1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лазања

Дискусија во 'Рецепти' започната од maca99, 2 октомври 2010.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Гранде лазања во чест на Италијанците
    Лазања капкејкс
    СОСТОЈКИ
    800 гр мелено месо
    400 гр кашкавал (изренда)
    1 кутија лазањи
    1 главица кромид
    3 лажички вегета
    3оо до 400 мл доматно пире
    500 мл бешамел сол (можете да го направите или да го купите)
    200 мл бело вино
    ПОДГОТОВКА
    1.Направете болоњезе сос. (Меленото месо потпржете го со кромидот, вегетата и доматно пире)
    2.Лазањите исечете ги на коцки. Почнете да ги поленете калапите по стандардна постапка. Прво парче лазања, па болоњезе сос, кашквал, потоа бешамел.
    3.Кога модлите ќе бидат полни, одозгора ставете малку бешамел и нарендајте кашкавал.
    4.Печето во добро загреана рерна на 220 спетени, околу 30 минути
    __________________________________________________________________________________________
    Мексиканска лазања
    Потребно е:

    450 г мелено, мешано, месо
    1 лажица масло
    1 лажичка чили
    1,5 лажичка мелен ким
    900 мл сос од домати
    1 пакување (6) пченкарни тортиљи
    или 6 листови за лазања
    2 шољи (од 200 г) ренданожолто сирење
    400 мл густ сос од домати, малку лут
    200 г исчистени црни маслинки, сечкани
    5 млади кромитчиња
    Чили во прав
    масло за тавата
    павлака за готвење
    Подготовка: рерната вклучете ја на 200 сепени. Во голем сад пржете ги ситно сечканиот кромид, меленото месо, на 1 лажица масло, чили во прав, ким, а кога месото ќе омекне додајте го сосот од домати.
    Тавата (24 х 24 см) обилно намачкајте ја со масло или маргарин. На дното ставете листови за лазања да се покрие дното. Нафрлете 1/3 од ренданото ќолто срење, ставете половина од филот со месо и сос. Покријте со 1/3 од лутиот сос. Нафрлете половина од маслинките и уште налку жолто сирење. Повторете ја постапката уште еднаш (лазањи, жолто сирење, фил, маслинки). На врвот повторно ставете лазањи (или тортиљи) и нафрлете со рендано жолто сирење.
    Ставете во рерна и печете околу 30 минути. Извадете од рерна, оставете неколку минути да се лади а потоа послужете со кисела павлака и сечкан млад кромид.
    ___________________________________________________________________________________________
     
  2. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
     
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    луѓе јас ако не ги обарам, тие се тврди и живи и не се јадат.
    Jас во самото тенџере ставам вода, зејтин, ги ставам сите да се варат, од зејтинот не се лепат кој знае колку
    Oд кога ќе се обарат им ставам ладна вода,и сите до една ги ставам кориве, не во етапи, и така ги држам, после тоа малце си се залепени, лесно се одлепуваат :)
    Mелено месо, ќечап томатело сос, оригано, кромид, башамел и мноооооогу кашкавал, и одлични се.
    Jас башамел им ставам и одозгора :) :) на врвот, кога треба да се печат :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Обожавам лазањи.Дома немам правено,а се надевам дека во блиска иднина ке пробам да направам.A најубави лазањи дефинитивно имам јадено во Италија :inlove:
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно ако не се сварат корите не се толку убави лазањите.
    Единствено варијанта да се преплави со кисела вода или обична вода цела тава лазањи ама па така се праварени и е тоа тоа.
    Ние па дома имам еден специфичен рецепт за лазањи со пилешко месо и печурки наместо со мелено месо и со сос од домати. И двете ми се прекрасни, само овие со пилешко се полесни за јадење и помалку калорични.
    Се запржува прво местото со кромид и се додаваат на крај печурките исто некој 5 минути да се вцрват малце и се става оригано. И исто се реди и се премачкуваат корите со бешамел.
    Ама една голема тава со лазањи нас ни е за две јадење, т.е ни останува и често го замрзнуваме или во фрижидер само и после тоа во микро само неколку минути и се исто вкусни како и прв пат.
    Обожавам лазањи, дефинитвно ми се во топ 3 највкусни јадење после печено свинско каре и компири.
     
    На Annath и kravce им се допаѓа ова.
  6. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Денес првпат ги правев лазањите со тиквица и ептен вкусно испадна.
    Тиквицата исецкана на тркалца ја пропржив малку од двете страни колку да фатат боја. Значи филот беше тиквици, моцарела, бешамел. Готвев за двајца па употребив една тиквица, останатото се одприлика.
    Следниот пат ќе ставам и малку брокула.

