сакам да правам пудинг од ванила ама ми треба некоја интересна идеја за сервирање, несто да му додадам имате некој совет?
Пудингот од ванила ми е одлична комбинација ако во него има парченца банана... Инаку за декорација, остави на фантазијата. Се што ти текне... Од чоколаден прелив, овошје, цветчиња оние на торта што се ставаат, мелени ореви, рендано чоколадо... што било
Пред некој ден шетам низ маркет и гледам кори за баклава и тоа со многу намалена цена. Се позачудив, а оваа ми вика на промоција се...многу се убави...бла бла... едно кило кори беа некаде околу 85 денари (си се чудам на самата себе, штом цената е мала, мора да се фалични, па побогу маркетинг студирав ) Не е битно. Ги купив и решив да ги правам оние банички со мелено месо. Прво се пржи кромид, ситно сецкани печурки, се става меленото месо, кечап, магодонос, вегета, црно пиперче се тоа по вкус. И филот испадна 5-ка!Арно ама, кога решив да ги отворам корите тие „евтините“--има што да видам...биле замрзнати, па одмрзнати и беа цели на парчиња. и тоа залепени...аххх се изнервирав и си викам џабе толку убав фил направив. Арно ама, ми текна, во кружно тавче почнав да редам, ред кори (во радиус од 5 см )па по малку месо..ред ова ред она...онака без везе ги изнафрлав....измеѓу стваив минерална вода...после ги полив со зејтин и ајт таму во рерна 30 мин на 250Ц..и кога излезе..прекрасен бурек!!! Од ништо испадна топ специјалитет...дури после мајка ми ми вика дека со цели кори не можело да излезе ваков бурек...а бе мајстор сум, нема шо
Одкако ќе го свариш пудингот во еден дел стави еурокрем. Измешај и тој брзо ќе се стопи, па во калапчињаа или посуди што ќе го ставаш ставај ред бел ред пудингот со кремот. На крај ќе излезе како зебраст а вкусот е неверојатен.
секогаш така испаѓа најубаво нешто кога не планираш и јас така еднаш ке правевев мафини ама во хартирни калапчиња и кога ми се растекоа, ама си ја собрав смесата и си направив ролат, наместо мафини, имав прекрасен чоколаден ролат
Сакам да прашам...? СДП како се подготвува леќа манџа? леќата од конзерва е веќе сварена Барав на гугл нема, исто ни во храна и пијалоци овде кај нас. Ај некоја домаќинка нека ми каже
Сакам да прашам...? Си сецкаш на ситно компирче, морков,кромидче, патлиџан (свеж или замрзнат). Ја чистиш леќата, ја измиваш убаво, ја ставаш да се вари. Кога ќе почне да вреи го додаваш зеленчукот, си посолуваш, црн пипер обавезно. Се вари 30-50 мин максимум (зависи каква леќа купуваш, ама онаа на Сончева долина најбрзо се вари). Си запржуваш со брашненце и црвен пипер. Инаку, една чинија леќа е доволна за 4 лица. Едит: ако е веќе сварена, свари го зеленчукот, па го додади на леќата. Потоа запржи ја и то
Сакам да прашам...? се сеќавам јас првпат кога направив (пред околу 2 год.) беше како премиена леќата еве како јас ја правам... потпржувам на масло 1 главица кромид, додавам сецкан морков, леќата, 1 компир, 1 мала лажичка црвен пипер, 1 голема зачин и задолжително едно лукче, многу поубав вкус ми има, инаку не го сакам лукот. И ставам да се вари, некаде околу 1 час, можеби и помалку
Сакам да прашам...? А ако е од конзерва треба вода да и ставам нешто? И како се рпави запршка Знам дека е со брашно масло и црвен пипер, ама не знам од кое колкава количина треба. Тапа значи за готвење сум, срамота
Сакам да прашам...? О Фири. Абе запршката иде вака - потпржуваш истолчен лук, чешне до две. Додаваш лажиче до две црвен пипер (или буковец, јас правам комбинација лажиче мелен пипер, лажиче лут буковец), и на крај 2 - 3 лажичиња брашно. И сето тоа го ставаш во супата т.е. чорбата. И чича мича готова је прича
Сакам да прашам...? Ставаш зејтин од прилика да речеме да се препокрие тавата во која ќе ја правиш запршката. Откако ќе се згрее доволно зејтинот, ставаш една лажица брашно (ако сакаш да е погуста манџата ставаш толку брашно колку што имаш зејтин и да го упие целиот зејтин), и го попржуваш малце брашното (ептен кратко, внимавај да не поцрне), па потоа ставаш една лажица (или пола, се е до вкус) и го попржуваш тоа десетина секудни и потоа го истураш веднаш во манџата. Внимавај, манџата треба да ти врие кога ќе ја истураш запршката. Откако ќе ја ставиш запршката во манџата, оставаш така да поврие манџата уште 5 минути. Инаку, јас кромид ретко пржам,ставам зошто не можам да го поднесам запржен.
