верувам дека има многу љубители на благото јас лично обожавам и секакви торти и колачи сакам да пробам па дајте да си размениме по некој интересен рецепт. Симба Коцки потребно е : 100гр бисквити, 150гр.мелени ореви, 150гр.чоколада за готвење , 3 јајца, 6 лажици брашно, 12 лажици шеќер, 120гр.маргарин, 1 пециво , 50гр.какао, 200мл млеко, 3 лажици масло за јадење Се матат јајцата со 6 лажици шеќер , додаваме 3 лажици масло 1 лажица какао пецивото и брашното и мешаме со жица додека се соедини , се истура во намрсена тава и се печи 20тина минути на 200 степени.Во меѓувреме на тенџере на оган го ставаме млекото и 6 лажици шеќер маргаринот, преостаното какао и и чоколадата за готвење и мешаме со лажица.Бисквитите ги дробиме со сукалка или ги мелиме и ги додаваме во садот со мелените ореви и ја додаваме смесата од тенџерето промешуваме додека состојките се соединат.Изладениот колач го премачкуваме со изладениот фил и одозгора наросуваме кокос. овој колач беше првиот колач што го направив успешно пред едно 4-5 години и од тогаш редовно го правам и многу е вкусен и лесен пробајте
Сакам за нова година да направам некои интересни колачиња (елки, снешковци и сл), ај дајте рецепт и слика ако имате
Чоколадо со ориз. Еве еден рецепт за брз и едноставен сладок колач. Се става во тенџере 400гр.еурокрем, се топи на умерена температура, се додаваат 300 гр.чоколадо за готвење, 4 големи лажици зејтин и 100 гр.оризови снегулки. Сето тоа убаво ќе се промеша и се става во плехче да се олади. Навистина брзо се прави, количински излегува многу и многу е вкусно. Супер е за мали деца, ама богами и за поголеми..
Знае ли некој рецепт како се прават muffins (мислам американски колачи се), би сакала да ги пробам секогаш ми изгледаат мн вкусно на телевизија па да видам дали навистина е така
Еклерчинја Тесто: 225 гр. вода , 125 гр. зејтин се става на рингла во тенџере да зоврие , одкога ке зоврие се трга на страна и веднаш се става 150 гр. брашно . Убаво се меша со лажица за да се соедени и да нема грутчиња . Се остава да се олади . Одкога ке се олади се додаваат едно по едно 3 цели јајца и убаво се меша да се соедини. Рерната треба предходно да е врела , на најјако . Во плех се става со лажичка од тестото и се ства во врела рерна да се пече на јако . Крем: 1 литар млеко се вари , на страна се матат 2 цели јајца (малку зимаш од млекото пред да го ставиш да се вари , 8 лажици шекер и 8 лазици брашно и ванила се разматува како за пудинг и се додава во зовриеното млеко , да зоврие да се згусне (исто како пудинг) Кога ке се залади , еклерите се сечат на пола и се полнат со кремот . Одозгора се става растопено црно чоколадо ( чоколадото се топи со малце млекце и зејтинче на тивко со постојано мешање).
Читав во темата „На два-три реда муабет“ во Се и Сешто дека некој (мојата драга LaFille) бара рецепт за Васина торта... е па еве, јас тука ќе го ставам, онака како што ја правам Васина Торта Се матат 5 жолчки и 5 лажици шеќер, се додаваат 6 лажици мелени бадеми (може и ореви), лажица брашно и цврсто изматен снег од 5 белки. Се пече во подмачкан и набрашнет калап (може и во плех, ама јас ја печам во подлабоко правоаголно тавче). Се става да проврие 1/8 л млеко (му доаѓа околу 150 г), и во него се ставаат 200 г мелени ореви. Се трга од оган да се олади. Настрана се матат 4 жолчки со 4 лажици шеќер, сок и кора од еден лимон и 3 реда стопено чоколадо, па на крај му се додава 150 г добро изматен путер. Ова се додава на смесата со млеко и ореви и убаво се меша. Се филува тортата (ако е во длабоко правоаголно тавче, целиот фил се става над кората, а ако е печена во плех, може да се исечат три или две ленти, по желба). Се прави густ сируп од 250 г шеќер и чаша вода, па се додава во цврсто изматен снег од 6 белки. Се мати на пареа се додека убаво не се зацврсти. Откако се олади, се премачкува тортата и се украсува со кандирано овошје, чоколадо или по желба. Полесно е со готов шлаг, ама и вака не е лоша. На здравје!
Леле Blanca браво!! Кога ги спомна ЕМБИТЕ ми текна дека ми се јадат Еве го рецептот: 1 маргарин 9 супени лажици мед (јас ставам 3-4) 10 супени лажици шеќер 2 кафени лажици какао 100 грама чоколадо за готвење __________________________ Овие состојки се ставаат на тивок оган и кога ќе се соединат се додаваат следните состојки: 1 пакетче ЕМБИ корнфлекс 250 грама сецкани ореви 100 грама потпечен сусам На здравје
Јас да ви дам еден рецепт мн е убав и е ептен лесен за праење Пандишпања: 500 грама јогурт, 2шољи шекер, 2 шолји брашно, пола маргарин, 2 лајци какао, 1 лајце сода бикарбона сето се меша да се добие хомогена смеса и се печи. Фил: 150 грама чоколадо, 150 грама млеко, 10 лајци шекер, 2 лајци какао сето ова да врие 10 мин на тивко Фил 2:пола маргарин се бие. Потоа 2 фила се соединуваат и се турва на кексот. одозгора се ренда со чоколадо.Да ви кажам право поубаво е и дури и од чоколадната торта. Пробајте го.
