starfish напиша:Јас ги имам правено два пати по рецептот на Macushka88 и морам да ви кажам дека клучна улога во вкусот има брашното.
Првиот пат ги правев со брашното на Жито Лукс, излегоа, ама не беа толку убави.
Денес ги правев со Воденичар брашно и прекрасно испаднаа, прсти да излижеш.
Инаку сум ги правела и по еден друг рецепт, ама тие некако помрсни беа, а овој рецепт е одличен!!!!
Ги пoлеав со домашен сируп од јагоди и вишни. Се удавив, буквално.
Сега не можам да мрднам.![]()

cecilia напиша:Скриен текст: покажи
Дебелината ке зависи од тоа колку ти е густа смесата. Ако ги сакаш подебелки треба да ти биде погусто тестото значи додај малку брашно. Палачинката се пржи повеќе од првата страна значи одкако ќе ја сипеш на тавчето ќе видиш на горната површина ќе ти се прават меурчиња, тогаш ќе ја свртиш а од втората страна само малку време ќе ти треба за да ја добие посакуваната боја. Со првата ќе пробаш и после ќе им го фатиш редот.
Инаку јас ги обожавам и редовно ги правам викендите за појадок. Смесата ја спремам одвечер и сабајлето само ги пржам и опппп совршена домаќинка.

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 3 гости