Рецепт како да направите домашни кубети Земете околу 3-4 кришки леб. Исцецкајте ги на мали парчиња или раскршете го лебот со раце Земете плех или тепсија и ставете малку маслиново масло ставајте капки насекде низ тепсијата Потоа ставете ги парчињата леб Додадете сол или вегета по вкус (јас ги правам и со сол и со вегета) И ставете ги во рерна или во рерна на шпорет на дрва и оставете ги околу 20 минути Но промешувајте ги на секои 4-5 минути Кога ќе добијат боја на кубети извадете ги од рерната И сервирајте ги во чинија Пробајте и пишете ! Јас правам многу често и многу ми се убави
И јас правам исти такви само без масло и со бибер, а понекогаш ставам и оригано и во вкусот се како пица кубети.
Кога ми се грицка нешто вкусно, па и кога немам купено никакви грицки, често се случува да си направам домашни кубети. Ги правам на истиот начин како што опишале девојките погоре, меѓутоа се трудам што поситно и попрецизно да го исецкам лебот на убави коцкички - опсесија ми е добивањето на правилни форми при сецкањето. Експериментирам со зачините - правам една тура на која додавам само крупна сол, друга тура со вегета, бибер и оригано, трета со кари, следна со црвен пипер и сл. Денеска правев и со ким, преубави излегоа кубетите и имаа баш убав специфичен мирис на ким. Исто така, си правам и некој сос и ги макам кубетите во него. Најчесто во чинивче матам кисело млеко, додавам малку рузмарин или оригано и лук во прав или пак домашен кечап со оригано и букова сол (сакам да ми лути) и уживам во грицкањето.
Еве јас како ги правам. Го сецкам лебот,го пропржувам на маслиново масло и ставам зачини,најчесто оригано,сушен магданос,сол,босилек, понекогаш и нане. Сега е сезона на марула,па најчесто вечераме цезар салата.
Велите успева .Малку сум скептична за овие работи ме страв да не запалам нешто , оти не сум баш искусна со рерините и кујната
Нема шанси да не ти успее, со овој преедноставен рецепт би се снашол и најнеспретниот во кујна. За да не ти загорат ќе ја отваратш одвреме-навреме рерната и ќе ги промешуваш кубетите. Кога ќе добијат златесто-бакарна боја, ќе ги извадиш.
ммм пред малку ги направив, им ставив сол, вегета и оригано, а откако ги испеков им ставив и кечап и мајонез... прекрасни се
Може да се стави и мелен лук, чили, босиљок.. Јас сум правела багети, па ваљда и со кубетите ке е исто.. утре пробувам !
Утре и јас ги правам дефинитивно... Туку не сум баш спретна со рерната. На колку степени да биде одприлика? И ова зачините што им ги додадавате, на пример лук. Треба со вода нешто да го размешам па да попрскам или така? Инаку, ви благодарам за идејата.
^ јас ги печев 15 минути на 250 степени.. а зачините само онака ги додадов одозгора и не попрскав со ништо
Јас денес баш ги правев, мене на 200 ми загореа малку а ги мешев не знам зш така. Не ни се печеа 15 мин порано ги извадив. Другиот пат на 180 ке ги пуштам и ке дремам над нив. Утка ми се малку ама се јадат. Пресолени се за мој вкус ама јас дека не јадам сол па и тоа малку шо го ставив ми смета. Инаку сакав да ве прашувам. Со зачините што ги прскам ставив маслинов зејтин и некако мн мрсни ми дојдоа. Да не е подобро нареден пат да размешам масло и вода ? Све и свему, ко за прв пат добри се Нареден пат знам кај ми се грешките ле бидат ептен професионални
Не, туку нема да ставаш масло директно на лепчињата. Намачкај го плехот во кој ќе ги печеш само, од повеќе нема да имаш потреба. Јас секогаш така ги правам и супер се. Инаку, ако ти се мрснички, ставај ги на салфетка, малку да се упие мрснотијата.
денес јас ги правев и наместо маслиново масло плехот го премачкав со маргарин кристал и неколку капки сончогледово масло.од загини ставив само мешан зачин,оригано и вегета исто ко кубети од маркет
Девојки јас сега ги ставив да се печат пред 3 минути. Седам до шпоретов па ќе видиме дали ќе испаднат. Готови сееееееее и многу се вкусни изгледаат како купечките кубети.
А кога го сечете лебот , не ли се распаднува/ дроби? Сепак кубетите треба да изгледаат како коцкички па затоа прашувам
Ќе земеш од тој големиот нож што е за леб сечење, со забци и долг. Така мн малку се распаѓаат. Мислам си ја имаат убавата форма на коцки ама не ептен сега како тие од продавница мазни мазни да се.
И мене ми се пријадоа сега,фала ви вечер ќе ги правам,инаку ако се мрсни сигурно може да се обложи плехот со хартија за печење и без масло,така да се наредат сигурно покрцкави ќе бидат,што и да правам во рерна секогаш земам таква хартија,да не морам да ставам масло
Не мораш да им ставаш хартија за печење, јас секогаш го премачкувам плехот со Bords Eve маргаринот и никогаш не испаднале мрсни, баш се крцкави и вкусни.
Епа и јас вечерва ке направам па ке пишам како ми испаднале а ако не ги попрскам со зејтин ке бидат ли убави или викате малку прснам неколку капки