1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колачи

Дискусија во 'Рецепти' започната од soledad, 7 декември 2009.

  1. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Женски ми треба итно еден рецепт за киндер коцките. Ги има во храна и вино бр36 од 2007 е, ама на страницата не им се отвараат рецептите. |( А стварно се многу вкусни. Да не го има некој случајно рецептот?
     
  2. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Пишкоти

    * 50 грама Шеќер во прав
    * 120 грама Шеќер
    * 4 Жолчка/ки
    * 50 грама Гриз
    * 50 грама Брашно
    * 4 Белка/ки
    Жолчките се матат пенасто со 1/3 од количеството шеќер. Се мати цврст снег од белките и се додава шеќерот, потоа и скробното брашно.
    Се додава смесата од жолчките.
    Се додава просејаното обично брашно.

    Рерната се загрева на 200 Целзиусови степени. Тавчето се покрива со пергамент хартија.
    Добиеното тесто се става со шприц со голем отвор. На тавчето се истегнуваат ленти долги 8 см.
    Треба да се внимава на растојанието меѓу лентите.

    Се пече 12-15 минути на средната преграда во рерната, додека пишкотите не добијат светло жолта боја.
    Кога ќе се оладат, се посипуваат со шеќер во прав.

    Мач мелоу

    * 21 Шекер лажичка/ки
    * 200 грама Шеќер во прав
    * 200 грама Путер
    * 100 милилитри Млеко
    * 1 лажица/ци Лимонов сок
    * 3 лажица/ци Какао
    * 300 милилитри Вода
    * 2 Ванила пудинг/а
    * 100 грама Брашно
    * 6 Јајца/це
    Се матат 6 јајца со 6 лажици шеќер, потоа се додаваат 60 грама брашно и 3 лажици какао. На печеното тесто му се додава прелив направен од 300 милилитри вода, 15 лажици шеќер и малку лимон.

    Колачот се филува со следниов фил:
    Се варат 2 пудинга од од ванила во 100 милитри млеко, и 40 грама брашно. Кога ќе се свари и ќе се олади, се додава путер изматен со 200 грама шеќер во прав, се меша и се сипува преку колачот. Одозгора се прелива со чоколадо.

    Ахх ми се сојаде благо :D
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    * чоколадни љубовни срциња

    за срцата:
    - 200 гр чоколада за готвење
    - 1 лажица масло
    - калапчиња во облик на срце (калапчињата по можност да се силиконски, не хартиени)

    * за кремот:

    - 200 гр млечна чоколада
    - 120 мл слатка павлака
    - 4-5 лажици цеден сок од портокал (или една кафена лажица од екстрактот на вашето омиле овошје)

    чоколадата растопете ја со маслото. во калапчињата нанесувајте по една кафена лажица растопена чоколада. со остра четка премачкувајте ја внатрешноста на целото калапче. премачканиот калап веднаш ставете го во фрижидер. постапката ја повторувате и со другите калапчиња... постапката со премачкување повторете ја 3 пати...

    крем - чоколадата искршете ја на поситни парчиња. слатката павлака загрејте ја и тргнете ја од оган неколку секунди пред да зоврие, а потоа прелијте ја чоколадата оставете ја 2 мин.
    потоа додадете го сосот од портокал (или веќе одбраното овошје) и мешајте додека не се соедини и целата чоколада не се растопи.
    наполнете ги чоколадните срца со кремот. ставете ги во фрижидерот да постојат 10 - 15 минути. откако ќе ги извадите срцињата од фрижидерот, повторно премачкајте ги со првичната растопена чоколада, израмнете ги. повторно вратете ги срцињата во фрижидер да се стегнат (така тие однадвор ќе бидат како тврдо чоколадо, а внатре полни со крем) ... и по некое време извадете ги и сервирајте ги (нормално без калапчиња, ќе ги извадете од калапчињата).
    ако сакате да ви изгледаат како на сликата, можете да ги украсите со мали срциња од страна или направете некоја ваша декорација...
     

    Прикачени фајлови:

    • untitledkjuk.JPG
      untitledkjuk.JPG
      Големина на фајлот:
      26,8 KB
      Прегледи:
      1.270
    На maca78, ikicaa и teddybear им се допаѓа ова.
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    * колачиња со путер од кикиритки

    - 125 гр маргарин
    - 100 гр кафен шеќер
    - 100 гр путер од кикиритки
    - 150 гр брашно
    - 1 лажица какао
    - 50 гр посна чоколада
    - 50 гр посна црна чоколада
    - масло за јадење

    во сад ставете ги маргаринот и шеќерот и матете со мискер се додека маргаринот не стане пенаст. додадете ги путерот од кикиритки, брашното и какаото, па матете ги состојките се додека состојките не се соеднинат.
    земајте од смесата, формирајте топчиња и редете ги во тава за печење, обложена со хартија. секое топче со вилушка притиснете го одозгора и потоа уште еднаш попреку за да добие мрежеста форма. печете 20 минути на 180 степени.
    испечените колачиња оставете ги да се изладат. во сад со пареа растопете ја белата чоколада со малку масло. во друг сад со пареа растопете ја црната чоколда исто со малку масло. изладените колачиња до половина потепете ги во белото растопено чоколадо, а откако ќе се стегне чоколадата на колачето, потопете ја другата половина во црното чоколадо.

