаа, но некои до ден денес постојат. Една од моите другарки ми е посебно драга и она што меѓу нас постои е цврсто и искрено пријателство. Без никаква задна намера и корист.
Вистинско пријателство може да постои. И само затоа што е тешко да се најде, не значи дека треба да престанеме да веруваме во него
