Фемики, доколку некоја е онлине ќе ја замолам да ми каже некоја идеја и рецепт што да зготвам денес за ручек , онака набрзака....да биде ем брзо, ем вкусно!!!
Класичниот сос за fajitas се спрема за 15-20 (со сецкање) мин и е со пилешко месо. За две порции потребни се 250 гр. пилешки гради 1 главица кромид 1 зелена пиперка 1 црвена пиперка (може и две зелени, не верувам дека се одразува на вкус, сметам дека е повеќе за визуелен ефект) 200 ml салса * Спојлер http://allrecipes.com/recipe/the-best-fresh-tomato-salsa/ зачин за фахитас по вкус Спојлер http://allrecipes.com/Recipe/Fajita-Seasoning/Detail.aspx?event8=1&prop24=SR_Thumb&e11=fajitas%20seasoning&e8=Quick%20Search&event10=1&e7=Recipe&soid=sr_results_p1i1 масло за пржење Пилешките гради се сечат на тенки лентички (иако јас преферирам на коцкички, вака ептен брзо се пржи месото, а и полесно е за загризување). Исто, на ленти се сечат и пиперките и кромидот. Се загрева маслото, се става месото, откако ќе зарумени убаво се додава фахитас зачинот по вкус (јас ставам две лажички). Се меша убаво за да зачинот се распредели... Се додава кромидот и пиперките. Се пржат убаво и на крај се додава салсата. Се остава да прокрчка и се трга од оган. Во меѓувреме, се топлат тортиљите во микробранова. Се сервира топло. Moжe да се додаде и зелена салата со секоја од тортиљите, за дополнителна свежина. * салсата и зачинот ги спремам во поголеми количини (кога имам слободно време) и имам за 4-5 пати.
Благодарам многу! томато салса ќе ставам од тегла куповна, а зачини ќе додадам така поединечно. Мх мх, ќе биде вкусно
ми требаат орео колачи за една рецепта ама бидејчи нема тука некои слични на нив има? Нешто слично што можам да ставам?
^ Побарај каде што прават откуп на печурки и слични други билки Незнам од каде си,ама конткретно во мојот град таму можеш да најдеш оти откупуваат и боровинки и капинки Инаку килограм боровинки мислам дека се 60 денари
Од Скопје сум , јас имам видено на локалното пазарче кај мене имаат малини и капини али боровинки никако да најдам, а откуп на печурки поим си немам кај прават ако сакаш подобјасни ми
^ Незнам како да ти објаснам бидејќи не сум од Скопје Од Кичево сум и знам овде во зградава кај што живеам има продавниче каде што откупуваат печури исто и боровинки Незнам Скопје како е
Филети риба како да ги пржам -ми се ронат ? И за овие на сликата да ми појаснете.. да ми дадете рецепти идеи..? Како се приготуваат?
Пангата стави ја во брашно, јајце па презла како за поховање смеса. Јас само така ја правам затоа што е доста тешка за приготвување. Можеш и да ја печеш со маслиново масло и зачини.
Денес имаше на Буњаковец пазарчето, боровинки. Не знам, колку пари беа. Во канчиња беа, како малините и капините. Во редот најблиску до Партизанска. Во витрина ги држи човекот.
да прашам сакам шлаг во боја, во обичен шлаг да ставам прехрамбени бои оние во шишенца што се? Некој совет , бидејќи не сум правела до сега колку да ставам, какви бои да земам ( у смисла кои се најбезбедни)
Јас најчесто земам од прехрамбените бои во прав што се. ги ставам во обична шлаг пена што претходно ќе ја изматам и секогаш ми се погодува. прво ставам малку боја, па ако е премногу бледо додавам уште.зависи каква сакаш да ти испадне бојата. побарај вакви бои - во прав и немаш промашај!
Тие в прав се во пакетчиња како ванила и не се скапи мислам до 10 денари се а оние течните во шишенца се многу по скапи околу 50-60 денри е едно шишенце но повеќе време се користи бидејкибојата е појака и доволно е само една капка за да се добие посакувана боја, но не се лоши и тие во пакетчињата побарај во маркетите за делови кај што се продаваат цветови за торти нели циркони оние слики за торти таму има
Канапеи се мали сендвичи кои на себе можат да имаат комбинација од било што, од Вашите омилени намази, од различни комбинации со сувомеснати производи, сирења и зеленчук. Денес Ви подготвивме вкусен намаз од туна кој одлично оди во варијанта канапе сендвичи. Рецептот е без строго дефинирани мерки за да може секој по свој вкус да додаде што му одговара. Во еден поголем сад измешајте конзерва со туна со малку мајонез, неколку ситно исечени кисели краставици, лажица сенф, малку босилек, малку сирење или било која друга состојка по Ваша желба и вкус. http://www.zdravjeihrana.mk/brzi-i-fini ... i-so-tuna/