Пробај во темата Фемина истаграм има една членка постирано рецепт за домашен баунти, јас го испробав и ми испаднаа одлично.Многу вкусни беа.Овој рецепт не ми е сигурен.
Дали знаете рецепти за Кус Кус (салати,или било каков рецепт) Спојлер Јас гледав на тв: се истура пакетката кус кус во сад и врз него како 1 прст вода врела и се покрива по фолија и така се "вари".- не го ставате на/во шпорет Ќе си ја испие водата и тогаш е готов
Знам само еден рецепт којшто го практикувам и е всушност Табуле-салата. Во сад се посипува еден филџан кус кус, се сецкаат два домати на ситни коцкички, ситно сецкан магдонос(што повеќе тоа подобро) и на крај се става лимонов сок и прстофат сол. Најдобро е да се остави да преноќи во фрижидер и наредниот ден може да се јаде или како салата или како гарнир со риба. Само да напоменам, кус кусот не го вариш, значи директно од пакетчето
Знае некој како се прават американските колачи? Овој рецепт што го има гледам маргарин има а јас имав еден без маргарин. Ај кажете ми вие како ги правите или рецепт.
Вчера овие ги правев, со лажица требаше да ги собирам од тавата, се напија мрсно уууфф течеа од сите страни, ги фрлив веднаш. Незнам јас нешто да не сум згрешила, ама никогаш повеќе нема да ги направам!
Lella1 срцка имам праено дома вакви топчиња од компир.. Откако ке ги напрајш топчињата (јас ги напрајв од пасиран компир,рендан кашкавал и едно јајце) ги ставаш во фрижидер да се стегнат малце..па после ги валкаш во матено јајце и после во презла. Ама се пржат во фритеза..додека да се вцрвенат.. ко ке ги вадиш,стави ги на куњска хартија,да се впиет вишокот масло и супер се...
А да пробаш место пржење, да ги печеш во рерна? Во последно време избегнувам пржење, вака ем помалку масло ќе впијат, ем вкусот ќе биде ист Ќе бидат полесни и поубави за јадење
Кога ќе ги извадиш компирите од тавата нареди ги на кујнска хартија за да се впие маслото,а потоа сервирај ги.
Ми треба совет од вас за апаратите за месење леб?? Дали некоја од вас користи ваков апарат? Сакам да си купам ама навистина ми треба фидбек, дали се исплати да се користи и дали лебот е вкусен? Фала!
Јас многу го користам. Барем за викенд обавезно во него правам леб, и има најразлични рецепти, а можѓеш и какви сакаш додатоци да ставаш. Во него имам правено и само тесто за пица, а и џем од јагоди, од дуњи, портокал. Апсолутно го препорачувам!
Еј супер! А само да те прашам од каде го купи, зошто гледам има од 3.000 до 8.000 денари, или каква марка е? А како правиш џемови, што и тоа може??? Одма го купувам
Мојот е Мулинекс, околу 6000 беше и ми беше подарок од старосватицата за свадба. Мајка ми има Северин што го зеде за околу 4000, и е исто многу задоволна. Секоја машина има околу 10тина програми - од оние за класичен бел леб, интергрален, благ, само за месење тесто, и програма за џем - јас добивам по околу една тегла (трае 1 час програмата)