ТЕМА: Колачи

Мислење 10 Мар 2010, 21:36

Зајак.23, добар ти е рецептов, ама ќе мора да го преведеш... и мерките по наше да ги напишеш... не разбираат сите тука англиски, а и да разбираат, мерките ни се малку познати :)
Annath

Црвено цветче
 
549110414
Мислења: 5334
Зачленет: 09 Јан 2010, 16:01

Мислење 11 Мар 2010, 02:12

Ресана торта

1 кило ресана
200г. мелени ореви
250мл. млеко
1 маргарин Кристал

Секоја ресана се сече на 4 дела и исечените ресани се ставаат во длабок сад.Се додаваат мелените ореви и тоа се меша.Во тенџере се ставаат млекото и маргаринот,за маргаринот да се стопи.Откако марагринот ке се стопи,тенџерето се трга од оган.Свареното млеко се додава во длабокиот сад и тоа се меша.Се формира тортата.

Ролат со крем-банани

700г. мелени бисквити
4 филџани шеќер
4 филџани млеко
1 чоколадо за готвење
1 маргарин Кристал
1 ванила
крем-банани

Во тенџере се ставаат млекото,шеќерот,чоколадото за готвење,маргаринот и ванилата,да зовријат.Откако ќе зовријат,тенџерето се трга од оган и се остава да се излади на собна температура.Се додаваат мелените бисквити и тоа се меша.На проѕирна фолија се расукува кора.Врз кората се редат 2 реда крем-банани.Се витка ролат.
Аватар на корисникот
SummerGirl

Црвено цветче
 
5820
Мислења: 5254
Зачленет: 10 Мар 2010, 20:43
Локација: Скопје
Слика

Слика

Мислење 17 Јун 2010, 21:39

Бомбици со кокос

100гр. кокос се меша со 100гр. локум и се додава 100гр. шеќер во прав и сок од лимон.Се прават бомбици и се украсуваат по желба

Бомбици од смокви
1/2 кг. смокви
250гр. мелени ореви
250гр. шеќер во прав
Се замесува со сок од портокал

Бомбици
1маргарин
300гр. шеќер во прав
сецкани ореви
малку какао
100гр. суво грозје
100гр. кокос
1/2 кг. кршени бисквити

Ванилици
6лаж. шеќер
2јајца
2 филџани (за кафе) вода
1 пециво
1 ванилин шеќер
1 кг. брашно
Се прават фигури по желба и се печат.Може и да се лепат дево по две со мармалад.Топли се валкаат во шеќер во прав.

Посни бомбици
1 кг. рендана јаболка
700 гр. шеќер да се свари убаво да се згусне и се прават бомбици и се валкаат во мелени ораси

Колачи со пиво
6 шолји зејтин
3 шолји пиво
1 пециво и брашно по потреба.Се меси се додека се собере тестото како топка.Се прават како топчиња и се печат и се брцкаат во шербет и се валкаат во кокос.

Лубеници - најубаввите колачињаа :)
500гр. бисквити
1маргарин
250гр. шеќер во прав
1 фил. мелко
1 ванила
250гр. ореви мелени
Тестото се дели на два дела во едниот се става црвен екстракт а во другиот зелен
од црвениот осум топчиња и од зелениот осум топчиња
и сега тоа ќе биде во форма на топка и ќе се направи како ѕвезда низ цело тесто и да има помало топче во средина (не многу мало ) и другото да е црвено и потоа одите првиот дел од надвор да е зелен па црвен и се така :)
Аватар на корисникот
annii

Жолто цветче
 
917767
Мислења: 2767
Зачленет: 16 Апр 2010, 12:22
Локација: California
“Wake up and live”

Мислење 16 Јул 2010, 00:17

Сакам да ви кажам еден рецепт за чоколадо со ориз, многу е лесен и одма се прави, а и многу е вкусно :)
Чоколадо со ориз

Потребно: 2 чоколади за готвење, 1 пакетче оризови снегулки и еурокрем ( 400-500г)
Подготовка:
Во тенџере на пареа или тивок оган се ставаат 6 лажици масло, се додаваат чоколадите искршени на парчиња и се топат, па се додава еурокремот и откако се ќе се стопи се трга настрана и му се додаваат оризовитре снегулки и се меша со лажица за да се соединат.
Може да се направи како топчиња или други форми или пак да се стави во правоаголен сад и да добие форма на чоколадо.
Добар апетит! :)
Аватар на корисникот
Hopeful

Зелено цветче
 
14345538
Мислења: 998
Зачленет: 15 Јун 2010, 14:17
Слика

Мислење 16 Јул 2010, 00:55

Hopeful напиша:Сакам да ви кажам еден рецепт за чоколадо со ориз, многу е лесен и одма се прави, а и многу е вкусно :)

Хоупфул го знам благово и многу ме бендисува. Ама имам еден проблем :D
Еднаш решив да го правам рецептов и баш како што викаш ти- ги растопив чоколадите, го ставив еурокремот и после оризовите снегулки и погоди што :tmi: ми се изгубија во смесата :lol: , абе се стопија буквално ги снема :D
и после така го јадевме чоколадо со стопен ориз :D :D
Сакам да те прашам дали веднаш ги ставаш снегулките или чекаш чоколадната смеса да се олади? Гледам тоа го немаш пишано во рецептот, а не пишуваше ниту во мојот- изгледа се подразбирало, а? :lol:
sesilija

Жолто цветче
 
71425410
Мислења: 3421
Зачленет: 12 Јан 2010, 00:24

Мислење 25 Јул 2010, 21:14

Бомбици со локум

локум
шеќер во прав
кокос
пола лимон (исцеден)

Од сето ова се замесува тесто. Се прават топчиња и се валкаат во кокос.