Ви препорачувам да пробате да го приготвите ова....совршено! и мое омилено... Dark Chocolate Soufflè Cake Cake flour is a fine-textured, soft wheat flour with a high starch content, and usually comes in a box rather than a bag. It can be found with the cake mixes at the supermarket. Yield: 12 servings (serving size: 1 wedge) Ingredients * Cooking spray * 1/2 cup granulated sugar * 1/2 cup packed dark brown sugar * 3/4 cup water * 1 tablespoon instant espresso or 2 tablespoons instant coffee granules * 2/3 cup Dutch process or unsweetened cocoa * 1/4 teaspoon salt * 2 ounces semisweet chocolate, chopped * 2 ounces unsweetened chocolate, chopped * 2 tablespoons Kahlúa (coffee-flavored liqueur) * 3 large egg yolks * 1/3 cup sifted cake flour (such as Swan's Down) * 6 large egg whites (at room temperature) * 1/4 teaspoon cream of tartar * 1/3 cup granulated sugar * 1 tablespoon powdered sugar * 1/4 cup raspberries (optional) * Chocolate curls (optional) Preparation Preheat oven to 300°. Coat bottom of a 9-inch springform pan with cooking spray. Set aside. Combine 1/2 cup granulated sugar, 1/2 cup brown sugar, water, and espresso in a large saucepan; stir well and bring to a boil. Remove from heat; add cocoa, salt, and chocolates, stirring with a whisk until chocolate melts. Stir in Kahlúa and egg yolks. Stir in flour; cool to room temperature. Set aside. Beat egg whites and cream of tartar at high speed of a mixer until foamy. Add 1/3 cup granulated sugar, 1 tablespoon at a time, beating until stiff peaks form. Gently fold one-fourth of egg white mixture into chocolate mixture; repeat procedure with remaining egg white mixture, one-fourth at a time. Spoon into prepared pan. Bake at 300° for 1 hour or until a wooden pick inserted in center comes out almost clean. Cool completely on wire rack. Remove sides from pan; sift powdered sugar over cake. Garnish with raspberries and chocolate curls, if desired. Note: A substitution of 1/4 cup all-purpose flour may be used in place of 1/3 cup cake flour. Nutritional Information Calories: 205 (27% from fat) Fat: 6.1g (sat 3.2g,mono 1.9g,poly 0.4g) Protein: 5g Carbohydrate: 34.2g Fiber: 0.2g Cholesterol: 55mg Iron: 2mg Sodium: 91mg Calcium: 31mg
Зајак.23, добар ти е рецептов, ама ќе мора да го преведеш... и мерките по наше да ги напишеш... не разбираат сите тука англиски, а и да разбираат, мерките ни се малку познати
Ресана торта 1 кило ресана 200г. мелени ореви 250мл. млеко 1 маргарин Кристал Секоја ресана се сече на 4 дела и исечените ресани се ставаат во длабок сад.Се додаваат мелените ореви и тоа се меша.Во тенџере се ставаат млекото и маргаринот,за маргаринот да се стопи.Откако марагринот ке се стопи,тенџерето се трга од оган.Свареното млеко се додава во длабокиот сад и тоа се меша.Се формира тортата. Ролат со крем-банани 700г. мелени бисквити 4 филџани шеќер 4 филџани млеко 1 чоколадо за готвење 1 маргарин Кристал 1 ванила крем-банани Во тенџере се ставаат млекото,шеќерот,чоколадото за готвење,маргаринот и ванилата,да зовријат.Откако ќе зовријат,тенџерето се трга од оган и се остава да се излади на собна температура.Се додаваат мелените бисквити и тоа се меша.На проѕирна фолија се расукува кора.Врз кората се редат 2 реда крем-банани.Се витка ролат.
