2 килограми свински бут,
1 морков,
1 чешне лук,
1 целер,
лорберов лист,
бибер во зрна,
сол,
масло,
сенф,
400 милилитри бело вино,
20 милилитри ракија.
Совет:
Кога печете свинско месо во алуминиумска фолија, најдобро е да го поставите на сјајната страна од фолијата, за со сигурност да избегнете остатоци од фолијата врз месото. Печењето свинско месо во алуминиумска фолија трае подолго од вообичаеното. Сокот од секое испечено свинско месо, можете да го искористите за подготовка на вкусен прелив за компири и ориз, доколку во него додадете малку кисела павлака.
Селско месо со печурки
Потребни состојки:
200 гр свинско месо
200 гр телешко месо
200 гр пилешко месо
1 китка магдонос- по желба
300 гр печурки
сол, бибер, сув мешан зачин, црвен пипер
лук
буковец или сува пиперка
малку брашно и оригано
30 мл бело вино
Начин на подготовка:
Месото исечете го на коцки и испржете го во топло масло. Откако ќе се испржи месото, во истиот сад се додава ситно исечканиот кромид и ситно сечкан магдонос а потоа ги додавате печурките кои може да бидат маринирани, меѓутоа повкусни се доколку се свежи,и заедно се пржи околу 10 минути. Во земјена тава или кавка имате за печење, се става месото, се додаваат сите зачини и се додава целата смеса од печурки, кромид и магданос.
Се полива со вода и се додаваат 30 мл бело вино. Со лажица, убаво се промешува целата смеса и тавата се покрива со фолија. Се става во рерна на 150 степени целзиусови и се готви два часа. Потоа се вади фолијата и се остава во рерна да се пече уште 2–3 часа на тивок огран. На крајот, направете запржка од брашно со црвен пипер и пак се враќа во рерна на неколку минути. Доколку сакате да го нагласите вкусот на ова традиционално јадење додајте павлака една лажица во секоја чинија пред сервирањето.
Свинско месо со павлака и печурки
Потребни состојки:
4 свински шницли
1 кромид
2 супени лажици маргарин
225 гр печурки (маринирани или свежи)
2 супени лажици сок од лимон
150 мл павлака
сол и црн пипер (по желба)
Начин на подготовка:
Растопете го маргаринот во тавче на оган и испржете ги шницлите, само да заруменат од двете страни. Потоа, тргнете ги на страна ставете ги во алуминиумска фолија и потоа во проѕирен огноотпорен сад. Во тавата каде се пржеа шницлите додадете ситно исечкан кромид и исечканите печурки и пржете додека да омекнат. Ако има потреба додадете околу 30мл вода. Потоа додадете го сокот од лимон и пропржете уште малку. Тргнете ја тавата од оган и додадете ја павлаката и зачините по ваш вкус. Смесата поделете на 4 еднакви делови за секоја од шницлите и со лажица внимателно нанесете врз шницлите, да се покријат. Потоа затворете ја убаво фолијата и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени и печете околу еден час. Послужете ги со салата, компирчиња, ориз или некој друг додаток по ваш избор.
Сочно свинско со сенф
Потребно е:
450 гр свински бут
2 лажици дижон сенф
сол и бибер
Подготовка: Загрејте ја скарата (ако работите со скара) или рерната за 250 целзиусови степени (ако работите со рерна). Месото расечете го по должина, но НЕ сосема, за да не направите дупка или процеп. Тоа треба да се одвои на две парчиња и да биде во еден дел (како на сликата). Посолете го и побиберете го. Намачкајте го со сенф од двете страни. Ставете го на скара да се пече по 5 минути од секоја страна или во рерна, со повремено превртување за да биде испечено од сите страни.Кога ќе биде печено, оставете го 5-10 минути да се одмори, пред да го сервирате. За подготвување на овој рецепт, најдобро е да ја користите скарата.
Свинско месо во сос
СОСТОЈКИ
за месото
• 2 кг свинско месо за печење
• 2 дл бело вино
• 1 лажица сув зачин
• 1 кафена лажичка бибер
• половина главица ситно сецкан кромид
• 1 кафена лажичка црвен пипер
• 15-тина млади морковчиња
• 2 лажици маслиново масло
за сосот
• 1 ½ лажица брашно
• масло за јадење
• 2 дл од сосот во кој се печело месото
• жешка вода
• 2 лажици магдонос (може и сушен)
• 2–3 чешниња истолчен бел лук
• мелен сув зачин (по ваша желба)
ПРИГОТВУВАЊЕ
Во длабок сад за печење, сипете го виното и врз него ставете го свинското месо. Сите зачини убаво измешајте ги и втријте ги врз/во месото. Околу месото ставете ги младите моркови и сѐ залијте со маслиново масло. Поклопете го садот со капак и ставете го да се пече на 170℃ околу два часа. Повремено преливајте го месото со сосот во кој се пече.
Потоа, отстранете го капакот и печете уште 15-тина минути, додека не порумени и не добие крцкава кора. Печеното месо замотајте го во фолија и оставете го најмалку 10 минути, за да стане сочно и да не се исуши.
Во огнотпорен сад, ставете малку масло за готвење. Откако ќе се загрее, додадете истолчен лук и брашно. Пропржете додека брашното не ја смени бојата. Додадете го сосот од печеното месо и малку вода (онолку, колку за да добиете средно густ сос) и сето тоа промешајте го. Внимавајте да не ви се создадат грутки.
