ТЕМА: Колачи

Мислење 10 Јан 2012, 18:21

1. Бајадера колачиња
Состојки:
400 г. путер
10 лажици вода
400 г. шеќер во прав
400 г. мелени лешници
400 г. мелени бисквити
4 реда чоколадо за готвење
Подготовка:
Сите состојки освен чоколадото да се промешаат и смесата да се подели на 2 дела. Двете смеси да остават во фрижидер 2 часа.
Потоа ги вадите и во едната смеса ставате растопено чоколадо за готвење. Смесата во која нема чоколадо прва ја размачкувате на плех, со дебелина од 1 прст, а врз неа ја размачкувате и смесата со чоколадо со истата дебелина. Повторно ставете ја во фрижидер да се олади.
Кога ќе се олади се сече на ленти.
2. Колачиња со суви кајсии и корнфлекс
Состојки:
50 г. чоколадо за готвење
50 г. бадеми
170 г. корнфлекс
2 лажици мед
1 дл. сок од портокал
200 г. суви кајсии
Подготовка:
Кајсиите исецкајте ги и варете ги 10-тина минути во сокот од портокал и мед. Потоа оставете ги да се оладат.
Корнфлексот измешајте го со сецканите бадеми и додајте ја смесата од кајсии, сок од портокал и мед. Развлечете ја смесата на алуминиумска фолија.
Стопете го чоколадото и прелијте го колачот со чоколадна глазура. Кога глазурата ќе се олади исечкајте го колачот на ромбоидни парчиња.
Колачот ќе биде повкусен ако го оставите да отстои барем 1 ден.
3. Тоблероне колачиња
Состојки:
3 јајца
300 г. чоколадо за готвење
300 г. лешници
300 г. путер
300 г. бисквити
300 г. шеќер
Подготовка:
200 г. шеќер растопуваме во тенџере и додаваме 200 г. препечени цели лешници, мешаме и ги ставаме во чинија (премачкана со масло) да се оладат. Остатокот од шеќерот се мати со јајцата (додека да се добие пена). Путерот посебно се мати со миксер и се меша со јајцата, се додава стопеното и оладено чоколадо и 100 г. мелени лешници. Оладените лешници со шеќер се сецкаат ситно, па се додаваат во смесата и се додаваат и бисквитите. Смесата добро се меша и се сипува во калапи. Се остава во фрижидер да се стегне, па се вади од калапите и се сече.
4. Ѕвездички со желе од рибизли
Состојки:
700 г. брашно
2 кесички ванилин шеќер
½ лажичка сол
400 г. путер
250 г. шеќер во прав
2 белки
450 г. мармалад
Путер
Подготовка:
Путерот, шеќерот и белките се матат со миксер (додека да се добие пена), се додава малку сол и ванилин шеќер. Одозгора се посипува со брашно па се замесува мазно тесто. Со рацете се оформуваат 2 топки тесто па се ставаат пола час на ладно место. Се зема плех и се премачкува со путер. Едната и другата топка тесто се развлекуваат со сукало до дебелина од 2 мм па се вадат округлести колачиња (околу 6 см пречник) по можност со запчеста ивица со специјална модла за колачи или ако немате - со чаша. На пола од колачите на средината им се прават 3 округлести отворчиња или 3 мали срца (со помош на специјална модла) за да се гледа црвеното желе што ќе биде одоздола намачкано.
Колачите се редат во плех и се печат во претходно загреана рерна на 200°С околу 8 – 10 минути. Потоа се оставаат малку да се оладат.
Желето од рибизли се загрева малку, полека се промешува, па со тоа се премачкува долниот дел од колачињата (оние без дупчиња).
Одозгора се ставаат колачињата со дупчиња, се лепат убаво и се наросуваат со шеќер во прав.
Се добиваат околу 80 колачиња, имаат долг рок на траење.
5. Бисквити од мусли
Состојки:
4 лажици млеко
2 лажици варена тиква
2 лажици суво грозје
2 лажици брашно
½ лажица прашак за пециво
250 г. овесни снегулки
2 јајца
½ кесичка ванилин шеќер
100 г. шеќер
125 мек путер
Подготовка:
Изматете ги со миксер путерот, шеќерот и ванилиниот шеќер. Додајте ги јајцата и продолжете со матење. Потоа се додаваат останатите состојки и тестото се замесува. Оставете го тестото да мирува 30-тина минути.
Загрејте ја рерната на 180°С. Направете топчиња од тесто и наредете ги на плех во кој претходно сте ставиле хартија за печење. Печете 15-20 минути.
6. Фигаро колачиња
Состојки:
2 парчиња обланди
1 лимон
250 г. ореви
5 жолчки
500 г. шеќер
250 г. путер
Подготовка:
Путерот стопете го на пареа. Додадете 250 г. шеќер, жолчките и оревите и промешајте. Потоа оваа смеса тргнете ја од оган.
Во друг сад стопете ги останатите 250 г. шеќер. Кога ќе пожолти додадете го во смесата и измешајте. Смесата рамномерно нанесете ја на едното парче обланда, потоа преклопете со другото и притиснете ја со нешто тешко. Оставете да се олади на собна температура и исечете на коцкички.
7. Кокос марципан
Состојки:
2 пакувања ванилин шеќер
100 г. суво грозје
100 г. бадеми
¼ кг. млеко во прав
¼ кг. кекси
¼ кг. кокос
¼ л. вода
800 г. шеќер
200 г. путер
Подготовка:
Сите состојки се мешаат во една здела. Во друг сад, посебно се мешаат шеќерот и водата и се варат кратко, па се додава уште и путерот и додека е врело се посипува врз сувата смеса во зделата. Убаво се меша и се размачкува на плех со дебелина од 1 прст. На плехот претходно се става хартија за печење. Пред да се олади, смесата се прелева со глазура од чоколадо. Потоа се остава еден ден да се олада, стегне и отстои, па се сече на коцки.
8. Црни труби
Состојки:
100 г. шеќер во прав
180 г. маргарин
70 г. ореви
1 јајце
1 жолчка
1 лажичка какао
350 г. брашно
Подготовка:
Сите состојки се мешаат и се замесува тесто. Се сука со дебелина од 2мм. и се сече на квадрати 10х4 см. Потоа, се намотуваат на лимени калапчиња (труби), се сечат на половина, се ставаат на плех и се печат.
Печените труби се полнат со крем направен од: 10 јајца, 20 супени лажици шеќер и две пакување маргарин (од 500 г.). Јајцата и шеќерот се мешаат и готват на пареа, па се додава маргаринот и се остава кремот да се лади. Кремот се става во шприц за декорирање торти и со него се полнат трубите. Двете страни на трубите се потопуваат во чоколадна глазура: 100 г. чоколадо и 100 г. маргарин стопени на тивок оган.
9. Медени колачиња
Состојки:
1 лажичка прашак за пециво
1 пакување ванилин шеќер
1 филџан ореви
1 јајце
4 лажички мед
200 г. маргарин
200 г. шеќер
350 г. брашно
половина лажичка цимет
Подготовка:
Брашното измешајте го со прашакот за пециво и цимет, додадете шеќер, ванилин шеќер и ореви. Потоа додадете ги и маргаринот, медот и јајцето и добро измешајте. Смесата треба да отстои половина час.
Калапчињата намачкајте ги со масло и напрашете ги со брашно. До половина наполнете ги со смесата и печете ги околу 15 минути на 180 степени. Додека се врели, извалкајте ги во шеќер во прав.
10. Данини колачиња
Состојки:
300 г. чоколадо за готвење
300 г. лешници
300 г. еурокрем
Подготовка:
Сите состојки се ставаат во сад и на тивок оган се мешаат додека смесата не се изедначи. Потоа смесата се трга од огнот и додека е врела се сипува во мали хартиени корпички. Се оставаат во ладилник околу два часа да се оладат и зацрстат.
Аватар на корисникот
s.t.e.f.a.n.j.a

