Ајде од мене еден рецепт, да не отворам посебна тема, тука ќе го ставам. Се работи за АЧМИ, сигурно сите сте јаделе од тие познати турски пецива во Рамстор.
Мене лично многу ми се вкусни, па најдов рецепт на интернет и ги направив, испаднаа супер. Но

за следниот пат си имам на ум да ставам помалку брашно, некако како тврдички да ми беа малку. Иако со помалку брашно тестото многу ќе се лепи, има чаре и за тоа - мачкање на рацете со масло кога ќе се формираат ачмите.
Еве го рецептот:
АЧМАПотребно е:Една и пол шолја топло млеко
еден свеж квасец или една и пол лажица сув квасец
половина шолја топла вода
половина шолја шеќер (ова за мене е премногу, јас ставив многу малку шеќер)
една шолја масло
едно јајце, и тоа одделно жолчка и белка
едно лажиче сол
4-6 шолји брашно - зависи од самото брашно колку ќе ставите - тестото треба да е меко и да се лепи по малку за рацете
една лажица масло
две лажици црн ким
Водата се става во длабок сад, се додава шеќерот и квасецот и се меша со дрвена лажица. Се остава да кисне, па се додаваат млекото, белката, 2/3 од шолјата масло, сол и се меша со дрвена лажица. Се додава брашното и се меси меко тесто кое треба малку да се лепи на рацете. Се остава да кисне. Со преостанатото масло се мачкаат рацете, се формираат ачмите - се зема малку тесто и се витка како ѓеврек во круг, се редат во подмачкан плех или на хартија за печење.
Се мати жолчката со лажица масло и со тоа се премачкуваат ачмите. Може при виткањето да им додадете маслинки, шунка или кашкавал по избор. Откако ќе ги намачкате, може да ги посипете со ким или сусам. Се печат во загреана рерна на 200 степени.
Еве и слика: