Еве ви една многу брза варијанта да зготвите нешто невообичаено и вкусно кога имате гости а сепак сакате покрај мезето да ставите и нешто лебчесто или кифлесто http://www.youtube.com/watch?v=Fkj4LJqOoMA јас ги испробав и беа многу вкусни,,,, можете со кога било руска , пилешка .. итн, салата да ги комбинирате
Леле и јас некна ги гледав овие, имав куп преводи и наместо тоа ѕвркнав по рецептов.... Испаѓаат ли вакви нормални и во обично тавче, немам делимано на располагање? Да не ми се испозалепат па индиски омлет да испадне...
^ Ги има во Тинекс . Јас си ги купувам, ги ставам во релна да ги стоплам и ги служам со намаз, што ми дојде при рака.
Ама во Тинекс ги има тие Арапските лебчиња, ова е различно. Индискиве се мекани и лиснати се. Јас ги пробав Дузи во обично тефлонско тавче за палачинки и не се лепеа. Значи гледај да е тефлонско или керамичко тавчето. Инаку Арапските лебчиња се прават дирекно на шорет на дрва или во случајов на рингла од електирчен шпорет, не се пржат во тавче и се многу потенки и потврди.
не бре какво лепење суви се, ќе се печат во која било тава, јас ги правев во росвајтна тава и јас немам длимано...мајка ми во мала тепсија ги вадела па немала проблем
Девојки, кога се прави крем за торта и пишува слатката павлака да се загрее на оган и да се растопи чоколадото во неа, се мисли нематена нели? Но како всушност ќе ми се стврдне? Невозможно е...
Па прво ќе ја загрееш и ќе ја стопиш чоколадата во неа, а потоа откако ќе олади ќе ја измиксираш, друг начин не знам.
Возможно е Треба само да го погодиш соодносот помеѓу хопла и чоколадо. Инаку ова е рецепт за ганаш и се прави со double cream (UK) или heavy cream (USA) кои се млечни (во Македонија слатките павлаки се најчесто растителни со додаток на млечна маса) и имаат висок степен на масленост. За да надокнадиш потребна е помала количина на слатка павлака а поголема на чоколадо. Чоколадото се крши и врз него се прелива зовриената слатка павлака (само да стигне до точка на вриење). И кратко со жица се мати. Се остава околу 10-15 мин (ако е ладна собата и помалку) и веднаш се премачкува тортата. Овој крем за торти не се чува во фрижидер затоа што ќе му се промени вкусот. Најстабилен е од сите видови кремови и затоа се користи како подлога за фондан. едит: Не се мати со миксер.
Пробав заедно со чоколадата да ја матам ама џабе, ко вода беше. Една хопла ми пропадна ама нема везе, имав дупла доза. Јас направив вака вториот пат (бај д веј успешниот): Си ја изматив хоплата и на оган растопив две чоколади со малце млекце. Ги оставив да се оладат и после тоа ги помешав со хоплата и добив неверојатна густина и преубава кафена боја. Јас мислам дека на овој начин се мислело, можеби не објаснуваат во рецептите затоа што мислат дека се подразбира... друго објаснување немам. Еланор, тоа е некоја странска рецепта што си нема врска со ова, многу рецепти за едноставни кремасти торти ги пишува на овој начин. Нема што јас да погаѓам сооднос кога јасно си пишува колку хопла, а колку чоколадо. И не штима, што значи е невозможно во овој рецепт. Не знам за твојата финта, ама јас си го најдов решението што секогаш ме бунеше за ваквите рецепти. Сепак фала ви на советите.
Твоето прашање беше како е постапката со загревање на хопла и растопување на чоколадо, без матење. Соодветно на прашањето јас ти одговорив. Не знам за каков рецепт станува збор ама текстурата на кремот е различна кога хоплата е матена или врела прелеана со чоколадо. Доколку е направена на начинот како што јас пишав има густа и мазна текстура. Ако се загрева хоплата со чоколадото на среден оган, без матење, има потечна текстура меѓутоа во фрижидер се стврднува и има текстура на погуст мус. Ако ја изматиш хоплата и додадеш стопено чоколадо се добива чоколаден шлаг-крем. Сите три имаат различна густина и текстура. п.с. ако е рецептот за Монте торта од coolinarika, тогаш е втората постапка. Битно на крај си се снашла
Лавли како може така кога хоплата(нематена) на оган се згуснува? Јас кога правам сос за тестенини ми добива одлична густина, само треба да врие т.е. крчка малку.
Дали има некоја слушнато за компирово брашно и знае каде да се набави? Знам во специјал пекарата го употребуваат имаат многу убав компиров леб кој многу ми се допаѓа
За компирово брашно немам слушнато,ама ако сакаш компиров леб ,свари 1-2 компири, со средна големина ,испасирај ги и замеси ги во лебот.