marama напиша:Девојки домаќинки, ќе правам штрудла со јаболка ама рецептов многу едноставен ми се виде.
Пола кг. кори
кг. јаболка
шеќер
Корите се ставаат ко за баклва, ренданите јаболки се фрлаат врз корите и шеќер се пропрскува низ корите. И се пече. Е сега прашањето ми е - може толку едноставно? Без зејтини, кисели води и што ти ја знам друго?
Мојот рецепт за штрудли:
Редам 4 кори една над друга,и секоја кора ја премачкувам со смеса од млеко и квасец,и попрскувам со стопен маргарин-кристал,така сите 4 кори,и откако ке ги наредам корите една над друга,над четвртата на едниот крај ги ставам претходно изренданите јаболка во кои имам ставено канела и шеќер,и ги виткам сите 4 во форма на ролат,и на крај ролатот го сечам на парчина по желба,штрудлите се превкусни,ако те интересира подетално,слободно пиши...