1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грашок

Дискусија во 'Рецепти' започната од tessie, 22 јуни 2011.

  1. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Јас грашок несакам да смислам ама нејќам многу да пребирам и така со затнат нос во рекордни 2 мин со 4 кришки леб го јадам и станувам од маса среќна и задоволна додека не се зготви пак.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  2. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Грашакот ми е едно од омилените јадења.Еве како јас го подготвувам.
    Прво запржвам кромидче,морков,па го турам и грашакот-кој да се вари.Во зависност од густината која сакам да ја постигнам турам и вода.Во меѓувреме ставам компир исечкан на коцки и сето тоа заендо се динста на тивко отприлика 1 сат или сат и пол.При крајот правам запршка но не со брашно туку пасирам компир и лажичка црвен пипер,па заедно се динста уште 10 минути.Најчесто вака го спремам,а ако ставам и месо најчесто свинско прво тоа се вари околу еден сат.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Значи ОБОЖАВАМ грашок, правен на сите начини. Највкусен ми е сепак свеж или од конзерва :)
     
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Денеска имав грашок за ручек и каков сум си го направила... Петка. Мислам дека почнав сите овие зрнестиве храни да ги владеам, јас сама поубави си ги правам од мајка ми и баба ми. :rofl:

    Два кромида, ги исечкав, со морковче, магдонос, ги пропржив. Претходно испеков една пиперка за да нема лушпи внатре (мразам лушпи), излупив домат и го исеков на коцкички, и половина тиквичка. Е сега тиквичкава е ПОЛН ама ПОЛН погодок внатре. Нели обично се става компир, као демек да пополни, ама со тиквичкава е фантазија. :!: Многу нормално тиквичката ја сечкате на коцкички. :)

    Сите овие работи плус чаша вода ги крчкав некои што знам 15тина минути, го истурив грашокот после внатре, му ставив уште 3-4 чаши вода. Додадов ловоров лист, лукче и го варев. Потоа нели запршка со малку брашненце и повеќе црвена пипер (јас сакам повеќе) и зачини на крај ставам, две лажици вегета, малку сол и црн бибер.

    Прееееееекрасно! :D
     
    На tessie, pamelche, ilipili и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Го обожавам премногу ми е вкусен.Најчесто го јадам во компир манџа,рецептот е сличен како од Лолита затоа нема потреба да го пишувам :)
    Иначе грашок од конзерва немам пробано,туку домашно одгледуван.Баба ми на село одгледува :tmi:
    :smirk:
     
  6. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Јас обожавам грашок,а за правење вака го правам
    Пред да се стави со останатата содржина грашокот го варам половина час и ја истурам првата вода.
    Во друг сад сечкам кромид,лук 2 чешниња,морков,домат,пиперка и пашканат.Сето тоа се пропржува со малце масло и црвена пипер.Му ставам и едно компирче и потоа во зависност од тоа како сакам д ами биде во густ му ставам вода и го варам околу еден час.Половина час пред вадење му ставам една мала лажичка брашно тастворено во млака вода.Сето тоа се вари додека не се соедини и се сервира подоладено малце,не жешко да не се изгорите :!: :D Бон апетит ;)
     
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Обожавам грашок посебно манџа грашок, во скробен ден обавезно го јадам.
    Инаку порано не го јадев, а сега го обожавам. :)
     
  8. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    10.291
    Пол:
    Женски
    Ауууу грашок ми е нешто нај нај...убаво! :D
    И никогаш нема да ми здосади макар и секој ден да го јадам.
    А го јадам секако и како манџа и потпечен со многу морков.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    запршка со пасиран компир ?? ако мозе малку подетално , ме инересира ептен , иц некам со брашно ама друг начин незнам :$
     
  10. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Грашок со батаци или пилешко мевце најчесто правам ,и утре ми е на мени .
    Најпрво запржувам кромид па додавам морков ,патлиџан,пиперка (тие ми се во тегла обарени и за секој вид манџа си отварам по една тегла )и динстам се заедно ,додавам пилешко ситно сецкано или батаци обарени претходно оделени од коска само мевце и пржам убаво ,го додавам гражокот најчесто смрзнат и пак пржам помалку додавам водичка во која имам растворено коцка пилешка супа и оставам на тивко да се крчка .Бидејки сакам погуста чорба растворам 1 лаж брашно со малку сенф и вода колку да се разреди и го подметнувам во манџата зачинувам со вегета ,бибер и кари .
     
  11. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Ние грашакот го сакаме повеќе без месо. Прво запржувам кромид, потоа додавам морков, домат и грашакот и се да се продинста малку. Потоа постепено долевам вода, а на крај кога ќе се свари зачини и магдонос.
    Грашакот си бара запршка, но јас не ја сакам многу, па затоа во варењето додавам еден помал компир. Кога ќе се развари го пасирам, и така манџата си добива во густина.
     
  12. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.028
    Пол:
    Женски
    Обожавам грашок, посебно кога мајка ми во класична грашок-манџичка, става чаша кечап, и чаша бело вино. Каков шмек даваат, неверојатно.
    Ќе го пишам деновиве и целосниот рецепт, моментално не знам се до детал... Ама нема грешка, најубав е така.
     
  13. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Обожавам грашок го јадам.Иначе го сакам маџа со грашок,но да биде без месо оти така ми е поубава. :lol:
     
  14. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    Вчера правев грашок и тоа вака: се пржи еден кромид (исецкан), ама колку да омекне само. додавам рендан морков и рендан целер (корен) и им ставам малце водичка за да се издинстаат. им ставам една коцка за супа за да може таа смеса да се згусне. Потоа го додавам грашакот (или замрзнат или од конзерва) и ставам 2 домати од кои еден рендан, а другиот исецкан ситно на коцкички. Оставам да се свари грашокот и додавам неколку ливчиња лорберт. Сол, бибер нормално. И имаме прекрасен ручек.
     
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Еве го мојот рецепт за грашок
    Пропржувам кромидче , морковче заедно .
    После додавам мелено месо и се се пржи заедно . Потоа го додавам грашокот со павлака и се заедно во стаклен сад се пече во рерна некаде 30 мин.
    Најомилено јадење :)
     
  16. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Колку павлака ставаш? 100, 200 гр. или повеќе? Баш ќе го пробам рецептов
     
  17. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Зависи можеш и 200 грама да ставиш . И после пиши како ти се допаднало ;)
     
  18. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Дечки освен манџичка некој др рецепт за грашок ??

    Ајде ја денес ке експериментирам малку со него, па ке вииме шо ке биде ама нема да го правам како манџа, ке му смислам...

    Ама ако знае некој др начин на подготовка нека сподели :)
     
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Правам разни комбинации, но пробајте со испечени џигери, па при крај на варењето на грашокот, иситнете го и ставете го внатре+водата и мрснинката што останала при печењето. Мераци...
     
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.658
    Допаѓања:
    121.703
    Грашок манџа правам со пилешко или свинско,ама преферирам пилешко.
    Прво запржувам кромид,морковче потоа месото на парчиња,додавам малку вода да се динста,потоа го додавам грашокот претходно убаво измиен и уште вода и едно томатело(или домашни домати во шише).Ставам зачини вегета,бибер,сол за едно 40-50мин е готов.10мин пред да биде готов правам запршка со 2л брашно и 1 црвен пипер,па го оставам да се докркчка.

    Исто правам и плехче,на сличен начин.
    Истата постапка само се става во плехче,се пече и на крај останува и сос од томателото со грашокот,превкусно.Обично го правам кога печам кокошка и пире,тие трите работи ми одат во пакет :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.