1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колачи

Дискусија во 'Рецепти' започната од soledad, 7 декември 2009.

  1. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Ај ве молам рецепт за еден обичен колач со вишни.Без шлаг,само тесто и вишни. :)
    Еве вака изгледа [​IMG]
     
    На Tinushka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Мексиканци

    3 белки
    250гр. шеќер
    150гр. мелени ореви
    1 чоколадо за готвење
    неколку јатки од ореви

    Се матат белките и шеќерот. Се додаваат мелените ореви. Се меша со лажица и се формираа топчиња. Врз секое топче се става пола јатка од орев и се печат во загреана рерна на 120 степени. Откако ќе се испечат, се валкаат во чоколадото (претходно растопено) и се оставаат да се изладат во фрижидер.

    Чоколадни бакнежи

    250мл. млеко
    1 пудинг од ванила
    3 лажици шеќер
    пола маргарин
    100гр. шеќер во прав
    ресани
    кокос

    Се варат млекот, пудингот и шеќерот. Пудингот се остава да се излади на собна температура. Маргаринот се мати со шеќерот во прав и се додава кај изладениот пудинг. Ова се мати. Ресаните се сечат на пола и се лепат со пудингот, така што чоколадната страна треба да биде однадвор. Се валкаат во кокос.

    Колачи со кокос

    1 маргарин (растопен)
    200гр. шеќер во прав
    2 јајца
    3 лажици какао
    100гр. мелени ореви
    300гр. мелени бисквити
    100гр. кокос
    1 чоколадо за готвење

    Се замесува тесто од сите состојки, освен од чоколадото. Се прават форми по желба. Чоколадото се топи и формите се валкаат во растопеното чоколадо.
     
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Колачов го обожавам и го правам многу често, прекрасен е! Еве го рецептот.

    5 јајца
    14 лажици млеко
    14 лажици шеќер
    14 лажици масло
    2 ванили
    1 прашок за пециво
    17 лажици брашно
    800 г. вишни

    Прво се матат јајцата, а потоа се додаваат останатите состојки, освен вишните и се меша додека да се добие еднолична смеса. Смесата се става во подмачкано тавче за печење и се пече околу 5 минути, а потоа се вади од рерната и низ смесата рамномерно се распоредуваат вишните (вака се прави за да не паднат вишните на дното на тавчето). Потоа се враќа во рерна и се пече уште 15-20 минути на 180-200 степени, во зависност од тоа како ти работи рерната. Штом е готов, колачот се сече на коцки и секоја коцка се валка во шеќер во прав.
    Оваа смеса е погодна и за печење во корпици како мафини.
    Понекогаш наместо млеко ставам газиран „Фанта“ сок. И тогаш е доста успешен.
    Пријатен апетит.
     
    На Mishela и TennisBabe им се допаѓа ова.
  4. malooto

    malooto Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    380
    Знае некој рецепт за колач со јаболка сечени на парчиња и кога ке го превртиш јаболката се од озгора цели...ама објаснав :lol:
     
  5. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски

    Во Шарлота во Маџари што е слаткарницата имаш многу се убави а и не се скапи, за Канела не сум сигурна ама од Шарлота ги иам јадено :inlove:
     
  6. kelk

    kelk Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    5
    sitni kolaci od jabolka

    sostojki
    jabolka (jas najcesto gi pravam so 4 golemi jabolki)
    biskviti istolceni
    seker
    prezla
    cimet

    podgotovka
    jabolkata se lupat i rendaat potoa se przat za vreme na przenjeto se dodava seker otprilika potocno kolku sakate poto se mesa i se dodava edno paketce cimet pa dva prsta voda i se mesaat dva tri pati i se dodava prezlata za da ja upie vodata a potoa se dodava drugoto paketce cimet i tolku se trgaat od ringlaata i smesata se pretura vo dlabok tanjir i se ostava malce da oladi i otkoga ke se oladi smesata se pravat bombici THE END
    P.S. mnogu se ubavi i osvezitelen vkus davaat :D
     
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Девојки знае ли некој рецепт за раванија/реванија?

    Порано правев ама сум заборавила што се ставаше, а моите ми ивкаат да направам :D
     
  8. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.353
    Допаѓања:
    83.761
    Пол:
    Женски
    Девојки сакам да направам пралини -слатки во оние силиконските калапи ... знам како се прават но сакам внатре да ставам некое убаво филче за да биде како течно кога ќе го касниш :tmi:

    Доколку знаете некој рецепт било каков пишете ми :)

    сакам да ги направам за 14ти да го изненадам љубениот
     
  9. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    7 јајца, 7 лажици шеќер, 7 брашно, 1 пакетче гриз, едно пециво и ванила за шербетот, сецкани ореви по желба.Се матат јајцата и шеќерот, се додава гризот, брашното, пецивото и оревите .
    Се пече во подмачкан плек бр 32 и штом убаво заруменее се вади и трга настрана да се олади.Се сече на коцќи и се пари со врел шербет кој се прави од 1 литар вода, 750 грама шеќер и една ванила .
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Мајка ми направи скоро прв пат и убави се погодија.
    Правеше со бело чоколадо и со црно.( ти препорачувам поубаво чоколадо за готвење да употребиш за поубав вкус).
    Исецка повеќе видови суво овошје на ситно и ги помеша со малтекс. Малку благички беа ама вкусни.
    А дел ( оние кои и беа со бело чоколадо) ги полнеше со црн крем ( еурокрем каков сакаш).
    Не се лоши овие идеи, ама јас сакам следен пат со некој овошен сируп, па некое парче цело овошје, нешто како Шери бонбочињата.
    Ако знае некој таков рецепт или фил нека каже.
    Инаку како колачиња, многу брзо се прават и лесно, ја гледав мајка ми и нема никаква филозофија.
     
  11. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    9.757
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=oHJ6NIDdd6k
    Пралини со сникерс :D брзи и лесни ;)
     
  12. pink1991

    pink1991 Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    5
    Да ви пишам и јас еден рецепт италијански кој го дознав од една пријателка на мајками
    Кростата
    140грама маргарин кристал или било каков друг
    120 грама шекер
    2 кафени лаЖички пециво
    малку ситно рендана кора од лимон
    1 јајце
    300-400 грама брашно
    И за премачкување околу 250-300 грама слатко по ваш вкус( јагоди, сливи, цреши...) оргиналот е сослатко од кајсии и јас најчесто го правам со такво.
    Се меси тесто од состојките маргаринот треба да биде одстоен на собна температура за подобро д се меси откако ке го впие брашното убаво се меси да биде меко па се става во најлонска фолија и на пола сат во фриЖидер. Се вади ии се остава 1/4 од тестото аа од другото се прави кора врз хартија за пчење и се става заедно о хартијата во тавче број 30. Потоа се мачка кората со слаткото но наоколу кората да има барем по 1 сантиметар ненафмачкан простор.од малото тесто се прават тенки ленти ии се ставаат врз слаткото прекрстатени во форма на баклави. пече во релна на 180-190 степени 30 минути. Се надевам ке ме разберете многу е вкусно лесно и евтино.
     
  13. eleonoramardzieva

    eleonoramardzieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Машки
    Dali nekoj znae recept vo sostavot da sodrzat praline cokoladi . (ne kako se pravi praline tuku vo sostavot da ima praline kupecki )
     
  14. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Пралини
    300грама чоколада за готвење
    3-4 лажички зејтин
    За смесата која подоцна ке ја ставиш во силиконски калапи за колачи или ако сакаш можеш и во силиконки калап за некоја торта,некоја интересна фигура мече или слично.Потребно ти е следново :
    :!: 200 мл. слатка павлака
    150 гр. бела чоколада
    150 гр. црна или млечна чоколада
    Подготовка:
    Чоколадото со зејтинот растопете го на пареа.Потоа калапот премачкајте го со чоколадо т.е дното и страните.Ставете во фрижидер да се стегне чоколадата.Штом ке се стегне извадете го од фрижидер и нанесете повторен слој со четкичка и потоа повторно вратете го во фрижидер.Белата чоколада и 100 мл слатка павлака ги ставаме на оган и мешаме непрестано додека чоколадата не се стопи а потоа оставаме да се олади.На исти начин повторуваме со црната чоколада (млечната чоколада).Калапите ги полниме со филот до пола ,а потоа ги преливаме со чоколадото кое ги премачкавме калапите.Но површината да биде рамна.Ги оставаме да се оладат, а потоа ги вадиме од калапот.Пралините се најдобри кога се оладени. :* :* :*
    [​IMG]
     