Варете на слаб оган, дури не ја добиете саканата густина. На крајот, додадете го ситно сецканиот магдонос и малку мелен сув зачин (по желба). Месото исечкајте го на парчиња дебели еден сантиметар и прелите го со сосот. Можете и посебно да го сервирате сосот, па секој да си додава по желба. Како гарнир можете да направите печен компир, ориз или едноставна салата.
СОСТОЈКИ
за месото
• 2 кг свинско месо за печење
• 2 дл бело вино
• 1 лажица сув зачин
• 1 кафена лажичка бибер
• половина главица ситно сецкан кромид
• 1 кафена лажичка црвен пипер
• 15-тина млади морковчиња
• 2 лажици маслиново масло
за сосот
• 1 ½ лажица брашно
• масло за јадење
• 2 дл од сосот во кој се печело месото
• жешка вода
• 2 лажици магдонос (може и сушен)
• 2–3 чешниња истолчен бел лук
• мелен сув зачин (по ваша желба)
ПРИГОТВУВАЊЕ
Во длабок сад за печење, сипете го виното и врз него ставете го свинското месо. Сите зачини убаво измешајте ги и втријте ги врз/во месото. Околу месото ставете ги младите моркови и сѐ залијте со маслиново масло. Поклопете го садот со капак и ставете го да се пече на 170℃ околу два часа. Повремено преливајте го месото со сосот во кој се пече.
Потоа, отстранете го капакот и печете уште 15-тина минути, додека не порумени и не добие крцкава кора. Печеното месо замотајте го во фолија и оставете го најмалку 10 минути, за да стане сочно и да не се исуши.
Во огнотпорен сад, ставете малку масло за готвење. Откако ќе се загрее, додадете истолчен лук и брашно. Пропржете додека брашното не ја смени бојата. Додадете го сосот од печеното месо и малку вода (онолку, колку за да добиете средно густ сос) и сето тоа промешајте го. Внимавајте да не ви се создадат грутки.
Варете на слаб оган, дури не ја добиете саканата густина. На крајот, додадете го ситно сецканиот магдонос и малку мелен сув зачин (по желба). Месото исечкајте го на парчиња дебели еден сантиметар и прелите го со сосот. Можете и посебно да го сервирате сосот, па секој да си додава по желба. Како гарнир можете да направите печен компир, ориз или едноставна салата
.СОСТОЈКИ (за 8 лица)
• 1,5 кг свинско каре
• 1 лажица микс од зачини
• сенф
• сол и бибер
за полнење
• 100 гр пилешки џигер
• 100 гр шампињони
• 100 гр праз (само белиот дел)
• 30 гр чадена сланина
• масло за готвење
• 100 гр ориз
• 100 гр тврд кашакавал
• 2 јајца
• магданос
ПОДГОТОВКА
за свинско каре
Одвојте го свинското каре од коската и засечете го по должина, така што ќе направите голем квадратест одрезок. Потоа, истолчете го со чекан за месо, ставете сол и бибер.
Премачкајте ја страната на која ќе ги редите состојките за полнење со сенф, посипете малку зачин и оставете го месото на страна. Откако ќе ја приготвите смесата, наредете ја врз месото, свиткајте го во форма на ролат и заврзете го со кујнски конец.
Ставете го во сад за печење, врз хартија за печење, на која сте ставиле масло. Печете 60 минути на температура од 170℃ со повремено полевање со вода. Сервирајте исечено на тенки кругови.
за полнење
Исечкајте ги шампињоните на листови. Измијте го убаво празот и белиот дел исчекајте го на тркалца. Сланината и пилешките џигерчиња нека бидат ситно исечкани.
Оризот нека биде полу сварен и врз него изрендајте го кашкавалот. Кратко пропржете ги сланината и празот на масло. Потоа, додадете ги шампињоните и џигерчињата. Посолете и кратко пржете. Тргнете од оган.
Откако малку ќе се излади, изматете ги јајцата и додете ги кон смесата. Потоа, ставете магданос и ориз и малку пропржете.
Свинско месо со јаболка и сос од бренди
СОСТОЈКИ
• 1,5–2 кг свинско месо (најдобро одрезок околу ребрата)
• 1 голема лажица брашно
• сол и бибер
• 4 големи лажици путер
• 3 кромида со средна големина, исечкани
• 2 чешниња лук
• 4 стебленца рузмарин
• 5 јаболка, исечкани на четвртина
• ½ шолја вино од јаболка
• ¼ бренди од јаболка
• малку сланина
ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на температура од 170℃. Засечете го месото на половина. Во мал сад, измешајте брашно, сол, бибер и исечкан рузмарин. Наполнете го целото месо со оваа смеса. Обвиткајте го месото со парчиња сланина и зацврстете го со конец.
Загрејте две големи лажици путер во тава за печење и пред да го ставите месото да се пече додадете ги кромидот и лукот. Преостанатиот путер нанесете го врз кромидот. Ставете рузмарин и покријте со алуминумска фолија.
Печете 45 минути и потоа во тавата додадете ги јаболката и виното од јаболка. Повторно покријте со фолија и печете уште 30 минути. Потоа, зголемете ја температурата на 200℃, отстранете ја фолијата и печете уште 15 минути.
Откако ќе се испече, месото поставете го на даска на сечење. Отстранете го конецот и оставете да се излади 10-тина минути. Наредете ги кромидот и јаболката во чинија за сервирање. Половина од сокот од месото измешајте го со бренди и фламбирајте го. Откако ќе почне да врие, тргнете го од оган.
Месото ставете го во чинијата и сервирајте со сосот со бренди.