1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кифли

Дискусија во 'Рецепти' започната од mackice, 6 септември 2010.

  1. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Од овој рецепт излегуваат многу многу кифли (ама може некој да си ги преполови намирниците). Ние обично со мама кога правиме правиме многу.

    4кг. брашно
    1л. врела вода
    1л.студено млеко
    1/2 л. зејтин
    10 лажици (големи) шеќер
    7 мали лажици сол

    Сетоа тоа се замесува со 3 квасеца. Кога добро ќе се подмесат се оставаат да киснат 15 минути. Формите се прават по желба. Се премачкуваат со жолчка и одозгора се посипува сусам. Се печат врз хартија за печење и се ставаат и неколку парчиња маргарин (кристал).
     

    Прикачени фајлови:

    • 3.JPG
      3.JPG
      Големина на фајлот:
      164,5 KB
      Прегледи:
      1.457
    • 2.JPG
      2.JPG
      Големина на фајлот:
      103 KB
      Прегледи:
      1.451
    • 1.JPG
      1.JPG
      Големина на фајлот:
      113,3 KB
      Прегледи:
      1.452
    На baby-star, maca99, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Морам во темава да ја пофалам мајка ми, бидејќи ги прави најубавите кифли :lol:
    Ептен се меки и вкусни, еве рецепт и обавезно да ги направите. :!:

    ПЕКАРСКИ КИФЛИ

    2 кг брашно
    2 коцки квасец
    1литар млеко
    2лажици бел оцет
    5-6 лаж. шеќер
    1-2 лаж сол
    4 финџали масло
    Квасецот се става да надојде во млако млеко. Во сад се ставаат сите продукти се мешаат со лажица и на крај се додава брашното. Се меси убаво. Тестото кисне еднаш, па се прават кифлите, се редат во подмачкан плех, се мачкаат со жолчка, одозгора се поросуваат со сусам, се става маргарин и се печат. :)
     
  3. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ептен сакам кифлички ммм.
    Ќе ви позајмам некој од рецептиве и некогаш ќе ја изненадам мајка ми.
    А кога таа ќе прави кифлички ќе ги сликам и ќе ви го пратам и рецептот :)
     
  4. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Реков пред некој ден дека ќе ги сликам кога ќе направи мајка ми и ги сликав.
    На првата слика тогаш ги правеше ама се брзав да излезам и не беа премачкани со јајце и сусам,ама кога се вратив ги сликав за да видите како изгледаат печени.Рецептот ќе ви го пишам утре оти незнам кај и е книгата на мама со рецепти :D
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG3152A.jpg
      IMG3152A.jpg
      Големина на фајлот:
      73,3 KB
      Прегледи:
      1.387
    • IMG3150A.jpg
      IMG3150A.jpg
      Големина на фајлот:
      65,2 KB
      Прегледи:
      1.385
    На maca99, LivingGlam и Lola-M им се допаѓа ова.
  5. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Важи утре сабаље кога ќе ја најдам книгата со рецепти ќе го пратам :)
     
  7. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ви ги покажав на слика па еве го рецептот за кифлите на мајка ми :)

    1 чаша јогурт
    пола чаша масло
    2 лажички сол
    2 лажички шеќер
    1 квасец
    600 гр. брашно.
    Се меси и се дели на 10 топчиња,секое се расукува и се мачка со маргарин (кристал),потоа се оставаат малку 2 мин.да постојат така расуканите 10 теста,и потоа се редат едно врз друго и се расукува кората и се формираат кифлите,така направените кифли се премачкуваат со јајце и им се тура сусам,и се ооставаат цели 2 часа пред печење да киснат :)
    Толкуу :) Ептен се вкусни прбајте ;)
     
    На Outlook, baby-star, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    ПЕКАРСКИ КИФЛИ (Стандарден рецепт за кифли, кој нема утка. Кифли како памук.) :D
    -1кг брашно
    -500мл. топло млеко
    -2 јајца
    -1 лажица шекер
    -1 мала лажица сол
    -1 квасец
    -2 филџани масло

    Се замесува тесто, се остава да кисни 30мин., па се прават кифли. Се мачкаат со јајце и се посипуваат со сусам. Одзгора пред печењето им се става по малку маргарин за да се помеки.
    Може да се премачкаат со маргарин и откако ќе ги иставите од релна, додека се жешки.
    Наздравје. ;)
     
    На koritsaki и Serafima им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Ајде од мене еден рецепт, да не отворам посебна тема, тука ќе го ставам. Се работи за АЧМИ, сигурно сите сте јаделе од тие познати турски пецива во Рамстор.
    Мене лично многу ми се вкусни, па најдов рецепт на интернет и ги направив, испаднаа супер. Но :!: за следниот пат си имам на ум да ставам помалку брашно, некако како тврдички да ми беа малку. Иако со помалку брашно тестото многу ќе се лепи, има чаре и за тоа - мачкање на рацете со масло кога ќе се формираат ачмите.

    Еве го рецептот:
    АЧМА

    Потребно е:
    Една и пол шолја топло млеко
    еден свеж квасец или една и пол лажица сув квасец
    половина шолја топла вода
    половина шолја шеќер (ова за мене е премногу, јас ставив многу малку шеќер)
    една шолја масло
    едно јајце, и тоа одделно жолчка и белка
    едно лажиче сол
    4-6 шолји брашно - зависи од самото брашно колку ќе ставите - тестото треба да е меко и да се лепи по малку за рацете
    една лажица масло
    две лажици црн ким

    Водата се става во длабок сад, се додава шеќерот и квасецот и се меша со дрвена лажица. Се остава да кисне, па се додаваат млекото, белката, 2/3 од шолјата масло, сол и се меша со дрвена лажица. Се додава брашното и се меси меко тесто кое треба малку да се лепи на рацете. Се остава да кисне. Со преостанатото масло се мачкаат рацете, се формираат ачмите - се зема малку тесто и се витка како ѓеврек во круг, се редат во подмачкан плех или на хартија за печење.
    Се мати жолчката со лажица масло и со тоа се премачкуваат ачмите. Може при виткањето да им додадете маслинки, шунка или кашкавал по избор. Откако ќе ги намачкате, може да ги посипете со ким или сусам. Се печат во загреана рерна на 200 степени.

