ТЕМА: Како да подготвам ракчиња?

Мислење 13 Мар 2011, 13:02

Драги феминки, Ве молам за помош. Јас не сакам и не јадам морска храна арно ама ќе имам гости кои сакаат исклучиво таква. За риба и за лигњи знам што како, ама поима немам како да ги подготвам ракчињата? :^) Сестра ми ми вика на плотна на скара само неколку минути на маслиново масло да се потпечат/пропржат и готови се?! Споделете некој рецепт/ искуство Ве молааааам. :hai:
UbavkaBube

Сино цветче
 
73405
Мислења: 285
Зачленет: 13 Јан 2010, 02:18

Мислење 13 Мар 2011, 13:28

Искрено, никогаш не сум подготвувала ракчиња, но еве на оваа страна има рецепти со ракчиња можеби нешто ќе ти се допадне... Позз ;)
http://www.kulinar.mk/recepti/Koktel-od-rakcinja.html
Аватар на корисникот
Lady-PinkHeart

Сино цветче
 
130253
Мислења: 295
Зачленет: 26 Јул 2010, 01:08
If someone would ask me who i want to be with?
I would simply say,
"someone who can understand that I'm not perfect".

Мислење 13 Мар 2011, 13:58

Ако подготвуваш чистени ракчиња тогаш можеш да ги пржиш во тава намачкана со путер или на плотна , а ако подготвуваш нечистени вкусни се на скара и им треба многу малку печење....пробај па пиши резултати :hai:
Аватар на корисникот
dan1

Сино цветче
 
3055
Мислења: 112
Зачленет: 20 Ное 2010, 09:38
Слика

Мислење 15 Мар 2011, 12:55

Еве како ја ги подготвувам за јадење ракчињата. ( имав среќа па го најдов рецептот напишан да не го куцам ја ) ................... :)

Крокети од ракчиња
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* малку Сол
* 100 грама Сирење
* 100 грама Ракчиња
* 50 грама Презла
* 100 милилитри Млеко
* 100 милилитри Масло
* 1 лажица/ци Маслиново масло
* 50 грама Маргарин
* 1 лажица/ци Лимонов сок
* 100 грама Брашно
* 1 Јајца/це
* малку мала лажица Црн пипер



* Време за подготовка: 20 мин.
* Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крокети од ракчиња
ПОДГОТОВКА:
Истопете го маргаринот па додајте го брашното и измешајте. Полека додавајте го млекото, со постојано мешање. Сварете крем. По желба додајте едно изматено јајце. Смесата од брашно и млеко (своевиден бешамел сос) истурете ја во ракчињата, сирењето, сокот од лимон, сол и црниот пипер, потоа измешајте и се заедно варете уште неколку минути.

Префрлете ја смесата во друг сад и оставете да се олади. Можете да ја ставите и во фрижидер.

На работна површина посипете малку брашно па земајте од смесата и правете топчиња. Секое топче прво валкајте го во изматеното јајце (со маслиново масло), потоа во лебни трошки и пржете во загреано масло. Откако крокетите од сите страни ќе добијат златно кафеава боја вадете ги на кујнска хартија.
Аватар на корисникот
PParaskeva

Сино цветче
 
21342
Мислења: 190
Зачленет: 09 Фев 2011, 17:12

Мислење 17 Мар 2011, 16:51

Еве еден рецепт и од мене
Стави ги ракчињата да се варат во вода околу 15 минути, потоа остатокот од водата истури го. Во тенџерето каде што претходно се вареа стави малку маслиново масло (сосема малку да се прекрие дното од садот и пропржи ги кратко, вртејќи ги од сите страни. По околу 5-10 минути во тенџерето стави околу 200-250 мл бело вино и зачини- вегета, црн пипер и оригано. Остави ги да динстаат (во полупориен сад), се додека виното не испари. Ракчињата ќе бидат меки и сочни. Може да се гарнираат со свежа салата, ориз и компири.
Истиот рецепт може да се користи и за подготовка на јастог и други морски плодови.
Добар апетит :)
Аватар на корисникот
Bootilicious

Фем почетничка
 
10
Мислења: 18
Зачленет: 11 Јун 2010, 19:48

Мислење 17 Мар 2011, 17:24

За колкава количина ракчиња е рецептов? Ми изгледа интересен, би го пробала... Јас ги правев на плотна еднаш, ама не беше нешто WOW...
Аватар на корисникот
Li0ness

Жолто цветче
 
1710858
Мислења: 1050
Зачленет: 30 Окт 2010, 19:40

Мислење 17 Мар 2011, 18:26

Јас ги правам со бело вино, малку лимон, рузмарин, маслиново масло и лук. Понекогаш им ставам и сос од домати, ама почесто ги прелевам со еден купечки сос за морска храна. Често ги сттавам и во салата со марула и домати. Важно е дека морската храна бара нешто кисело.
Аватар на корисникот
Ariel

Жолто цветче
 
54192470
Мислења: 3132
Зачленет: 07 Дек 2009, 00:23
Локација: Малку појужно од таму каде што би сакала да бидам!
Ако не можам да променам дел од себе, како ќе го променам светот?

Мислење 08 Авг 2011, 03:31

UbavkaBube напиша:Драги феминки, Ве молам за помош. Јас не сакам и не јадам морска храна арно ама ќе имам гости кои сакаат исклучиво таква. За риба и за лигњи знам што како, ама поима немам како да ги подготвам ракчињата? :^) Сестра ми ми вика на плотна на скара само неколку минути на маслиново масло да се потпечат/пропржат и готови се?! Споделете некој рецепт/ искуство Ве молааааам. :hai:

Баш пред некој ден направив. Ракчињата можеш или да ги пржиш или на скара сеедно. За сосот користи Томатино има во поголемите маркети со босилек и оригано е во него. Ако не најдеш Томатино, земи Томатело италијанско и додај му сама босилек и оригано и сето тоа остави го малку да поврие со ракчињата за да впијаат од сосот. Малку лукче сецкано , малку рузмарин и малку бело винце околу 4-5 лажички колку за вкус и добиваш типичен медитерански оброк . Пробај , па кажи :)
Аватар на корисникот
marince87

Бело цветче
 
2722
Мислења: 78
Зачленет: 09 Јун 2011, 14:09

Мислење 18 Окт 2012, 19:44

Најдов тука супер промоција на замрзнати ракчиња и си земав ама проблемот е што не знам како се припремаат. Некоја идеја за да кажеме тестенини со ракчиња или ризото со ракчиња??

Отворена сум за предлози. :D
Аватар на корисникот
tigerlady

Жолто цветче
 
33101285
Мислења: 1388
Зачленет: 21 Јан 2011, 18:20
Локација: somewhere in the universe
Слика

-Everything will be all right at the end and if it's not all right, it's not yet the end.

Мислење 19 Окт 2012, 06:44

ТајгерЛејди, да не го пишувам рецептов на ново, еве го истиот на интернет го најдов.
Мајка ми често го прави, на нив им е превкусно и сите го фалат а мене ми е премногу ,,остро'' на вкус, некогаш дури и блуткаво од ракчињата, што е нормално.

Како и да е, еве го рецептот се надевам ќе извлечеш некоја идеја :).

Состојки:
250 г тестенини(јуфки, шпагети или нешто слично..), 10 лажици путер, 250 г сечкани свежи печурки, 2 чешниња лук, 150 г крем сирење, 2 лажици сечкан свеж магдонос, 1 лажица сечкан свеж босилек, 150 мл врела вода (може да искористите од водата во која се варат тестенините), 450 г обрарени ракчиња, сол и црн пипер.

Приготвување:
Ставете да се загрее вода во сад, посолете ја и откако ќе почне да врие ставете ги тестенините. За тоа време обарете ги ракчињата, па ставете ги да се изладат. Во голем сад истопете 2 лажици путер на средна температура, па додајте ги сечканите печурки да се пржат додека станат меки и кафеави. Зачинете со сол и црн пипер. Тргнете ги во сад печурките, а во тавата ставете да се загрее останатиот путер. Додајте го толчениот лук, сирењето и зачините. Мешајте постепено иако сирењето можеби ќе се згрутчи. Префрлете го во блендер, додајте ја водата и миксирајте додека добиете воедначена хомогена смеса. Префрлете го сосот во сад, додајте ги ракчињата и печурките, промешајте и оставете на тивко да се вари околу 10 минути. Кога ќе биде готово измешајте го готовата паста и сервирајте.
Аватар на корисникот
anabel-a

Жолто цветче
 
1518713683
Мислења: 3320
Зачленет: 25 Авг 2011, 16:17
Локација: New York
"You have to die a few times before you can really live."

http://alexandrainwonderland1.wordpress.com/

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Alexa [Bot] и 8 гости