Еве го и мојот рецепт за Селско месо

:
Најпрвин се пржи една глава кромид, па се додават ситно исецкани моркови, потоа печурки и откако ќе се пропржат сите тие малку заедно се додава месото, и тоа исто исецкано. Откако ќе се испржи месото, се додава вода така убаво да ги залије состојките во тенџерето, се става една лажица сенф и се остава да вари.
Откако горе долу ќе испари скоро цела вода во тенџерето, во голема чаша топла вода се мешаат отприлика две лажици брашно и откако убаво ќе се измеша водата со брашното, значи да нема грутки од брашното, чашата се додава во тенџерето кај што е месото и се меша убаво со голема лажица да згусни.
На крајот се додава пак сенф по желба и се меша во тенџерето, ако не ви се допаѓа бојата на селското може да се додаде малку црвен пипер, се зачинува со сол, вегета и црн пипер.
Добар Апетит !