    Инаку јас секогаш користам од лазањите кои не се варат. Бешамелот не го правам многу густ (некако како јогурт густина), и правам поголема количина за да убаво ги прелијам лазањите одозгора. Вака по печењето горниот слој не се ствднува како кора, туку е потпечен, а мек. И содржината внатре е посочна.
     
  7. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    лазања болоњезе се најубави секако од маркет купени само да си направиш....
     
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Хипстерке, дај пиши цел рецепт за лазањава, јас не сум многу по меленото месо, па сакам ова да го пробам, ама и прва лазања ќе ми биде да правам, па ако може малце подетално објаснение :angel:
     
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Само за тебе кравче!
    Лазањи со пилешко и печурки
    Едно пакување од 500 грама кори за лазања.
    Се варат во солена вода и малку зејтин( не сите наеднаш, по 10 корички во едно варење)
    Крем-бешанел
    Фил- бело месо 2 големи парчиња( околу 400-500 грама). Претходно се вари па се сецка на коцкички.
    Печурки(една мала тегла) се сецкаат.
    2 кромиди се сецкаат и се пржат и на тоа се додава месото и печурките.
    Зачини по желба( ние ставаме сол, бибер, вегета и оригано обавезно)
    Во подмачкан плех( или со зејтин или со маргарин малку да не се лепат корите) и де редат во три реда.
    Кори, па се премачкуваат во бешанел, па одозгора филот(месото и печурките) и потоа пак кори и се така и се така. Последен ред треба да се корите.
    Се поливаат со кисела вода( пола литар) и малку зејтин(а може и да бе ставаш за да не ти бидат мн мрсни)
    И се ставаат во релна на 250 степени
    Некаде при крајот се ватат се ренда кашкавал и се враќат назад за да се растопи кашкавалот)
    Отприлика печењето е од 20до 35 минути.
    Порцијава е за 4рица ама асално да се најадат.
    Можеш да си модифицираш со зејтинот само не претерувај со него, да не ти бидат на крај многу мрсни па така и се многу силни и тешки за јадење.
    Од што се пржи месото и печурките си пушта мрсничко и на крај доволно е ептен малку масло да се напрска
    Рецептов е од храна у вино ама од пред 3-4 години.
    Има направено промена само за зејтинот, нивните плуваа ви зејтин, па кога ги оробав прв пат ми се слоши од што беше мрсно и не се јадеа.
    Бешанел не пишав како се прави, имаше некој објаснето мислам пролистај
     
    На Peppermint, Noemi, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    ^ Значи последен ред да се корите, па киселата вода и кашкавалот при крај на печење? Ајде пробувам до крајот на неделава, па ако бидне нешто ти праќам порција :) (ако не бидне, не кажувам дека сум правела :lol: :D ) Тенкју :f:
     
    На ilipili и Hipster им се допаѓа ова.
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Минатиов викенд правев лазањи и наместо бешамел (кој лично многу многу не го сакам, ми прави брашното киселини), решив да употребам неутрална хопла за готвење.
    Ич не се сеќавам која марка/ фирма (како и да се вика де :lol: ), ама беше од оние што не се матат со миксер, туку директно се користат.

    Значи прво во тавата ставам од црвениот сос (томатело, мелено месо, печурки и зачини-вегета, сол, бибер и оригано), па налевав од хоплата, па редам лазањи, ако имам дома насипувам и пармезан...па пак од сосовите, лазањите и на крај (јас правам четири реда лазањи )рендам кашкавал.
    И никогаш не ги варам лазањите, директно ги редам и се меки и сочни. Купувам или Барилла или Дивела.

    Поубави лазањи во живот не сум направила :!: .
    Ова дури и мм го потврди,м а тој е редовен мрчатор кога се експериментира со проверени рецепти.
    Да, таков си е.
    :lol:
     
    На Annath, kravce и eli25 им се допаѓа ова.
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Така.
    Гледај со киселата вода да ги покриеш корите и убаво да се впијат, за да не се скаменат, и горенот дел ама и од страните. Ма да затоа и се се вари за да не останат живи при печење
    Може и обична вода, ма да спред мајка ми подобро било кисела.
    Кашкавал некој млечен убав што ќе се растопи зашто тој му дава некој посебен шмек.
    Еднаш по грешка земав од оној растителниот, мене одвратен ми е и така и казањите ич не ми беа убави.
    Немаат утка ќе видиш.
    Малку одзема време за правење, час, час ипол ама се исплати.
    И јас исто не сум баш фан на мелено месо и овие ми се совршени.
     