Сино цветче
 
3813
Мислења: 366
Зачленет: 04 Јан 2012, 22:06
Локација: Во дневната на креветот
ЕДНА МИНУТА ТАГА ТИ ОДЗЕНА 60 СЕКУНДИ СРЕЌА

Мислење 10 Јан 2012, 23:52

Чоколадна торта-колач
СОСТОЈКИ
• 9 големи лажици путер
• 6 мали лажици брашно
• 120 гр темна чоколада
• 2 јајца
• 2 жолчки
• ¼ шолја шеќер
• 1 голема лажица какао
ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 230℃. Земете 4 калапи за торта и намастете ги со путер. Попрскајте ги калапите со малку брашно и потоа обложете ги со хартија за печење.
Ставете еден голем сад и наполнете го со вода. Откако водата ќе почне да зоврива, ставете во неа уште еден сад во кој ќе го ставите чоколадото и путерот. Намалете ја температурата и варете сѐ додека не се истопи целото чоколадо (околу 10 минути).
Во меѓувреме, со миксер измешајте ги јајцата, жолчките и шеќерот. Миксирајте околу 2–3 минути, сѐ додека не се добие густа и светло жолта смеса. Измешајте ги чоколадото и путерот и додадете ги на смесата со јајца. Измешајте добро и додадете уште 2 мали лажици брашно. Повторно промешајте.
Смесата распоредете ја подеднакво во секој калап и печете 6–7 минути. Сервирајте во чинија за десерт. Превртете го калапот на чинијата и оставете го 10-тина секунди. Отстранете го калапот. Попрскајте го десертот со какао. Можете да декорирате со топка сладолед и да добиете топло-ладен десерт.
Аватар на корисникот
s.t.e.f.a.n.j.a

Сино цветче
 
3813
Мислења: 366
Зачленет: 04 Јан 2012, 22:06
Локација: Во дневната на креветот
ЕДНА МИНУТА ТАГА ТИ ОДЗЕНА 60 СЕКУНДИ СРЕЌА

Мислење 22 Јан 2012, 02:19

Не знам дали претходно некој го има оставено рецептов. Мајка ми ме замоли да го побарам на интернет и денеска ја направи. Превкусна е.

Монте

Состојки

Кора
- 3 јајца
- 5 лажици шеќер
- 3 лажици топла вода
- 3 лажици брашно
- 3 лажици какао
- 1/2 прашок за пециво

Прелив
- 1/2 дцл. млеко
- 2 полни лажици несквик или нескафе

Бел фил
- 6 дцл. млеко
- 5 лажици шеќер
- 6 лажици густин
- 2 кесички ванилин шеќер
- 20 гр. бело чоколадо
- 150 гр. маргарин

Црн фил
- 200 гр. темно чоколадо
- 100 гр. млечно чоколадо
- 5 дцл. слатка павлака

Подготовка

1. Пенасто изматете ги јајцата и шеќерот, додадете ја водата и матете уште малку. Додадете ги сите останати состојки кои пред тоа сте ги измешале и матете додека се соединат. Печете 20 минути на 180 степени во калап 20×30 см.

2. Врз печената кора нанесете го преливот (во врело млеко додадете го несквикот и измешајте).

3. За белиот фил одделете неколку лажици млеко за растворање на густинот. Останатото млеко заедно со шеќерот ставете го да зоврие, а потоа додадете го густинот. Мешајте неколку минути, па додадете го чоколадото и ванилиниот шеќер. Мешајте се додека не се растопи чоколадото.
Покриете со проѕирна фолија и оставете да се излади. Во изладената смеса додадете го изматениот маргарин.

4. За темниот фил, ставете ја слатката павлака на тивок оган и додадете ги двете врсти чоколадо. Оставете да се лади околу 2 часа.

5. Изладената кора премачкајте ја со белиот, па со црниот фил.
Аватар на корисникот
Dulceee

Зелено цветче
 
832616
Мислења: 538
Зачленет: 27 Јул 2011, 19:29

Мислење 25 Јан 2012, 19:13

Уфф се изначитав и ми се пријаде. :sweat:
Ајде да споделам и јас нешто со вас,ова се штрудлички вкусни се и многу отвараат апетит од јаболката изгледа. :lol:

Штрудли

350 мл масло
250 мл млака вода
5 лажици шеќер
1 квасец
1 ванилен шеќер
брашно (колку за помеко тесто)
изрендана кора од еден лимон
*за фил:
8-10 јаболка
3 лажици гриз
4 лажици шеќер
200 гр мелени ореви

Приготвување:
Во длабок сад замесуваме помеко тесто од брашното,водата,маслото,квасецот,па ја додаваме кората од лимон(а и не мора).Оставаме тестото да нарасне ,а во меѓу време го подготвуваме филот.Јаболката ги лупиме и ги рендаме,ги ставаме во сад,па ги додаваме шеќерот,гризот,мелените ореви и мешаме.Од тестото развлекуваме кора и ја сечеме на ленти со широчина од 10см.На секоја лента со лажица нанесуваме од филот и виткаме во вид на ролат.Сечеме на парчиња со должина од 5см,ги редиме во тава премачкана со маргарин и ги печеме на 200 степени 25 минути.На крај ги наросуваме со шеќер во прав.
Прикачени фајлови
30-08-11-16-11(001).jpg
Аватар на корисникот
song

