Женски,ај која знае нема ми одговори, дали ако направам утре сабајлето клуб сендвичи , и ако ги ставам во фрижидер ќе им стане ли нешто до вечерта?
Може малку да ти се навлажнат од ладното во фрижидерот, ама да се расипат нема да се расипат, поготово ако ставиш и намаз.
Zavitkaj gi samo vo prozirna folija sto e za sveza hrana,ama ubavo od site strani da ne im vlaga vozduh i nemas gajle! Se izvinuvam za lat. Imam nekoi problemi so fontot
Со каков сос ги јадете фурнаринките ? јас ги имам јадено во ресторант некој сличен на кечам па незнам каков да приготвам сега дома ???
сакам да направам од посните кифлиња со пециво и да ги замрзнам... дали некој знае дали се замрзнуваат и какви се откако ќе се одмрзнат??
Не е истиот вкус како кога веднаш ги печеш. Еднаш замрзнав кифли, пред да ги печам ги одмрзнав, ама некако суви ми беа. Сакав да прашам, манџа зелка или боранија како правите? Мене запржката не ми испаѓа како што треба, па после манџата на вкус е да . Истата запржка ја правам и за грав, ама гравот вкусен испаѓа...
При крајот на варерњето додај и томатело,и запршката направија малку погуста од таа за грав.Гравот од скробот дава густина затоa не му е потребна густа запршка,но на зелката да.
се замрзнуваат зошто да не јас често правам по една две дози и си оставам за јадење остатокот во кесе и замрзнам, кога сакам да ги јадам ги подгревам во рерна или стави ги во микро и се исто тка убави како кога си ги направила
девојки ќе ве молам за поооомош! Од интернет запишав еден рецепт за овошна торта, во него пиши дека се подготвува со 250мл јогурт! Ама не пишва дали со овошен јогурт или пак со обичен можи? Ве молам за совет? Ве молам немојте да ми се смеете ама прв пат правам овошна
Девојки ве молам хитна помош. Правев фил за еклери по рецептот на мајка ми, но ми испадна многу течен. Што да направам? Како да го згуснам?
Нискокалоричен намаз? Купив од оние rise cakes, па се мислам со што да ги мачкам, ми препорачаа со путер од кикирики ама мене тој ми е пресилен и доста калоричен. Павлака исто отпаѓа од приказната. Некој предлог?
Ако се оние од Кам маркет-јас им ставам/мачкам 1 лажичка мед и .....ммммм...прекрасни се.слатко-солен вкус....
ај и тука да прашам. знае ли некој каде можам да најдам од oние стапчиња за поп кејкс што се што наликуваат на стапчињата од лижавчиња?
Ако јадеш пинџур можеш со него да ги јадеш. Еве ти рецепт и за фурнаринки и за пинџур. https://www.youtube.com/watch?v=mUB1Tu7BAZw