ТЕМА: Домашна алва

Мислење 19 Дек 2010, 18:55

Женски ако знае некоја рецепт за домашна алва што се прави лесно и брзо пишете ми! Пред некој ден јадев ама за жал не успеав да го земам рецептот а многу беше вкусна и сакам да си направам што побрзо :)
Аватар на корисникот
soledad

Сино цветче
 
12992
Мислења: 346
Зачленет: 19 Ное 2009, 12:04

Мислење 23 Дек 2010, 19:25

Се мислев дали да ти го пишам рецептов (всушност и не е рецепт зошто немам единица мерка се ставам -од око) во подлабока тава или тенџере стави малу зејтин и пропржи гриз, да зарумени па додаи вода и шеќер (вода отприлика 3 пати повеќе од гриз а шеќер повкус и мешај додека се вари на тивка температура - алвата е готова кога на лажицата се собира како топка
П.С. јас ставам и таан (откако ке се свари) многу е вкусна
Се надевам дека ти помогнав
Аватар на корисникот
kiki-riki

Сино цветче
 
779
Мислења: 219
Зачленет: 21 Ное 2009, 10:56

Мислење 26 Дек 2010, 11:39

Фала ти за рецептот ја направив исто вака со гриз само јас додадов и малку оревчиња многу беше вкусна.
Аватар на корисникот
soledad

Сино цветче
 
12992
Мислења: 346
Зачленет: 19 Ное 2009, 12:04

Мислење 30 Дек 2011, 20:28

Хелп!
Дали некој знае рецепт за домашна алва со гриз, иста како горе напишаната само со точни мерки?
MSkorpionka

Жолто цветче
 
39492276
Мислења: 1972
Зачленет: 04 Фев 2011, 16:36
Локација: Плутон

Мислење 30 Дек 2011, 21:08

MSkorpionka напиша:Хелп!
Дали некој знае рецепт за домашна алва со гриз, иста како горе напишаната само со точни мерки?

Јас правам индијска варијанта наречена халава:

- 250 грама гриз се пржат додека да зармумени во 1-2 маргарина(обични оние Кристал или Дијамант)
внимателно, да не се изгориш од прскањето и пареата нагло што ќе се крене, постепено се тура
- 1 литар жешка вода или млеко (млекото му дава побогат вкус, но со вода рокот на траење е подолг, неколку дена може на собна температура да стои ако е со вода)
- во водата се става 1 голема лажица цимет во прав
- 100 гр. бел шеќер
- По желба може да се додаде цело пакетче сушен рендан кокос или сито мелени лупени но непечени лешници(200-300 грама).
- сето тоа се вари додека поголемиот дел од течноста не испари и не забелешиш дека при мешање халавата се одвојува од тенџерето.

Во индијската варијанта освен/наместо кокосот, откако ќе се симне од оган, се додаваат 1-2 исецкани банани и 2-3 киви, се промешува и се сервира топло(но не жешка) во форма на поголеми или помали топчиња или полутопки(ги правиш со обична лажица или онаа специјална за сладолед топки).
Аватар на корисникот
daylight

Жолто цветче
 
511564
Мислења: 1204
Зачленет: 22 Дек 2011, 20:13
Бог ДА, црква НЕ!

Слика

Мислење 22 Фев 2012, 17:14

Црна алва
1кг шекер
½ вода
Од целиот шекер се зема 6 лажици се пржи , а од водата половината се става со шекерот за да се стопи.Потоа во друго тенџере се става останатиот шекер и растопениот, и останатата вода и врие дури да се стопи а потоа се става 3 лажици какао и 3 филџани зејтин и се трга од огнот и се става едно по друго 28 лажици брашно и се меша.
Аватар на корисникот
figgiMK

Црвено цветче
 
22202487
Мислења: 6940
Зачленет: 23 Дек 2010, 15:38
СликаСлика

Мислење 28 Фев 2012, 09:17

Јас ја правам на овој начин (во последно време многу често :) ) и никогаш не сум направила утка...
1 шолја масло
2 шолји гриз
3 шолји шеќер
4 шолји вода
Гризот се пропржува со маслото, во друг сад се вари шеќерот со водата, како за шербет.
Се меша гризот со шербетот и се меша да се згусне.
По желба се додаваат сечкани ореви, какао итн.
Аватар на корисникот
rainlover

Зелено цветче
 
580478
Мислења: 969
Зачленет: 23 Јун 2010, 21:59

Мислење 08 Ное 2013, 22:37

мојата и на мм омилена алва е чоколадна алва

100г млеко
100г масло
1 маргарин
1кило шекер

ги ставам шекерот па маслото па млекото и маргаринот во тенгере на огин,се промешува во мегу време додека зоврие и малце ако пена да дојде.
во тепсија или тенок калап ставам 1 кило брашно и 3 филџана како-мали филџани или едно пакетче иде тоа.се меша со лажица да се соединат и потоа од тенџерето врело додаваме во брашното со какао-убаво би било тука да едниот меша со лажица а другиот додава од тенџерето.
и се меша убаво убаво да се соедини и потоа се остава околу сат два да се здрви,па се сече на коцки и мммммммммм преубаво е :)
пробајте нема да зажалите :)
Аватар на корисникот
girl-miri

Црвено цветче
 
32961457
Мислења: 5815
Зачленет: 19 Окт 2011, 15:28
Локација: ♥♡Јас&Тој&Малата душичка=Happy Family♡♥
Слика
Слика

Мислење 14 Ное 2013, 11:19

girl-miri напиша:мојата и на мм омилена алва е чоколадна алва

100г млеко
100г масло
1 маргарин
1кило шекер

ги ставам шекерот па маслото па млекото и маргаринот во тенгере на огин,се промешува во мегу време додека зоврие и малце ако пена да дојде.
во тепсија или тенок калап ставам 1 кило брашно и 3 филџана како-мали филџани или едно пакетче иде тоа.се меша со лажица да се соединат и потоа од тенџерето врело додаваме во брашното со какао-убаво би било тука да едниот меша со лажица а другиот додава од тенџерето.
и се меша убаво убаво да се соедини и потоа се остава околу сат два да се здрви,па се сече на коцки и мммммммммм преубаво е :)
пробајте нема да зажалите :)

а брашното сурово нема да остане ? :^)
Аватар на корисникот
butterfly.mk

Зелено цветче
 
432868
Мислења: 847
Зачленет: 24 Јун 2010, 10:30

Мислење 18 Ное 2013, 15:49

ова иде како коцки малце потврди,брашнотои какаото помешани и филот како чоколадо иде :)
преубаво е :)
Аватар на корисникот
girl-miri

Црвено цветче
 
32961457
Мислења: 5815
Зачленет: 19 Окт 2011, 15:28
Локација: ♥♡Јас&Тој&Малата душичка=Happy Family♡♥
Слика
Слика

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: AngelOfArh, Inna, Samer и 20 гости