Бомбици со кокос 100гр. кокос се меша со 100гр. локум и се додава 100гр. шеќер во прав и сок од лимон.Се прават бомбици и се украсуваат по желба Бомбици од смокви 1/2 кг. смокви 250гр. мелени ореви 250гр. шеќер во прав Се замесува со сок од портокал Бомбици 1маргарин 300гр. шеќер во прав сецкани ореви малку какао 100гр. суво грозје 100гр. кокос 1/2 кг. кршени бисквити Ванилици 6лаж. шеќер 2јајца 2 филџани (за кафе) вода 1 пециво 1 ванилин шеќер 1 кг. брашно Се прават фигури по желба и се печат.Може и да се лепат дево по две со мармалад.Топли се валкаат во шеќер во прав. Посни бомбици 1 кг. рендана јаболка 700 гр. шеќер да се свари убаво да се згусне и се прават бомбици и се валкаат во мелени ораси Колачи со пиво 6 шолји зејтин 3 шолји пиво 1 пециво и брашно по потреба.Се меси се додека се собере тестото како топка.Се прават како топчиња и се печат и се брцкаат во шербет и се валкаат во кокос. Лубеници - најубаввите колачињаа 500гр. бисквити 1маргарин 250гр. шеќер во прав 1 фил. мелко 1 ванила 250гр. ореви мелени Тестото се дели на два дела во едниот се става црвен екстракт а во другиот зелен од црвениот осум топчиња и од зелениот осум топчиња и сега тоа ќе биде во форма на топка и ќе се направи како ѕвезда низ цело тесто и да има помало топче во средина (не многу мало ) и другото да е црвено и потоа одите првиот дел од надвор да е зелен па црвен и се така
Сакам да ви кажам еден рецепт за чоколадо со ориз, многу е лесен и одма се прави, а и многу е вкусно Чоколадо со ориз Потребно: 2 чоколади за готвење, 1 пакетче оризови снегулки и еурокрем ( 400-500г) Подготовка: Во тенџере на пареа или тивок оган се ставаат 6 лажици масло, се додаваат чоколадите искршени на парчиња и се топат, па се додава еурокремот и откако се ќе се стопи се трга настрана и му се додаваат оризовитре снегулки и се меша со лажица за да се соединат. Може да се направи како топчиња или други форми или пак да се стави во правоаголен сад и да добие форма на чоколадо. Добар апетит!
Хоупфул го знам благово и многу ме бендисува. Ама имам еден проблем Еднаш решив да го правам рецептов и баш како што викаш ти- ги растопив чоколадите, го ставив еурокремот и после оризовите снегулки и погоди што ми се изгубија во смесата , абе се стопија буквално ги снема и после така го јадевме чоколадо со стопен ориз Сакам да те прашам дали веднаш ги ставаш снегулките или чекаш чоколадната смеса да се олади? Гледам тоа го немаш пишано во рецептот, а не пишуваше ниту во мојот- изгледа се подразбирало, а?
Бомбици со локум локум шеќер во прав кокос пола лимон (исцеден) Од сето ова се замесува тесто. Се прават топчиња и се валкаат во кокос. Обланди 1 пакување обланди 750 г. шеќер 200 г. мелени лешници 400 г. мелени бисквити 1 маргарин во коцка 400 мл. вода Во тенџере се ставаат водата и шеќерот да вријат 2 минути. Откако ќе зовријат, тенџерето се трга од оган. Маргаринот се топи и се додава во шербетот. Се додаваат мелените лешници и се меша. Се додаваат мелените бисквити и пак се меша. Додека филот е топол се става врз обландите. Шишарки 200 г. маргарин во коцка 100 г. чоколадо за готвење 100 г. шеќер 200 г. мед 100 г. сусам 100 г. ореви чокомакс Во тенџере се ставаат маргаринот, шеќерот, чоколадото и медот да се стопат. Откако ќе се стопат, тенџерето се трга од оган. Се додаваат сусамот, оревите и чокомаксот. Ова се меша. Шишарките се обликуваат во цедилка за лимон.
Тро касно ама имам еден рецепт од мафини, и с енавистина вкусни. 250гр. брашно 80гр. шеќер 1/2 пециво 1 ванила 1/2 пакетче цимет 1/2 лажиче сол 3 лажички капучино (какво било) Во подлабок сад се мешаат сиве заедно и се додава: 200мл. млеко 1 јајце 70 гр. путер растопен 80гр. чоколадо сецкано или рендано (подобро сецкано за да ко ке изладат после да останат поголеми парчиња чоколадо) Сево се меша и се турва во калапи (оние што се како корпињата за визитарски колачи).
Сникерс 2 јајца 250 г. шеќер во прав 250 г. маргарин 300 г. мелени бисквити 300 г. сецкани кикирики 200 г. мелени кикирики рендана кора од лимон мед чоколадо за готвење Се матат маргаринот и шеќерот во прав. Се додаваат јајцата, мелените бисквити, мелените кикирики и ренданата кора од лимон. Ова се мати и се формира долгнавеста форма. Од сите страни се мачка со мед. Чоколадото за готвење се топи. Одозгора се ставаат сецканите кикирики и се прелива со чколадото за готвење. Се сече на мали правоаголници.
Топчиња со банана Потребно: - 1 банана - 1 портокал - 150 гр. мелени бисквити - 100 гр. мелени ореви - 50 гр, шеќер во прав - 1 лажица путер - 50 гр. чоколада за готвење ____________________________________ Бананата ја лупиме и ја сечкаме на парчиња, ја пасираме и ги додаваме бисквитите, шеќерот во прав, путерот и оревите. Го додаваме и портокалот и ја месиме смесата. Потоа го додаваме и ренданото чоколадо и ги обликуваме топчињата. По желба ги увалкуваме во чоколадни трошки.
Jас одма ги ставам и досега не се има случено да се стопат, а и во мојот не пишуваше дали одма треба или потоа. Sorry што пишам по подолго време