    Еве и слика:
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC01837.JPG
      DSC01837.JPG
      Големина на фајлот:
      265,4 KB
      Прегледи:
      1.349
    На toogood, koritsaki, Ammy.Lee и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Еве уште една врста на кифли од мајка ми.
    И помалите и поголемите се направени од исто тесто но мене повеќе ми се допаѓаат пололемите,и внатре може да се стави кашкавал и салама ако сакате (затоа ви препорачувам ако правите да ги правите поголеми)
    *500гр благо млеко
    *1 квасец
    *4 лажички сол и 4 шеќер
    *9 лажици брашно
    ~~Се прави каша,и се остава да кисни.Откако ќе искисне се додава 2 јајца,3 филџани масло,едно кило брашно потоа одма се прават топчина,и се расукуваат на намачкана маса со масло.Потоа се формираат кифлите :)
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG3161A.jpg
      IMG3161A.jpg
      Големина на фајлот:
      117,1 KB
      Прегледи:
      1.276
    На toogood и Sexy-Lady им се допаѓа ова.
  11. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Кифлички
    1 кг брашно
    2 јајца; 2кг зејтин
    ½ млеко
    1 квасец
    1 пециво
    Се меси, се сука една кора и се сече на 6 дела како крст.Три јајца и рендано сирење се мешаат, и се става во секоја кифличка и се замотуваат.Одозгоре се премачкуваат со жолчка.Тавчето се премачкува со маргарин
     
  12. Bel-Golub

    Bel-Golub Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    48
    вакви се непеЧени
     

    Прикачени фајлови:

    • Photo 4874.jpg
      Photo 4874.jpg
      Големина на фајлот:
      97,1 KB
      Прегледи:
      719
  13. Bel-Golub

    Bel-Golub Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    48
    а вавкви се пеЧени многу се убави како кроасан најубави кифли вреувајте ако сакате рецепт казете
     

    Прикачени фајлови:

    • Photo 4875.jpg
      Photo 4875.jpg
      Големина на фајлот:
      112,9 KB
      Прегледи:
      724
  14. Asja

    Asja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    456
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    ммм,ајде пиши рецепт!
     
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Темава е строго ЗАБРАНЕТА за трудници, посебно оние кои сакаат и можат да јадат само месени ствари од кога се во “друго стање“ :lol: :lol: :lol:
    Браво девојки, секој чест, само дај пратете малку, чисто да не ми биде нешто :wasntme:
     
  16. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Ќе бидам офтопик ама морам да прашам за совет. Кифливе нели ги замрзнувате и сега кога ги вадите од фрижидер дали ги загревате во микробранова или пак оставате природно да се отпуштат? Како е подобро?
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    И така и така може. Јас обично ги подгревам во микро за нели ако ми требаат побрзо, а и така сами да се пуштат пак се ок. Како сакаш така
     
    На Emma89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    ^ Кога ги оставам така сами да се пуштат ми изгледаат посуво, а вака во микробранова од топлото мислам дека се послатки... затоа се прашував како феминките преферираат :)
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Кога се одмрзнуваат во микробранова побрзо се стврднуваат за разлика кога нормално се одмрзнуваат - побавно се стврднуваат




     
    На gwen и Emma89 им се допаѓа ова.
  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Кифли
    Потребни состојки:

    1 кг. млеко
    1 коцка свеж квасец
    Брашно
    100 гр. шеќер
    1 коцка маргарин
    Сусам
    1 јајце
    4 лажичиња сол
    300 гр. масло за јадење

    Коцката свеж квасец се раствара во млакото млеко, се додаваат и шеќерот. Матејќи со миксер се додава и брашно неколку лажици колку да стана тесто како за палачинки. Потоа се додава и маслото за јадење и се остава да отстои околу 20 минути за да се надигне нивото на смесата. Околу 1 кг. брашно се става во подлабок сад за месење, во брашното ја додаваме и солта, а потоа во брашното ја истураме и кашестата смеса. Месиме со реце, додаваме и уште брашно по потреба, неколку пати го киниме на ситни парчиња за тестото поубаво да се соедини и потоа го оставаме тестото во длабокиот сад, одозгора премачкано со малку масло (да не фати кора), го покриваме и го оставаме да поткисне. По 20 минути тестото го размесуваме и потоа почнуваме да ги правиме кифличките. Од тестото киниме три парчиња тесто, ги формираме во топчиња и малку ги расукуваме. Врз двете нанесуваме маргарин и ги ставаме една врз друга, а третата ја ставаме одозгора (без маргарин), потоа со сукалка ја развлекуваме кората и ја делиме на осум дела (тријаголници). Потоа ги формираме 5 кифличките. Постапката ја повторуваме со целото тесто. Кифличките ги редиме во намрсен плех, одозгора со четка ги мачкаме со разматено јајце, ставаме и сусам и парченца маргарин. Кифличките ги оставаме малку да отстојат, а потоа ги печиме во рерна околу 15 минути на 200оС.
    [​IMG]
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.