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Ќе ви напишам еден рецепт за најубавите и најсмотани колачи кои зимава ги отеков од правење, и се поштедив од купување на вакви чајни колачиња :lol:
    Се растопува еден цел маргарин кристал, и се остава малце да се излади. Со миксер разматете 2 јајца со 150 грама шеќер и една ванила, додека не се направи пена, внатре додајте го стопениот маргарин, 500 гр брашно, 1 пециво, 100 гр рендано(или сецкано) чоколадо, 100 гр оревчиња(исто рендани или сецкани по вкус), суво грозје(ако сакате, јас ставам цело пакетче бело суво грозје) и оставете да се измеси или иземсете со рака. Ќе дојде мекушлаво тесто, обликувајте со рака топчиња, сплеснете ги малце, и редете врз чиста ненамрсена тепсија(доволно им е маргаринот внатре за да не се залепат). Печете цели 15-20 минути на 200 степени и уживајте во вкусот :mm: Кој си сака, нека си стави и цимет :drunk:

    Одземаат цели 30 минути комплет, а се превкусни :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Marijansita

    Marijansita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    12
    Некој рецепт за тофифи? :)
     
  17. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Не знаев каде да го ставам рецептов, се надевам тука нема да пречи.

    Потребни состојки:
    1. Еурокрем 200 гр. (само црно или само бело)
    2. Чоколадо за готвење 200 гр.
    3. 100 гр. лешници
    4. Зејтин

    *Ако сакате слаткиве да се бели тогаш правете ги со бел еурокрем и бело чоколадо, а ако не со црно (кафеаво).

    Лешниците се потпечуваат. Половина од лешниците се дробат на ситни парченца. Еурокремот, чоколадото, три супени лажици зејтин заедно со половината дробени лешници се топат на пареа. Откако ќе се стопат, добиената смеса се става во оние корпичките и одозгора на секоја се става по еден лешник. Се оставаат во фрижидер да се стврднат (брзо се стврдуваат). Добивате превкусни колачиња :)

     

    Прикачени фајлови:

    • IMAG0728mala.jpg
      IMAG0728mala.jpg
      Големина на фајлот:
      200,8 KB
      Прегледи:
      451
    • IMAG0729mala.jpg
      IMAG0729mala.jpg
      Големина на фајлот:
      176 KB
      Прегледи:
      450
    На Mishela и Pinafan им се допаѓа ова.
  18. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Колачи со вишна и ореви
    1 коцка маргарин (250гр)
    1 јајце
    4 лажици шеќер
    1 пециво
    100гр сецкани (мелени) ореви
    400-450гр брашно
    Јајцето, шеќерот и маргаринот убаво се матат со миксер. Се додава брашното и пецивото и убаво се замесува - да се воедначи смесата. Се додаваат мелените ореви и повторно убаво се измесува тестото (јас додавам пола мелени пола сецкани ореви - сецканите кога ќе се испечат убаво крцкаат). Потоа од тестото се кинат ситни делчиња и се формираат топчиња, се прави вдлабнатина и се става вишна (јас ставив смрзнати вишни, а може и од слатко). Колачите се редат во подмачкан плек и се печат многу кратко на тивка температура (150 Ц). Малку подоладени се валкаат со шеќер во прав.
    Шеќерот во прав секогаш си го мелам дома - во апаратче за мелење ставам шеќер и додавам една вреќичка ванилин шеќер.
     
  19. kate-goldy

    kate-goldy Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае каде може да се најдат од оние стапчиња за поп кејкс? слични на оние од лижавчиња што се. :!:
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Домашни Твикс колачиња :)

    Мх мх изгледаат,и видео има, така да нема некоја филозофија

    Состојки
    За БИСКВИТНО ТЕСТО ќе ви треба:
    225 гр. путер оставен на собна температура
    185 гр. шеќер
    420 гр. брашно
    За КАРАМЕЛ ќе ви треба:
    40 млечни меки карамели
    4 лажици слатка павлака
    За ЧОКОЛАДЕН ПРЕЛИВ ќе ви треба:
    200 гр. чоколадо
    100 гр. млечно чоколадо


    http://www.youtube.com/watch?v=xPlwq3SBTw8


    и исто за оваа торта/колаче рецептот ми се виде доста лесен

    [​IMG]


    Потребно е
    300 g Мелени бискивити
    150 g стопен маргарин
    5-6 лажици прав шеќер
    1/2 портокал
    200 Мл газиран сок од портокал
    125 g ресани
    oколу 50 g желе бонбони од портокал

    Глазура
    100 g чоколадо за готвење
    70 ml слатка павлака



    Соединете ги мелените бисквити, шеќерот во прав, сокот и рендана кора од портокалот, па прелијте со истопен путер.Потоа додајте го и газираниот сок. Се добро соединете, па додајте ситно сецкани желе бонбони и ресани од портокал

    Обликувајте по желба и оставите да се олади и стегне. Загрејте ја слатката павлака, па прелијте преку искршената чоколада за готвење, кога чоколадата ќе се растопи прелијте ја тортата :)