    еве рецепт и за домашен путер од кикиритки

    - 560 гр сирови кикиритки
    - 1 кафена лажица сол
    - 5 кафени лажици шеќер
    - 3 кафени лажици масло за јадење

    кикиритките печете ги во загреана рерна на 200 степени, додека не добијат светло кафена боја. изладете ги и излупете ги. секое зрно разделете го на половина и извадете го никулецот (не е неопходно, но ако не го извадете , путерот малку ќе горчи).
    кикиритките први грубо се мелат во блендер, а потоа во машина за мелење афион. во мелената смеса додајте ја солта и шеќерот, па изматете со мискер. така измешаната смеса се загрева во тенџере (никако до вриење).
    од оваа количина се добива 1 тегла од 500 гр путер од кикиритки.
     
    На Summerlover и LivingGlam им се допаѓа ова.
  5. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Капучино колач

    * 150 грама Шеќер во прав
    * 30 Пишкоти
    * 650 милилитри Млеко
    * 150 грама Маргарин
    * 2 лажици Крем
    * 1 кесичка Капучино
    * 2 Ванила пудинг
    * 100 милилитри Јогурт
    Сварете го пудингот со млеко и оставете го да се олади.
    Маргаринот пенесто изматете го со шеќер во прав и соединете со оладениот пудинг.
    Додадете го овошниот јогурт, овошје (ако сакате), еурокрем и половина кесичка капучино.
    Сето тоа добро изматете го, за филот убаво да се соедини.
    Помешајте 100 мл. млеко со преостанатото капучино и промешајте, па во тоа изматете ги пишкотите и редете ги на сад за пуслужување, па преку нив фил и повторно пишкоти.
    На крајот, одозгора ставете шлаг.
    (Наместо пишкоти можете да искористите пандишпан).

    Чоколаден кох

    * 100 грама Шеќер
    * 150 грама Чоколадо за готвење
    * малку Сол
    * малку Сода бикарбона
    * 45 грама Путер
    * 300 милилитри Млеко
    * 30 грама Брашно
    * 6 Јајца
    Во еден сад растопете го путерот, додадете брашно, па ставаме на тивок оган малку да порумени, потоа го тргаме од оганот и постепено додаваме загреано млеко, постојано мешајки, па го вракаме тавата повторно оган, за да добиеме густа смеса во неа, односно таканрачена бешамел сос.
    Во до половина оладениот крем ги додаваме една по една жолчките, малку сол, па се добро матиме. Чоколадата ја топиме, над пареа гомешаме шеќерот и две лажички вода, па кога до пола ќе се олади ја матиме во масата. Во сосема оладената смеса изладената маса вмешајте ја сода бикарбона и цврсто излупениот снег од белки. Во путерот премачкан со плех печеме во претходно загреана рерна.

    Киндер обланда
    * 700 грама Шеќер
    * 100 грама Чоколадо
    * 1 Обланда
    * 400 Млеко во прав
    * 550 грама Маргарин
    * 1500 милилитри Вода

    Измешајте го шеќерот со водата.
    Во мешавината додадете го маргаринот и изматете со миксер.
    Со лесно мешање додадете го млекото во прав, па масата поделете ја два дела.
    Еден дел да остане бел, а во другиот додадете 100 гр. истопено чоколадо.
    Корите филувајте ги наизменично.

    Индијанки
    * 3 Шекер лажички
    * 150 грама Шеќер
    * 50 грама Чоколадо
    * 1 кесичка Прашак за печиво
    * 600 милилитри Млеко
    * 150 грама Маргарин
    * 2 Ванила пудинг
    * малку Ванила екстракт
    * 200 грама Брашно
    * 4 Јајца
    Белките изматете ги малку со миксер, па додадете им го шеќерот и матете ги додека да добиете цврст снег. Додадете ги жолчките една по една и непреќинато матете. Брашното промешајте го со прашокот за печиво и додадете го во јајцата, па лесно изматете го со кујнска жица. Тестото сипете го во готварски шприц, па правете парчиња и печете ги на кујнска хартија на плех. Печете околу 5 минути на 200 степени. Уште топли премачкувајте ги со филот и лепете ги по две (како сендвич). Од остатокот на филот во кој сте додале какао или растопена чоколада правете декорација со помош на готварски шприц.
    Фил: Пудингот подгответе го на вообичаениот начин со 600 мл. млеко. Оставете да се олади, но повремено промешувајте го за да не фати кора. Маргаринот пенесто изматете го со лажичките шеќер и помешајте го со оладениот пудинг и екстракт од ванила.

    Кока кола колач
    * 1 кесичка Шлаг пена
    * 6 Шекер лажички
    * 100 грама Шеќер
    * 20 милилитри Рум
    * малку Прашак за пециво
    * 250 грама Ореви
    * 6 лажици Лимонов сок
    * 1 Кора од лимон
    * 500 милилитри Кока Кола
    * 2 кесички Ванилин Шеќер
    * 250 грама Брашно
    * 250 грама Бисквити
    * 6 Јајца
    Белките одвојте ги од жолчките и изматете цврст снег.
    Жолчките изматете ги пенесто со шеќерот, 1 кесичка ванилен шеќер и кората од лимон.
    Брашното измешајте го со прашокот за печиво, па наизменично со снегот од белките додавајте го во брашното.
    Подготвената смеса излијте ја во намрсена и побрашнета тава и печете во загрена рерна 15 до 20 минути.
    За тоа време подгответе го кремот. Кока-колата кусо проварете ја со шеќерот и 1 кесичка ванилен шеќер, па измешајте ја со мелените бисквити и ореви.
    Додајте рум, сок од лимон и сè измешајте во еднолична смеса.
    Печениот бисквит изладете го, по него распоредете го подготвениот крем.
    Шлаг-кремот подгответе го според упатството. Намачкајте го шлагот над кремот.
    Пред служење колачот добро оладете го и исечете го на коцки.
    Печениот бисквит можете да го исечете на половина, па да го филувате и да го украсите со шлаг.
     
  6. VikiToO

    VikiToO Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    52
    Сакам да прашам...?

    девојки ми треба помош од тие што ги правеле шекерните срциња.. ги направив се океј боја екстра тесто супер но при печењето ми се растопија и станаа како торта :( ме чекаат уште да печам што да им направам дали некоја знае од што може да биде ???
     
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам...?

    Јас ги имам правено, ама стварно не знам што е проблемот.
    Пробај да додадеш повеќе брашно, треба после печењето да бидат како крцкави малку. И види дали температурата ти е добра.
     
    На VikiToO му/ѝ се допаѓа ова.
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Сакам да прашам...?


    Ај ако сакаш пиши ми го рецептот о кој си ги правела. тнх
     
  9. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Бомбици од чоколадо
    1Тесто: Се пасираат низ сито (цедка) 2 тврдо сварени жолчки. Се додава 80гр. прав шеќер и 80гр. путер или маргарин, 1 голема лажива рум. Сето тоа добро се измешува и се прават 35 топчиња. Се оставаат на ладно место (или во фрижидер или во некоја ладна соба)

    2Тесто: 150гр. мелени ореви, 150гр. шеќер (поситен), 3 штангли (реда) рендано чоколадо (готварско), 1 белка и 1 голема лажица рум.Сето тоа добро се измешува и се прават 35 топчиња. Потоа се земат белите топченца (од првото тесто) и се обвиваат со црните топчиња (бомбиците се црни, а кога ќе се преполоват се гледа бело) ...

    се надевам дека рецептот ќе ви послужи ...
     
  10. ikicaa

    ikicaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3


    е сега не разбрав со сто се премачкува калапот,а мн вкусно ми изгледаат сакам да ги правам овие денови :lol:
     
  11. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    значи калапчето се премачкува со чоколадата, убаво си пишува, и потоа го ставаш во фрижидер за да се стегне. процедурата ја повторуваш 3 пати, за да фати убава тврда кора надворешноста на колачето :)
    (малку касно враќам, ама сега дури гледам :$ )
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Ледени коцки

    Потребни состојки:
    - 4 јајца
    - 10 лажици брашно
    - 12 лажици шеќер
    - 2 лажици какао
    - половина кесичка прашок за печиво
    - 500 мл. млеко
    - 200 мл. хопла
    - 125 гр. маргарин
    - 200 мл. вода
    - 100 гр. чоколада за готвење

    Подготовка:
    Во тенџере ставаме 400 мл. млеко и го ставаме тенџерето на оган. Мешајќи со жицата за матење во тенџерето додаваме 6 лажици шеќер. Во преостанатото млеко во мензурата додаваме 4,5 лажици брашно и промешуваме со жицата.Во зовриеното млеко го додаваме размешаното брашно и непрекинато мешаме со жицата. Вариме на оган додека кремот не ја добие потребната густина.

