1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колачи

Дискусија во 'Рецепти' започната од soledad, 7 декември 2009.

  1. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Еве и од мене еден :D
    Јогурт крофни
    Потребно е:
    -3 јајца
    -1 чаша јогурт
    -50 грама шеќер во прав
    -14 лажици брашно
    -1 прашок за печиво
    -1 ванилин шеќер
    Најпрво јајцата и јогуртот се матат со миксер.Потоа се додаваат брашното,прашокот за печиво и ванилиниот шеќер.Ова се го мешаме со лажица додека смесата не се соедини.Потоа со лажица земаме од тестото и ставаме да се пржи на загреано масло.Кога ќе се испржат ги вадиме и ги наросуваме со шеќер во прав.
    Многу се убави и се едноставни :D
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    [​IMG]

    -2 чаши јогурт
    2 лажици какао
    2 лажици сода бикарбона
    пола чаша масло
    2 чаши шеќер
    2 чаши брашно


    Ова се матиме и ставаме да се пече 25-30мин

    Глазура
    -10 лажици шеќер
    -1о лажици млеко
    100 гр чоколадо
    100 ге маргарин

    -Ова се топи на пареа, и кога ќе се испече колачот, се посипува
     
    На Pucanka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Чокаладна торта во филџан :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Колач со афион

    Потребно:
    Две чаши зејтин
    Две чаши млеко
    Две чаши шеќер
    Четири чаши брашно
    Една кесичка афион (100гр)
    Едно пециво
    Една чоколада за готвење

    Подготовка:
    Во длабок сад се додава зејтин и шеќер и се меша.По нив се додава млекото и брашното,заедно со афионот и пециво.Се меша убаво,за да нема остатоци од брашно.Треба да се добие густа течност.Се` заедно се става во тепсија,која претходно е намачкана со зејтин и малку брашно.Се пече на 150Ц од 30-45минути.Кога ќе добие жолтеникава боја се вади и веднаш се додава чоколадна глазура.Се сече на коцки, и се става во фрижидер.
     
    На Pucanka и friendy им се допаѓа ова.
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Домашна бајадера

    Состојки:
    9 лажици вода
    200g шеќери
    150g мелени ореви, бадеми или лешници
    250g мелени бисквити
    170g путер
    100g чоколадо за готвење

    За глазура:
    100g чоколадо за готвење
    масло

    Подготовка:
    Во длабок сад измешајте ја водата со шеќерот и загревајте додека шеќерот не се растопи. Додајте го путерот и мешајте додека не се стопи. Кога путерот потполно ќе се соедини, додајте ги оревите и бисквитите, па добро промешајте додека не добиете изедначена смеса.
    Добиената смеса поделете ја на 2 еднакви дела.
    Чоколадото стопете го на пареа и измешајте го со еден дел од смесата.
    На послужавник ставете хартија за печење и истурете ја чоколадната смеса и со рацете обликувајте правоаголник. Повторете ја постапката и со белата смеса.
    Прелијте ја бајадерата со стопено чоколадо и оставете ја во ладилник најмалку 3 часа, а потоа послужете ја.
     
  6. zelenooo

    zelenooo Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    6 јајца
    6 лајци шекер
    4 лајци мелени ореви
    2 лајци брашно
    рендано цоколадо
    Сето ова се меша и се става во тава да се испеци откако ке се испеци се остава да олади, паднишпанот се сеци на два дела.

    moze da mi kazete kolku vreme da ja pecam i na koja temperatura prv pat ke ja pravam
     
  7. mila101

    mila101 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    51
    девојки ве молам дајте ми рецепт за вакви колачи што се печат ете во ваков силиконски капап? и потоа со чоколадо да ги полијам. pop cake ли како се викаа тие колачи. :D
     

    Прикачени фајлови:

  8. s.T.e.F.i

    s.T.e.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    2.842
    Пол:
    Женски
    Мафини се викаат. Еве во оваа група има доста рецепти одбери си. :)
    recepti/mafini-t8819/
     
  9. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Леле девојки изгледа ме мавна ПМС во глава. :lol: Ми се јаде благо ми се плаче, а дома немам ништо благо а згора на тоа имам многу малку шеќер и немам чоколадо. :( Може ли да се направи нешто со малку шеќер а без чоколадо? :rofl: И да знаете, имам какао. :wasntme: Помагајтеее. :(
     
  10. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    БРЗИ И ВКУСНИ ПОПАРЕНИ КОЛАЧИЊА

    2 Јајца
    200 гр. маргарин
    100 мл. масло
    120 мл. млеко
    1 пециво
    100 гр кокос
    3 лајци гриз
    600- 700 гр. брашно

    шербет:
    700 мл вода
    700 гр шеќер
    сок од еден цеден лимон
    (да проврива 2, 3 минути )

    Од сите состојки се меси тесто , се остава тестото да одмори 10 минути
    Се развлекува кора со дебелина колку прстот и се ваѓаат крукчиња со мала чашка
    се редат на намрсен плех и се печат на 180 степени 20 минути

    Се попаруват ЛАДНИТЕ колачиња со ВРЕЛИОТ шербет

    (после 1 час целиот шербет е веќе влезен во колачињата)
     
  11. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Како се викаат овие колачиња? http://images6.fanpop.com/image/photos/32700000/Christmas-Cookies-food-32709942-500-428.jpg
    И по можност рецепт за нив и за тоа како глазура од горе што е. Знам дека е како во полутечна состојба горе, и откако ке ги декорираш после тоа се сушат,ама незнам со што се прави.. ;/
     
  12. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.988
  13. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Многу е вкусен и лесно се изработува. Често го правам и кога сакам нешто блачко за јадење, се знае го правам овој колач. Јас ставам и ванилин шеќер-два во смесата и одозгора наместо чоколадна глазура мачкам еурокрем.
    Следниот пат ќе го направам со црн шеќер, па ќе видам како ќе излезе.
     
  14. victoria7

    victoria7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2014
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    37
    Саκам да пρашам дали неκоја од вас има ρецепт за пρалини со фил од ментол κаρамели..ви благодаρам однапρед
     
  15. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Ајде рецепт за ванилици со сало да ми даде некој
    Благодарам однапред :)
     
    На Pucanka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Мандарини потопени во чоколадна глазура

    Состојки:
    10 мандарини
    200g црно чоколадо
    Путер
    Кокосово брашно

    Подготовка:
    На една тава наместете хартија за печење. Излупете ги мандарини на парчиња и добро исчистете ги.
    На пареа растопете го чоколадото. Додадете 1 лажичка путер за подобар вкус и полесно размачкување.
    Секое парче мандарина до пола брцнете го во чоколадото и ставете го во тавата со мрсна хартија.
    Проросете кокосово брашно и ставете во фрижидер 10 минути, додека чоколадото не се стврдне.
    Рецептот може да го примените и на друг вид овошје.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    [​IMG]
    Со што се цртат вакви колачиња, знае ли некој?
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  18. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.988
    Со ројал ајсинг (royal icing). Се прави од белки, шеќер во прав, лимонов сок. Бел е, а ако сакаш друга боја, се користат прехрамбени бои во прав.

    Колач со темно пиво и чоколадна глазура

    Ќе го напишам оригиналниот рецепт, а во загради измените што јас ги направив. Иако претпочитам рецепти со точна грамажа, му дадов шанса на овој поради пивото:$. Чашата со која мерев е од 200мл. Наполнив едно калапче за куглоф со дијаметар 15см и 5 стандардни калапчиња за мафини.


    * 150 гр. путер (на собна температура барем 1 саат)
    * 2 чаши шеќер (ставив само 100 гр кафеав шеќер и во комбинација со глазурата ми беше доволно благо. Ако и вие сакате да ја скратите количината на шеќер, ставете барем 1 чаша. Мојата дефиниција за благо е малку чудна.)
    * 4 јајца
    * 1 чаша темно пиво (користев Гинис, ама не гледам зошто да не би можело и со најстандардно светло пиво)
    * 2 чаши пресеано брашно (ставив 1 ч. интегрално и 1ч. бело брашно)
    * 3 супени лажици какао
    * 1 пакетче пециво

    Глазура

    * 100 гр. чоколада (користев бела чоколада за готвење, тоа имав под рака, а и сакав малку контраст ефект)
    * путер (во рецептот не пишува количина. Јас ставив 2 полни кафени лажички путер од кокос, повторно за контраст на какаото)
    * 2 супени лажици пиво (го заменив со вода, не сакав да ја промени бојата на глазурата. Ако користите темна чоколада за готвење, тогаш не го прескокнувајте пивото.)

    Путерот и шеќерот се матат со миксер. Се додаваат јајцата. Се мати уште малку. Со лажица постепено се додава брашното, па пивото. На крај се додаваат какаото и пецивото. Се мати додека да се добие хомогена смеса. (Кога ги додадов какаото и пецивото продолжив со силиконска шпатула, зашто имам слаб рачен миксер.)
    Се полни калапот (претходно подмачкан со путер) и се пече во претходно загреана рерна на 170-175 (ако е со вентилатор. Мојата не е, па печев на 200 степени.) Времето на печење зависи од тоа каков калап се користи. Ако се пече во модлички за мафини е многу пократко. Колачот се испече за 40 мин, а мафините ги извадив порано. Оставив убаво да се олади, па дури тогаш ја направив глазурата.
    Се топи чоколадата на тивок оган, се додава путерот и пивото. Се меша до изедначување на смесата. На крај, се прелива колачот и се украсува по желба уште додека е топла глазурата, за да се “залепи“ декорацијата. Можете да користите: мелени ореви, филирани бадеми, печени лешници...

    На здравје :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bella24

    bella24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2014
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    789
    NUTELLA TRUFLI - 200 gr. slatka pavlaka se zagreva, da bide zeska a da ne zovrie. Se dodava 200 gr cokolado, 200 gr eurokrem, 50 gr margarin ili puter i 100 gr meleni lesnici (prethodno zapeceni). Od koga ke se rastope se ubavo (se mesa) se ostava da se stegne smesata. Se oblikuvat formi so rakata i se posipuvat kakao niz cedalka. Brzo i ednostavo NAZDRAVJE
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bibip

    bibip Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    101
    Девојки ,малку отопик е ама ако знае некој каде можам да најдам модли или секачи за фондан во форма на снегулки ,,,,,,,,,,,,благодарам