Разгледај на екупи, јас некни гледав баш таму рачни блендери и имаше по пристапни цени. Инаку се безбедни со нарачување, јас имам искуство и нарачката си стигна уредно, а платив кога ми ја донесоа.
Девојки, има ли некој сок од кокос што се става во торти? На еден рецепт ми пишуваше една чаша кокос и претпоставив дека е во течна состојба, а досега не сум чула за такво нешто. Или пак можеби се мисли на брашно од кокос (кокос во трошки)?
Не знам, не пишуваше дали се работи за течност или пак за брашно, тоа што пишуваше чаша не ми кажува ништо бидејќи и мерката за шеќер и брашно беше изразена во чаши... не знам навистина, ама ако размислам подобро пологично е да е течност штом постои нели? Бидејќи трошките се само за декорација, не би се ни осетиле меѓу состојкиве други мислам... Какво е тоа, скапо ли е и секаде го има?
^Брашно бара рецептот, глава сечам. Ќе се осети не се грижи, далеку од тоа дека кокосовото брашно е само за декорација. Стави брашно па пиши како излегла тортата Ми се пријаде Рафаело колач
што е попрепорачливо за меко тесто за пица? Да се користи свеж квасец, во помала количина или пак да се стави сув квасец? Ајде помош...
4 лажици мајонез, 4 лажици павлака, 9 брашно, 2 јајца, малку пециво викаат дека рецептава е закон за пица, за веднаш печење.
Јас го имам видено во Веро. Конзерва од 200 грама околу 180 ден.Не знам какво е на вкус. Не ми се даваат толку пари.
Лавли а да ни го постираш рецептот да видиме за штос е работи? Вака не можеме да знаеме, ако ставиш течност ќе биде течно ако си требала да ставиш кокосово брашно, и обратно.
^ сигурна сум дека е кокос трошки иако рецептот не ми е виден ,не сум слушнала до сега за кокос во течна форма или за таков сок па и да се става во рецепт, али се си може . Ама како што ти кажа AngelOfArh љубави пиши рецепт и ќе откриеме
Дали би било убаво да изрендам кора од портокал и да ја ставам во растопена чоколада, или би било глупост? Спојлер ПМС и се е можно!
Ама претходно стави го во вода и сода, во едно подлабоко стави вода и една лажица сода, нека отстои 15 минути и после што сакаш праи со овошјето. И практикувајте го ова со сите овошја кои имаат лушпа која може да се јаде
Девојки, решив да правам раванија но немам 800 гр шеќер дома, колку што се бара. Можам ли да го заменам со шеќер во прав со тоа што ќе ја скратам дозата упола, бидејќи тој е доста поблаг? Би сменило ли ова нешто?
Каде можам да најдам прехрамбена бој, и колку пари е? Пришувам бидејќи ми треба, прашав во продавницата пред куќа и немаше, и рекоа дека не знаат каде има..
Види во некој поголем маркет, што знам Тинекс, Веро, СП, Гиго.. Јас мислам дека имам купувано од Веро. Исто така мислам дека се наоѓаат и во вид на прашок и во вид на течност. За цена не би знаела искрено, но не повеќе од 50-60 ден.една боја.
Прехрамбена боја можеш да најдеш само во поголеми маркети. Цената им е од 30 денари па нагоре. Совет од искуство... Да си земеш од тие што се како прашок, бидејќи течните кај нас што се продаваат за ништо не ги бидува . И уште нешто, ако сакаш да добиеш екстра боја како што очекуваш, бојата стави ја во лажица (колку што ти треба) и стави и само една капка до две вода. Растори ја убаво со мешање со чепкала за заби и дури потоа стави ја. На тој начин ќе го добиеш посакуваниот ефект, отколку да ја додадеш директно за што и да ти треба, ама во вид на прашок.