еве и јас едно смотано прашање ...значиии треба да се подебели така ??? страв ми е дали ке се доволно испржени
Спојлер Дебелината ке зависи од тоа колку ти е густа смесата. Ако ги сакаш подебелки треба да ти биде погусто тестото значи додај малку брашно. Палачинката се пржи повеќе од првата страна значи одкако ќе ја сипеш на тавчето ќе видиш на горната површина ќе ти се прават меурчиња, тогаш ќе ја свртиш а од втората страна само малку време ќе ти треба за да ја добие посакуваната боја. Со првата ќе пробаш и после ќе им го фатиш редот. Инаку јас ги обожавам и редовно ги правам викендите за појадок. Смесата ја спремам одвечер и сабајлето само ги пржам и опппп совршена домаќинка.
по кој рецепт ги правиш, по некој од овие погоре ли???[/quote] http://allrecipes.com/Recipe/Good-Old-Fashioned-Pancakes/Detail.aspx http://allrecipes.com/Recipe/Banana-Pancakes-I/Detail.aspx Овие два рецепти ми се омилени, после некое време се навикнуваш па си ги правиш од око. Еднаш ако направиш особено ако имаш деца сите ќе те обожаваат
Пред некј месец најдов рецепт за амерички палачинки или на некој наш блог или на странска страна, не се сеќавам. Во секој случај еве го: 360гр. брашно 1/2 лажичка сол 1 прашок за пециво 2 лажици шеќер 480 мл млеко (јас ставам околу 350 млеко и останатото вода) 2 јајца 1 ванилин шеќер (кој сака) 60гр стопен путер ( сум пробала и со маргарин и со зејтин ама со путер се дефинитивно најубави) Значи, прво се мешаат сувите состојки се додава млеко и јајцата и на крај путерот. Не се меша со мискер туку со жица за матење. Имам читано дека тестот треба да биде погусто, дури и мали грутки ако има не е проблем. Јас ги пржам во оние тавчињата од Тинекс на сосем малку зејтин. Се ставаат со лажица за јадење супа, значи треба помали да бидат од тие нашите (во едно тавче собира две). Се вртат штом ќе почне да се јавуваат балончиња од горната страна. Овие палачинки ми се дефинитивно фаворит. Се пржат многу, многу брзо и лесно а излегува голема количина. За јадење мене ми се најубави топли со малку путер и мед, па и цимет одозгора. А може и за им се стави кашкавал и така да се запечат во рерна.
Налетав на еден рецепт пред недела дена па денес прв пат пробав да ги направам. Испаднаа совршени од прва. Me proud! 3 јајца 250 грама брашно 150мл јогурт или кисело млеко 250мл пресно млеко 2 лажички шеќер 1 лажичка сол 2 лажички прашок за пециво/едно пециво 4 лажички растопен путер Се мешаат сите состојки, не гледав да се по некој распоред, нормално прво течните потоа брашното со прашокот за пециво. Смесата се остава 10тина минути да одмори и потоа се пржат на загреано тавче. Ги пржев на тефлонско па не додавав масло. На страна ситно исечкав јаболко и го поросив со цимет измешан со малку кафеав шеќер и попрскав сок од лимон(да не потемни јаболката). Додека се пече палачинката од првата страна од другата ставив од јаболкото ама веднаш пред да почнат да се прават меурчиња зошто тогаш е време да се преврти- плус нема да се залепи овошјето на палачинката. На некои ставав ореви исечкани на тенки листови, ореви и јаболко, вишни. Апсолутно со се што ви текне може да експериментирате. После пржење ги редевме по неколку различни и прелевавме со мед. Ом ном ном!
Женцки, ќе го правам овој рецепт http://allrecipes.com/recipe/good-old-f ... -pancakes/ за амерички палачинки, па сакав да прашам дали некој знае каде можам да најдам јаворов сируп, ако знае некој? Тенкс ин адванс
Фала ти за инфото, ќе тркнам до СП да видам дали го имаат. И бујрум на палачинки (ако ми излезат, де )