Сакам да прашам...? ^^Ајде малку да помогнам и јас во леќата. Значи пред се за да биде највкусна на светот во леќата се става мноooooooooгу патлиџан. Рендан, пасиран, сок од патлиџан.....ама според мене најубаво е да е ,,блендиран,,. Во врска со запршката - ако не сакаш класична запршка компирот или два компира кои цели се вареа во леќата извади ги и испасирај ги за да добие густина, а во спротивно, измешај во мала чашка лажичка-две брашно, исто толку црвен пипер мелен и вода и додај го во леќата. А, ако пак инсистираш на запршка, запршка, истата се подготвува на следниот начин. Во тавче на масло се пропржува кромид, па се додава брашно, се додава црвен пипер и потоа со мешање целата содржина од тавчето директ во тенџерето. Бидејќи се работи за леќа освен кромидот се пржи и лук. Јас истиот не го пржам, туку го варам во леќата и го ,,блендирам,, заедно со патлиџанот. Ама, јас те советувам дека немаш потреба од класичната запршка. Прво, препржено брашно и масло се канцерогени, второ не ретко знае да подзагори па да горчи и слично. Со среќа и кажи ни како леќата! П.с. морав да редактирам - тоа многуууууу-то на ништо не ми личеше, а и не ми звучеше па го преправив.
јас леката од конзерва ја користам за салата и би било од прилика вака ...... 200 гр лека,200 гр.лути тенки колбаси ,200 гр сампинјони од тегла ,доматно пире и бибер,босилек,вегета...не секојдневно
Во рецепт за торта што многу ми се допадна во состојките имаше "кондензирано" млеко. На какво млеко се мисли?
^^^ Јас само можам да ти ги препорачам од КАМ тортиљите, 8 парчиња, 80 денари се, убави се, јас нон стоп ги користам... Побрзо здравје Рецепта незнам, а и комплицирани за правење ми изгледаат, па си викам ај вака да ти помогнам
Да баш ги видов во Кам и не се баш мали...ама работава да знаевте смеса, зазрзават каков уште да се искомбинира...
^^^ Џули не ги проба уште??? Инаку, смеса со која јас ги јадам Краставица свежа, домат, кромид, чили пиперчиња (суви, ги има секаде по маркетиве), магдонос, се ова на многу многу ситно исецкано, малку кечап, лажичка сенф, марула и пченка... се ова заедно мешам, додавам варено или печено мевце, какво имам, пилешко, свинско, телешко, искинато онака баш на конци , или исечено на коцки, додавам буковска сол малку и се многу убави... Исто се многу убави со дробено сирење, со печурки и малку лук...
Кондензирано млеко е мнооогу благо и густо млеко, се користи за торти, колачи, слатки итн, и го има во маркетите, би требало во лименка (конзерва) да биди
Да, да, за смесата внатре мислев што и како да комбинирам. Таман работа па почнев да месам и развртувам кори не ме бива за тоа кога има готови. А ке пробам по рецептот на Енца