Сино цветче
 
4329
Мислења: 120
Зачленет: 08 Јан 2012, 19:02
Локација: Vo potraga.. ;)

Мислење 30 Јан 2012, 22:00

song напиша:Уфф се изначитав и ми се пријаде. :sweat:
Ајде да споделам и јас нешто со вас,ова се штрудлички вкусни се и многу отвараат апетит од јаболката изгледа. :lol:

Штрудли

350 мл масло
250 мл млака вода
5 лажици шеќер
1 квасец
1 ванилен шеќер
брашно (колку за помеко тесто)
изрендана кора од еден лимон
*за фил:
8-10 јаболка
3 лажици гриз
4 лажици шеќер
200 гр мелени ореви

Приготвување:
Во длабок сад замесуваме помеко тесто од брашното,водата,маслото,квасецот,па ја додаваме кората од лимон(а и не мора).Оставаме тестото да нарасне ,а во меѓу време го подготвуваме филот.Јаболката ги лупиме и ги рендаме,ги ставаме во сад,па ги додаваме шеќерот,гризот,мелените ореви и мешаме.Од тестото развлекуваме кора и ја сечеме на ленти со широчина од 10см.На секоја лента со лажица нанесуваме од филот и виткаме во вид на ролат.Сечеме на парчиња со должина од 5см,ги редиме во тава премачкана со маргарин и ги печеме на 200 степени 25 минути.На крај ги наросуваме со шеќер во прав.

Сега само што ги направив и излегоа ммммммммммм
само јас не сум јас ако не си направам нешто и по мое :D
на дел од нив ставив као што ти си предложила. а дел ги завиткав со слатко од зрели мокви(само смоквите без течноста), а дел ги наполнив со слатко од капини(само капините)
Сега го чекам љубениот да си дојде од фудбал и да падне во несвес :D
фала ти за преубавиот рецепт :*
Аватар на корисникот
Chupe

Сино цветче
 
186147
Мислења: 315
Зачленет: 25 Јан 2011, 16:22

Мислење 31 Јан 2012, 20:53

Браунис со крем

1/2 cup крем или 2 полни лажици крем
1 јајце
4-5лажици брашно
ореви,бадеми...(по желба)

Во сад стaвете го кремот, јајцето пак брашното, изматете додека не добиете хомогена смеса.
Загрејта ја рерната на 250 и печете 10тина минути.

Ги правев пред некој саат и се многу вкусни. :inlove:
Еве го рецептот на англискиhttp://savorysweetlife.com/2010/08/4-ingredients-nutella-brownies/
Аватар на корисникот
dancing.queen

Зелено цветче
 
10012086
Мислења: 735
Зачленет: 01 Фев 2010, 16:58
Локација: на врвот на Ајфелова
I can't be what other people want me to be.

Слика

Мислење 15 Фев 2012, 17:07

Имам вакви модли слични, за колачи, по 6 на една модла а формата е како цвет
Слика

Е сега ми треба некој рецепт по можност со чоколадо.
Аватар на корисникот
Emma89

Сино цветче
 
65224
Мислења: 391
Зачленет: 11 Апр 2010, 12:33
Локација: Малдиви

Мислење 15 Фев 2012, 20:59

SISARKI
150gr seker
1 margarin
1 lazica kako
8 lazici med
100gr susam
1 kutija EMBI
Seto toa se stava vo tendzere i se stava na ogan da zovrie.Potoa otkako ke zovrie se stavaat EMBI i se mesaat.Potoa se stavaat vo kalpce za cedenje limon i se vadat na masa.
izabela2

Фем почетничка
 
10
Мислења: 1
Зачленет: 15 Фев 2012, 20:47

Мислење 19 Фев 2012, 18:10

кажете нешто без многу варење печење пржење.. :) :hai:
Аватар на корисникот
annabieber

Бело цветче
 
80
Мислења: 55
Зачленет: 09 Јан 2012, 15:34

Мислење 19 Фев 2012, 18:11

annabieber напиша:кажете нешто без многу варење печење пржење.. :) :hai:

Медено срце од продавница ;)
Аватар на корисникот
Somnitelno-Lice

Бело цветче
 
12416
Мислења: 84
Зачленет: 09 Фев 2012, 01:02
Локација: Liberty Island

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 3 гости

Site Meter