ТЕМА: Домашни сокови за растварање

Мислење 02 Јул 2013, 12:22

Барав ваква тема, ама не најдов, сакав да споделам еден рецепт за сок за растварање... Мајка ми направи еден од вишни.

Е не сум толку добра за пишување рецепти, ама ајде. :?:

Потребни состојки (за кило вишни)
- 1 кг шеќер
- една ќесичка лимонус
- 1 кг вишни

Се тргаат гранчињата на вишните, а вишните се ставаат во поголем сад (без да се вадат семките) Се додава шеќерот и лимонтусот, потоа вишните се гмечат. :?: Па се оставаат да се цедат 24 часа. Откако ќе поминат 24 часа, сокот е веќе исцаден, а во цадката (или како и да се вика :lol: ) ќе останат само семките. Сокот се става во шише, се остава да се лади, откако ќе се излади треба во чаша да се стави 1 прст од него, а останатото вода. :D

Не знам колку добро објаснив ама ајде. :D
Ако не ви се допаѓа темата во канта. :D
Аватар на корисникот
Lella

Жолто цветче
 
19173717
Мислења: 1784
Зачленет: 02 Јан 2013, 23:07
Локација: На лулашка под облак ♡
Мαybe it'ѕ nσt αbσυt тнє нαρρy ending。 Mαybe it'ѕ αвσυт тнє ѕtσry

Мислење 10 Јул 2013, 20:33

Lella напиша:Барав ваква тема, ама не најдов, сакав да споделам еден рецепт за сок за растварање... Мајка ми направи еден од вишни.

Е не сум толку добра за пишување рецепти, ама ајде. :?:

Потребни состојки (за кило вишни)
- 1 кг шеќер
- една ќесичка лимонус
- 1 кг вишни

Се тргаат гранчињата на вишните, а вишните се ставаат во поголем сад (без да се вадат семките) Се додава шеќерот и лимонтусот, потоа вишните се гмечат. :?: Па се оставаат да се цедат 24 часа. Откако ќе поминат 24 часа, сокот е веќе исцаден, а во цадката (или како и да се вика :lol: ) ќе останат само семките. Сокот се става во шише, се остава да се лади, откако ќе се излади треба во чаша да се стави 1 прст од него, а останатото вода. :D

Не знам колку добро објаснив ама ајде. :D
Ако не ви се допаѓа темата во канта. :D

Вчера направивме јас и татко ми, преубавв е! :inlove:
Аватар на корисникот
TheKitty

Фем почетничка
 
55
Мислења: 49
Зачленет: 10 Јул 2013, 17:46

Мислење 11 Јул 2013, 10:39

Мојот омилен лете сок/леден чај:

три китки нане
три кила шеќер
три лесички лимонтус
три литри вода

Се зема едно огромно тенџере, се од горенаведеното се меша заедно и се остава да седи 24 часа, обавезно покриено со капак. После тоа се прецедува во друго тенџере, или пак мојата финта со лажица-решетка ги бркам големите парчиња што ќе ми паднат, и се става на шпорет да преврие 2 минути, буквално од првото меурче на вриење, 2 минути. Се трга од оган да се олади, се прецедува во шишиња (на инката ставам газа за да ги фати сите парталчиња инаку тешко мене не ми го сакаат), и се чува во фрижидер. Се раствора отприлика 1: 2 со вода или кисела вода, како сакате, може и кришки лимон. Наздравје! :*
Аватар на корисникот
elena.mak

Жолто цветче
 
1750868
Мислења: 1113
Зачленет: 25 Јан 2012, 12:39
Слика

Слика

Мислење 05 Сеп 2013, 12:20

0.5 kg. cveklo
0,5 kg. morkov
0,5 kg. limon
se melat vo masina za melenje meso(mozi i rendani ama taka e potesko) mu se dodava 3 l voda i taka sedi 24 casa potoa se cedi ubavo so gaza i mu se dodava 3 kg. seker i 2 limotusi i pak sedi uste eden den za da se stopi ubavo sekerot se sobira vo sisinja .Ova e sirup za rastvoranje i ubavo e da se pie za imunitet, cirkulacija, anemija...

Потсетување од модератор

Ве молиме пишувајте на кирилица. Ако не знаете како, прочитајте овде.
Аватар на корисникот
Azzra

Бело цветче
 
1228
Мислења: 69
Зачленет: 17 Мај 2013, 08:55

Мислење 23 Сеп 2013, 11:36

абе овие на виталија врска немаат :puke:
Аватар на корисникот
doutzen

Зелено цветче
 
148135
Мислења: 519
Зачленет: 14 Јун 2013, 14:13

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: LaDyDoLl и 24 гости