1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ишлери

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cecyska, 9 мај 2013.

  1. Cecyska

    Cecyska Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае како се прават ишлери? :?:
     
    На evelyn993 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Па на интернет има многу рецепти. :) Ама кое ќе ти се посреќи... :wasntme:

    Ишлери
    [​IMG]
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    3 Јајца/це
    200 грама Брашно
    1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
    1 Жолчка/ки
    3 лажица/ци Какао
    240 грама Путер
    150 грама Шеќер
    70 грама Шеќер во прав

    ПОДГОТОВКА:

    *Напомена
    За фил:
    3 јај­ца
    150 г ше­ќер
    100 г пу­тер
    1 ва­ни­ла
    Остатокот од состојките е за колачите

    За да го под­го­тви­те те­сто­то, уба­во из­ма­те­те ги жолч­ки­те, а по­тоа до­даjте ги пу­те­рот, ше­ќе­рот во прав, жолч­ка­та и три­те ла­жи­ци ка­као. Од те­сто­то се рас­у­ку­ва тен­ка ко­ра, од ко­ја по­тоа со ка­лап се ва­дат крук­чи­ња.
    По­тоа крук­чи­ња­та се ста­ва­ат на плех, на кој прет­ход­но е ста­ве­но мал­ку браш­но.
    Се пе­чат око­лу 15 ми­ну­ти на уме­ре­на тем­пе­ра­ту­ра.
    Во под­ла­бок сад се ма­тат јај­ца­та, ше­ќе­рот, пу­те­рот и ва­ни­ла­та. По­тоа крук­чи­ња­та се де­лат на два де­ла, врз ед­ни­от дел се ста­ва фи­лот, а вто­ри­от дел се пре­мач­ку­ва­ат во рас­то­пе­на чо­ко­ла­да, а по­тоа се ста­ва­ат одоз­го­ра врз крук­чи­ња­та кои ве­ќе има­ат фил.
    На се­кое ко­ла­че мо­же да се ста­ви рен­да­на чо­ко­ла­да.

    _________________________________________________
    Посни ишлери
    [​IMG]
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    300 грама Шеќер во прав
    50 грама Шеќер
    5 лажица/ци Масло
    350 грама Маргарин
    50 грама Какао
    3 лажица/ци Какао
    30 милилитри Вода
    3 кесичка/ки Ванилин Шеќер
    200 грама Брашно

    ПОДГОТОВКА:
    Од 200 гр. брашно, 150 гр. маргаринот, 1 кесичка ванилен шеќер и 3-те лажици какао замесете тесто. Оставете го да се одмори, па расукајте го. сечете мали кругови со 3-5 см обем. Ставете на плех посипан со брашно и печете 15 минути на 220 степени.
    За филот пенесто изматете 200 гр. маргарин, 200 гр. шеќер во прав и 2 кесички ванилин шеќер. Кога кремот ќе биде пенест ставете го во фрижидер. Печените колачиња илзадете ги, филувајте две по две и полијте ги со чоколадна глазура.
    Чоколадна галзура: 50 грама какао, 50 гр. шеќер, 5 лажици масло и водата, ставете ги во тиган и на ниска температура мешајте ги додека се растопат. Откако смесата ќе се изедначи оставете ја малку да се вари, не го прекинувајте мешањето. Тргнете од огинот и мешајте скоро додека се олади.
    _________________________________________________
    Посни ишлери 2
    [​IMG]
    Потребни состојки:
    180гр растителен маргарин
    100гр шеќер во прав
    100гр печени мелени лешници
    200гр брашно
    џем од кајсии

    За глазура:
    250гр шеќер во прав
    100гр посно чоколадо за готвење
    половина чаша вода
    лажица растителен маргарин

    Начин на подготовка:
    Замесете го тестото и оставете го половина час да отстои во фрижидер. Развијте го до дебелина од 0,5 см, извадете погачици со модла и печете на подмачкан плех на 180 степени, малку да поруменат. За глазурата загрејте шеќер со вода, тргнете од оган, додадете рендано чоколадо и маргарин, па матете додека не се олади. Со џемот спојувајте по две погачици и секоја натопете ја цо глазура од чоколадо.
    _________________________________________________
    Ишлери
    СОСТОЈКИ (за 8 лица)
    за тесто
    ● 200 гр бра­шно
    ● 100 гр путер
    ● 100 гр шеќер во прав
    ● 100 гр мелени ореви
    ● 1 жолчка

    за крем
    ● 2 јајца
    ● 100 гр шеќер во прав
    ● 100 гр путер
    ● 50 гр чоколадо

    ПРИГОТВУВАЊЕ
    Чекор 1: убаво изме­шајте и изме­сете ги сите состојки во сад. Оста­вете го тестото во наред­ните 30 минути настрана. Потоа, расу­кајте го со дебе­лина од поло­вина сан­ти­ме­тар. Со помош на калап напра­вете ишлери. Распо­ре­дете ги во сад за печење кој прет­ходно сте го покриле со масна хар­тија. Печете 30 минути на темпе­ра­тура од 150 степени.
    Чекор 2: за кре­мот, изме­шајте ги јај­цата и шеќе­рот и сва­рете ги на пареа. Во топлиот крем дода­дете го чоко­ла­дото. Малку изла­дете и потоа дода­дете го путе­рот. Откако пече­ните ишлери малку ќе се изла­дат, на поло­вина од нив нане­сте го кремот.
    Чекор 3: со дру­гата поло­вина ишлери покријте ги оние на кои сте им ста­виле крем. Вака доби­е­ните ишлери пото­пете ги во топено чоко­ладо или нане­сете гла­зура од топено чоко­ладо врз гор­ниот слој.
     
    На Cecyska му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.386
    Допаѓања:
    5.845
    ЌЕ си купиш и немаш гајле до дека да ги изедеш :)
    мајка ми ги прави многу убави само треба да прашам за рецепт
     
  4. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.386
    Допаѓања:
    5.845
    посни :)

    300 грама Шеќер во прав
    50 грама Шеќер
    5 лажица/ци Масло
    350 грама Маргарин
    50 грама Какао
    3 лажица/ци Какао
    30 милилитри Вода
    3 кесичка/ки Ванилин Шеќер
    200 грама Брашно

    Од 200 гр. брашно, 150 гр. маргаринот, 1 кесичка ванилен шеќер и 3-те лажици какао замесете тесто. Оставете го да се одмори, па расукајте го. сечете мали кругови со 3-5 см обем. Ставете на плех посипан со брашно и печете 15 минути на 220 степени.

    За филот пенесто изматете 200 гр. маргарин, 200 гр. шеќер во прав и 2 кесички ванилин шеќер. Кога кремот ќе биде пенест ставете го во фрижидер. Печените колачиња илзадете ги, филувајте две по две и полијте ги со чоколадна глазура.

    Чоколадна галзура: 50 грама какао, 50 гр. шеќер, 5 лажици масло и водата, ставете ги во тиган и на ниска температура мешајте ги додека се растопат. Откако смесата ќе се изедначи оставете ја малку да се вари, не го прекинувајте мешањето. Тргнете од огинот и мешајте скоро додека се олади.