    На eliesaab, Annath и kravce им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.649
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам и јас од ова со пилешково, ама Хипстерке, многу масло ставаш? :^) Или мене така ми се чини. Јас единствено ставам масло кога го динстам кромидот, и во водата во која ги обарувам лазањите. Е сега путерот за бешамелот може да се смета за масло, донекаде. Во тавата не ставам, нема потреба, никогаш не ми се залепиле. Ниту пак додавам вода да има при печењето.
    Како и да е, рецептов ми звучи превкусно, па ќе го пробам. Искрено, јас многу често кога правам лазањи (а ги правам често), ставам помалку месо, а остатокот со зеленчук го дополнувам, често е тоа некоја тиквичка, модар патлиџан, мешавините за ѓувеч... оти на син ми едно од омилените јадења му се лазањите (ист е како татко му кога е јадењето во прашање), а ѓувеч или турлитава не ми јаде, па вака правам некоја комбинација.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Можда лошо сум објснила, ама отприлика и ние толку масло ставаме.
    Кога се пропржува кромитод и месото и печурките и во водата ептен малку.
    За на крај да се пропрска со масло ама тоа е по желба.
    Ние не ставаме, ама знам многу ставаат.
    Затоа пишав со маслото ќе правиш како што сакаш.
    И да пушта и од бешамелот од путерот мрсно и дури непореебно е да се става масло на крај.
    Оригиналниот рецепет е со масло на крај и тоа многу, да плива :|
    На некој може му се свија така, затоа е опционо.
    Орогано може да се нароси и на крај, малку, над последната кора.
    Мрсничко е вака коа глеам сеа, а се се тешам дека не е до толку :D
     
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.378
    Допаѓања:
    34.165
    Пол:
    Женски
    Еве еден превкусен рецепт за лазањи.

    На зејтин се пржи 1 главица сецкан кромид, потоа му се додава 600гр. мелено месо. Ова се динста додека да омекне месото.
    Посебно се приготвува бешамел сос од 3л. брашно, путер (јас ставам и малку зејтин) и 7дл млеко.
    Откако сосот ќе биде готов се соединува со динстаното мелено месо и на оваа смеса се додава и една мала павлака. Се зачинува по вкус.
    Половина пакетче лазањи се варат и се цедат.
    Во тавче се редат лазањите, врз нив се реди филот, а врз филот рендан кашкавал. Сето ова се повторува додека не се потрошат сите состојки.
    Најодозгора јас ставам малку од филот на кој му додавам млеко, а врз него рендам кашкавал.
    Се печат 45 мин. на 200 степени.
    :)
     
  16. cvet957

    cvet957 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    38
    Добар ви ден.Имате ли рецепт за лазаљиве ама посен без месо, вегетаријански?Ако имате ве молам споделете. :wasntme: :wasntme: :hai:
     
  17. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    Состојки
    1 главица кромид
    1 морков
    5-6 пиперки
    1 модар патлиџан
    2 домати/ или доматен сос
    2 чешниња лук
    неколку маслинки
    Сос
    2 лажици брашно
    1 коцка за супа
    2 јајца
    200 гр. сирење
    малку сол и црн бибер


    Се сецка зеленчукот на покрупни долгнавести парчиња само модриот патлиџан на коцки. Се запржува кромидот, па се додава морковот, модриот патлиџан, пиперките и на крајот доматите без лушпа (или доматниот сос) и лукот ситно исецкан. Зачинете со сол и бибер.
    Во тава за печење се редат лазањите и врз нив се става запржениот зеленчук и се додаваат маслинките без семките.
    Во тавата каде се пржеше зеленчукот се додава малку масло и кога ќе се загрее се додава брашното да се запржи па се додава 300 мл. вода, а потоа и коцката за супа. Откако ќе се олади во него се додаваат јајцата изматени заедно со сирењето. Се става во загреана рерна да се пече.
    Ако ви се гледа дека е суво, додадете малку вода или доматен сос. И тоа е тоа.
     
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.821
    Пол:
    Женски
    Јас правам мн едноставна а вкусна лазанјс.Го пржам кромидот па меленото месо,додавам сол и вегета.Ставам готов сос од маги болоњезње и додавам вода околу 400 мл.Оставам 5-6 мин да се крчка и тргам настрана.Во тава редам прво од сосот па лазањи(не варени) и се така дур не се потроши филот со кој ја завршувам целата постапка.Додавам пола филџан млеко да се растече измегју лазањите и печам.Со вилушкА Проверувам дали се омекнати .Ако се,тогаш рендам кашкавал и допекувам.Мн се сочни без правење бешамел без варење на лазањите
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас имам правено посни лазањи со смеса од: рендан компир, рендана тиквица и малку сос од патлиџан. (По желба се става кромид, морков, магданос).
    Превкусно беше, иако вака на прва помисла не изгледа вкусно. :)
     
  20. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Мајка ми прави,најубави се. :inlove: