1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

Дискусија во 'Рецепти' започната од marama, 16 март 2011.

  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    сакам да правам пудинг од ванила ама ми треба некоја интересна идеја за сервирање, несто да му додадам
    имате некој совет?
     
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Пудингот од ванила ми е одлична комбинација ако во него има парченца банана... Инаку за декорација, остави на фантазијата. Се што ти текне... Од чоколаден прелив, овошје, цветчиња оние на торта што се ставаат, мелени ореви, рендано чоколадо... што било :)
     
    На Hortenzija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    463
    Пред некој ден шетам низ маркет и гледам кори за баклава и тоа со многу намалена цена. Се позачудив, а оваа ми вика на промоција се...многу се убави...бла бла... едно кило кори беа некаде околу 85 денари (си се чудам на самата себе, штом цената е мала, мора да се фалични, па побогу маркетинг студирав :D )
    Не е битно.
    Ги купив и решив да ги правам оние банички со мелено месо. Прво се пржи кромид, ситно сецкани печурки, се става меленото месо, кечап, магодонос, вегета, црно пиперче се тоа по вкус. И филот испадна 5-ка!Арно ама, кога решив да ги отворам корите :?: тие „евтините“--има што да видам...биле замрзнати, па одмрзнати и беа цели на парчиња. и тоа залепени...аххх се изнервирав и си викам џабе толку убав фил направив.
    Арно ама, ми текна, во кружно тавче почнав да редам, ред кори (во радиус од 5 см :@ )па по малку месо..ред ова ред она...онака без везе ги изнафрлав....измеѓу стваив минерална вода...после ги полив со зејтин и ајт таму во рерна 30 мин на 250Ц..и кога излезе..прекрасен бурек!!!
    Од ништо испадна топ специјалитет...дури после мајка ми ми вика дека со цели кори не можело да излезе ваков бурек...а бе мајстор сум, нема шо :lol: :lol: :lol:
     
    На GFlower, Antebellum и maja8 им се допаѓа ова.
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Одкако ќе го свариш пудингот во еден дел стави еурокрем. Измешај и тој брзо ќе се стопи, па во калапчињаа или посуди што ќе го ставаш ставај ред бел ред пудингот со кремот. На крај ќе излезе како зебраст а вкусот е неверојатен.
     
    На eleni23 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  5. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    секогаш така испаѓа најубаво нешто кога не планираш :D и јас така еднаш ке правевев мафини ама во хартирни калапчиња и кога ми се растекоа, ама си ја собрав смесата и си направив ролат, наместо мафини, имав прекрасен чоколаден ролат :lol:
     
    На LaChiquita му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Сакам да прашам...?

    СДП како се подготвува леќа манџа? :) леќата од конзерва е веќе сварена
    Барав на гугл нема, исто ни во храна и пијалоци овде кај нас. Ај некоја домаќинка нека ми каже :$
     
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Сакам да прашам...?

    Си сецкаш на ситно компирче, морков,кромидче, патлиџан (свеж или замрзнат). Ја чистиш леќата, ја измиваш убаво, ја ставаш да се вари. Кога ќе почне да вреи го додаваш зеленчукот, си посолуваш, црн пипер обавезно.
    Се вари 30-50 мин максимум (зависи каква леќа купуваш, ама онаа на Сончева долина најбрзо се вари). Си запржуваш со брашненце и црвен пипер.
    Инаку, една чинија леќа е доволна за 4 лица.
    Едит: ако е веќе сварена, свари го зеленчукот, па го додади на леќата. Потоа запржи ја и то ;)
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  8. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Сакам да прашам...?

    :D
    се сеќавам јас првпат кога направив (пред околу 2 год.) беше како премиена леќата :lol:
    еве како јас ја правам...
    потпржувам на масло 1 главица кромид, додавам сецкан морков, леќата, 1 компир, 1 мала лажичка црвен пипер, 1 голема зачин и задолжително едно лукче, многу поубав вкус ми има, инаку не го сакам лукот.
    И ставам да се вари, некаде околу 1 час, можеби и помалку :?:
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Сакам да прашам...?

    А ако е од конзерва треба вода да и ставам нешто?
    И како се рпави запршка :worried: Знам дека е со брашно масло и црвен пипер, ама не знам од кое колкава количина треба. Тапа значи за готвење сум, срамота
     
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Сакам да прашам...?

    О Фири. Абе запршката иде вака - потпржуваш истолчен лук, чешне до две. Додаваш лажиче до две црвен пипер (или буковец, јас правам комбинација лажиче мелен пипер, лажиче лут буковец), и на крај 2 - 3 лажичиња брашно. И сето тоа го ставаш во супата т.е. чорбата.
    И чича мича готова је прича ;)
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Сакам да прашам...?

    Ставаш зејтин од прилика да речеме да се препокрие тавата во која ќе ја правиш запршката.
    Откако ќе се згрее доволно зејтинот, ставаш една лажица брашно (ако сакаш да е погуста манџата ставаш толку брашно колку што имаш зејтин и да го упие целиот зејтин), и го попржуваш малце брашното (ептен кратко, внимавај да не поцрне), па потоа ставаш една лажица (или пола, се е до вкус) и го попржуваш тоа десетина секудни и потоа го истураш веднаш во манџата. Внимавај, манџата треба да ти врие кога ќе ја истураш запршката. Откако ќе ја ставиш запршката во манџата, оставаш така да поврие манџата уште 5 минути.

    Инаку, јас кромид ретко пржам,ставам зошто не можам да го поднесам запржен.
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  12. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    Сакам да прашам...?

    ^^Ајде малку да помогнам и јас во леќата. Значи пред се за да биде највкусна на светот во леќата се става мноooooooooгу патлиџан. Рендан, пасиран, сок од патлиџан.....ама според мене најубаво е да е ,,блендиран,,. Во врска со запршката - ако не сакаш класична запршка компирот или два компира кои цели се вареа во леќата извади ги и испасирај ги за да добие густина, а во спротивно, измешај во мала чашка лажичка-две брашно, исто толку црвен пипер мелен и вода и додај го во леќата. А, ако пак инсистираш на запршка, запршка, истата се подготвува на следниот начин. Во тавче на масло се пропржува кромид, па се додава брашно, се додава црвен пипер и потоа со мешање целата содржина од тавчето директ во тенџерето. Бидејќи се работи за леќа освен кромидот се пржи и лук. Јас истиот не го пржам, туку го варам во леќата и го ,,блендирам,, заедно со патлиџанот. Ама, јас те советувам дека немаш потреба од класичната запршка. Прво, препржено брашно и масло се канцерогени, второ не ретко знае да подзагори па да горчи и слично. Со среќа и кажи ни како леќата! ;)

    П.с. морав да редактирам - тоа многуууууу-то на ништо не ми личеше, а и не ми звучеше па го преправив. :lol:
     
    На bravegirl, blond, rainlover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    јас леката од конзерва ја користам за салата и би било од прилика вака ...... 200 гр лека,200 гр.лути тенки колбаси ,200 гр сампинјони од тегла ,доматно пире и бибер,босилек,вегета...не секојдневно
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Некој рецепт за тортиља??? Знае некој?
     
  15. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Во рецепт за торта што многу ми се допадна во состојките имаше "кондензирано" млеко.
    На какво млеко се мисли?
    :)
     
  16. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    ^^^
    Јас само можам да ти ги препорачам од КАМ тортиљите, 8 парчиња, 80 денари се, убави се, јас нон стоп ги користам...
    Побрзо здравје :lol:
    Рецепта незнам, а и комплицирани за правење ми изгледаат, па си викам ај вака да ти помогнам :lol:
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Да баш ги видов во Кам и не се баш мали...ама работава да знаевте смеса, зазрзават каков уште да се искомбинира... :?:
     
  18. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    ^^^
    Џули не ги проба уште???
    Инаку, смеса со која јас ги јадам
    Краставица свежа, домат, кромид, чили пиперчиња (суви, ги има секаде по маркетиве), магдонос, се ова на многу многу ситно исецкано, малку кечап, лажичка сенф, марула и пченка...
    се ова заедно мешам, додавам варено или печено мевце, какво имам, пилешко, свинско, телешко, искинато онака баш на конци :lol: , или исечено на коцки, додавам буковска сол малку и се многу убави...
    Исто се многу убави со дробено сирење, со печурки и малку лук...
     
  19. Anjichka

    Anjichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    76
    Кондензирано млеко е мнооогу благо и густо млеко, се користи за торти, колачи, слатки итн, и го има во маркетите, би требало во лименка (конзерва) да биди :)
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Да, да, за смесата внатре мислев што и како да комбинирам. Таман работа па почнев да месам и развртувам кори :lol: не ме бива за тоа кога има готови.
    А ке пробам по рецептот на Енца