Многу сакам да јадам џигер, секаков. Без разлика што е лабораторија на организмот, вкусен ми е. А испечен во фолија во рерна... мх, мх, мх - прсти да си излижеш. Откако се омажив и не го јадам толку често - само кога сум дома кај моите. Овде никој не јаде џигер, а да готвам само за мене - не ми е слатко.
Совет: секогаш пред да почнеш да го готвиш џигерот, остави го некое време да отстои во пресно млеко. Така ќе биде посочен и нема да се суши, посебно ако го пржиш. И најбитно, не го соли пред да го готвиш, туку солта или мешаните зачини додавај ги на крајот на готвењето.
Јас обично го готвам со многу кромид. Неколку главици кромид крупно исечкани му се додаваат на пропржениот џигер, додавам суви лути пиперки (супер одат со џигерот), малку салца (домашен доматен сос), откако убаво ќе се испржат додавам зачини, вода и оставам да искрчка убаво, т.е да испари водата.
Добар апетит!
Се надевам дека нема врска што го бараш велешкиот специјалитет, и ова е супер