    Во друго тенџере ја ставаме водата и го ставаме тенџерето на оган. Во тенџерето додаваме шеќер и оставаме да зоврие. Во сад за матење ги кршиме 4-те јајца и ги матиме со миксер. Во јајцата додаваме 6 лажици шеќер и матиме со миксерот додека шеќерот не се растопи. Зовриениот шербет го тргаме од оган и го ставаме на работната маса. Го исклучуваме миксерот. Прашокот за печиво и какаото ги мешаме со брашното, а потоа ги додаваме во садот за матење. Мешаме со жицата додека смесата не се соедини. Потоа смесата ја истураме во претходно подготвена и со хартија обложена тава за печење. Со лажица ја мазниме горната површина на тестото и тавата ја ставаме во рерна. Печеме 15- тина минути на температура од 200 степени. Тавата со испечениот пандишпан ја вадиме од рерна и ја ставаме на работната маса.

    Чоколадата ја сечеме на парчиња и ја ставаме во метален сад. Садот го ставаме врз тенџере со вода на оган за да ја растопиме чоколадата на пареа. Со остар нож ги одлепуваме краевите од пандишпанот од тавата. Пандишпанот го превртуваме на работната маса и ја отстрануваме хартијата. Претходно сварениот и изладен крем го ставаме во сад за матење и го матиме со миксер. Во садот го додаваме маргаринот и матиме со миксер додека смесата не се соедини. Со овој фил го премачкуваме пандишпанот.

    Чоколадата која се топи на пареа ја промешуваме и додаваме масло за јадење за да има поубав сјај. Го вадиме металниот сад од тенџерето и го ставаме на работната маса. Во сад за матење ја ставаме хоплата и ја матиме со миксер. Дел од шлагот го ставаме во сад настрана, а преостанатиот го матиме додека шлагот ја добие потребната густина. Шлагот го нанесуваме врз кремот и рамномерно го размачкуваме.

    Од хартија правиме готварски шприц, кој го полниме со шлагот кој го оставивме настрана. Врз шлагот на тортата ја нанесуваме растопената и изладена чоколада и рамномерно ја размачкуваме. Со шприцот наполнет со шлаг ја декорираме чоколадата.
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.832
    Има ли некој рецепт за слатки со сало? :^)
    многу ми се јаде :( а рецептот појма немам каде е ...
     
  14. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Го има ли некој рецептот за РУСКИ КАПИ? Баш пред некој ден каснав на гости ама не побарав рецепт. |(
     
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Еве Лакримоса, ја најдов во тетратката на мајка ми:

    Руски капи

    5 јајца
    200 гр шеќер
    12 лажици млеко
    1 филџан масло
    400 гр брашно
    1 печиво
    2 лажици какао
    Се прави смеса со миксер (по ред се ставаат состојките, само маслото пополека да тече од филџанот, не наеднаш да се истури внатре) и се пече пандишпан.
    Фил:
    1 литар млеко
    8 лажици густин
    1 маргарин
    300 грама шеќер
    1 ванила (може и 2)
    Млекото се вари со шеќерот и густинот, додека се згусне. Маргаринот со ванилата се мати на страна и потоа лажица по лажица, со постојано матење, се додава смесата од млекото.

    Пандишпанот се сече на крукчиња (со модел или со чаша), големина по желба. Се филува така што се лепат по 2 крукчиња, се премачкуваат и одоколу (отстрана) па се валкаат во кокос. Одозгора се преливаат со чоколадо.

    Ако нешто не е јасно прашај, ќе прашам, па ќе пишам ;)
     
    На shushu, koritsaki, natasa31 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. topce25

    topce25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    48
    дали некој има да ми даде рецепт за кох?
    значи не ми успева за жива глава,сите различни рецепти ми даваат али не бре катастрофа..првото пола го фрлив ова денес исто аманннн :lol:
     
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Ванилици
    300 гр брашно
    250 гр маргарин
    1 лажица ракија
    1 лажица шеќер
    1-2 ванили
    1 прашак за пециво
    мармелад или сецкани ореви

    Маргаринот се мати убаво со шеќерот, ракијата и ванилата, да се направи кремаста смеса. Се додава брашното со пецивото и се меси мазно тесто (многу месење треба). Рацете треба да бидат постојано ладни. Се остава тестото да отстои малку во фижидер.
    Потоа се додаваат оревчиња, се сучи подебела кора и се вадат форми. Ако сакате со мармелад, не ставајте ореви и сучете малку потенка кора, за потоа кога ќе ги залепите испечените колачи да не се многу дебели.
    Колачите се пречат во загреана рерна на 180 степени.
    На крај се посипуваат со шеќер во прав (со помош на цедалка).
     
    На TheaEsposito, soledad и irenna им се допаѓа ова.
  18. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Овие ванилките, не се печат? :wasntme:
    Оти јас така знам? :$
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    :D Се печат, најважното сум го заборавила :rofl:
    Еве редактирам веднаш.
     
  20. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ливингглам, ванили, мислиш ванилин шеќер или екстакт од ванила?! :?: