Дали имате некој друг начин за спремање на кременадли? Јас на пример вака ги сакам: Ги мијам и посолувам со вегета, ги редам во тавче, помеѓу нив ставам ситно сецкан праз и го заливам сето тоа со томатело. На крај додавам многу бибер и ставам да се пече отприлика саат и нешто во рерна на 220. Неколку пати ги превртувам кременадлите за да се подзапечат од двете страни.
Можеш и да ги пржиш ама јас ги правам вака ( и многу се вкусни): Малку ќе ги издринстам и ќе гинаредам во тавче ќе ставам малку вода, малку зејтих, вегета и сол...додека се во рерна ќе направам сос за да има ставам одозгора: Малку павлака за готвење (а можеш и кисело млеко) и пречурки кога ќе бидат кремендалите при крај им го ставам сосот и ги оставам уште 10мин во рерна и ние ги обожаваме многу ни се вкусни
Кременадлите прво ги чукам со чукче за да ги истенчам, ги премачкувам со сенф и вегета, отставам околу 15 мин. Во тава редам сецкани компири посолени со вегета и зејтин, убаво измешани. Ги редам кременадлите и одозгора пак ставам компири. Налевам бело вино и малку водичка, покривам со ал. фолија и на 250 степени печам еден час. Потоа ја вадам фолијата и печам додека се испечат комприте и месото, во меѓувреме и ги превртувам кременадлите од двете страни да се испечат убаво. Или редам само кременадли премачкани со сенф и вегета, налеани со вино и вода и пак истата постапка со ал. фолија. Има и на Маги во релна една кесичка за кременадли со компири и ако го брзам ручекот (готово е за 1 ч.) тогаш така ги спремам.