Обланди

1 пакување обланди
750 г. шеќер
200 г. мелени лешници
400 г. мелени бисквити
1 маргарин во коцка
400 мл. вода

Во тенџере се ставаат водата и шеќерот да вријат 2 минути. Откако ќе зовријат, тенџерето се трга од оган. Маргаринот се топи и се додава во шербетот. Се додаваат мелените лешници и се меша. Се додаваат мелените бисквити и пак се меша. Додека филот е топол се става врз обландите.

Шишарки

200 г. маргарин во коцка
100 г. чоколадо за готвење
100 г. шеќер
200 г. мед
100 г. сусам
100 г. ореви
чокомакс

Во тенџере се ставаат маргаринот, шеќерот, чоколадото и медот да се стопат. Откако ќе се стопат, тенџерето се трга од оган. Се додаваат сусамот, оревите и чокомаксот. Ова се меша. Шишарките се обликуваат во цедилка за лимон.
Аватар на корисникот
SummerGirl

Црвено цветче
 
5820
Мислења: 5254
Зачленет: 10 Мар 2010, 20:43
Локација: Скопје
Слика

Слика

Мислење 31 Јул 2010, 17:04

bumbi напиша:Znae li nekoj recept kako se pravat muffins (mislam amerikanski kolaci se), bi sakala da gi probam sekogas mi izgledaat mn vkusno na televizija :D pa da vidam dali navistina e taka :D :D

Тро касно ама имам еден рецепт од мафини, и с енавистина вкусни.

250гр. брашно
80гр. шеќер
1/2 пециво
1 ванила
1/2 пакетче цимет
1/2 лажиче сол
3 лажички капучино (какво било)
Во подлабок сад се мешаат сиве заедно и се додава:
200мл. млеко
1 јајце
70 гр. путер растопен
80гр. чоколадо сецкано или рендано (подобро сецкано за да ко ке изладат после да останат поголеми парчиња чоколадо)
Сево се меша и се турва во калапи (оние што се како корпињата за визитарски колачи).
Tikve

Фем почетничка
 
30
Мислења: 24
Зачленет: 15 Јул 2010, 17:49

Мислење 05 Авг 2010, 14:34

Сникерс

2 јајца
250 г. шеќер во прав
250 г. маргарин
300 г. мелени бисквити
300 г. сецкани кикирики
200 г. мелени кикирики
рендана кора од лимон
мед
чоколадо за готвење

Се матат маргаринот и шеќерот во прав. Се додаваат јајцата, мелените бисквити, мелените кикирики и ренданата кора од лимон. Ова се мати и се формира долгнавеста форма. Од сите страни се мачка со мед. Чоколадото за готвење се топи. Одозгора се ставаат сецканите кикирики и се прелива со чколадото за готвење. Се сече на мали правоаголници.
Аватар на корисникот
SummerGirl

Црвено цветче
 
5820
Мислења: 5254
Зачленет: 10 Мар 2010, 20:43
Локација: Скопје
Слика

Слика

Мислење 11 Авг 2010, 14:59

Топчиња со банана

Потребно:
- 1 банана
- 1 портокал
- 150 гр. мелени бисквити
- 100 гр. мелени ореви
- 50 гр, шеќер во прав
- 1 лажица путер
- 50 гр. чоколада за готвење
____________________________________
Бананата ја лупиме и ја сечкаме на парчиња, ја пасираме и ги додаваме бисквитите, шеќерот во прав, путерот и оревите. Го додаваме и портокалот и ја месиме смесата. Потоа го додаваме и ренданото чоколадо и ги обликуваме топчињата. По желба ги увалкуваме во чоколадни трошки.
Аватар на корисникот
rainlover

Зелено цветче
 
574467
Мислења: 961
Зачленет: 23 Јун 2010, 21:59

Мислење 16 Авг 2010, 22:18

sesilija напиша:
Hopeful напиша:Сакам да ви кажам еден рецепт за чоколадо со ориз, многу е лесен и одма се прави, а и многу е вкусно :)
Чоколадо со ориз

Потребно: 2 чоколади за готвење, 1 пакетче оризови снегулки и еурокрем ( 400-500г)
Подготовка:
Во тенџере на пареа или тивок оган се ставаат 6 лажици масло, се додаваат чоколадите искршени на парчиња и се топат, па се додава еурокремот и откако се ќе се стопи се трга настрана и му се додаваат оризовитре снегулки и се меша со лажица за да се соединат.
Може да се направи како топчиња или други форми или пак да се стави во правоаголен сад и да добие форма на чоколадо.
Добар апетит! :)

Хоупфул го знам благово и многу ме бендисува. Ама имам еден проблем :D
Еднаш решив да го правам рецептов и баш како што викаш ти- ги растопив чоколадите, го ставив еурокремот и после оризовите снегулки и погоди што :tmi: ми се изгубија во смесата :lol: , абе се стопија буквално ги снема :D
и после така го јадевме чоколадо со стопен ориз :D :D
Сакам да те прашам дали веднаш ги ставаш снегулките или чекаш чоколадната смеса да се олади? Гледам тоа го немаш пишано во рецептот, а не пишуваше ниту во мојот- изгледа се подразбирало, а? :lol:
Jас одма ги ставам и досега не се има случено да се стопат, а и во мојот не пишуваше дали одма треба или потоа. Sorry што пишам по подолго време ;)
Аватар на корисникот
Hopeful

Зелено цветче
 
14345538
Мислења: 998
Зачленет: 15 Јун 2010, 14:17
Слика

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 25 гости