Моите омилени колачи. Особено оние домашно приготвените. Само што ме израдува мајка ми со мафини со житарки, а јас и ветив дека она списаниено со 101 рецепт за мафини ќе и го засенам, кога ќе го откријам рецептот за Brownie. Арно ама, семоќниот Google е дудук за готвење, затоа барам помош од вас. Brownie мафини со чоколадо или цреши. Воедно, споделете и ваши познати рецепти, употребувани или измислувани. Наздравје.
http://gurman.mk/recepti/slatki/chokola ... po-zhelba/ http://gurman.mk/recepti/slatki/chokola ... s-so-pivo/ Мислам дека овие рецепти ќе ти свршат работа. Разрошкај ја странава - има интересни рецепти. Само морам да те предупредам - веднаш отвара апетит
Речиси секоја сабота или недела за појадок правам мафини. Децата многу ги сакаат. Мене не ми се нешто посебно, ама добри се за појадок со млеко. Како современа домачица, ги правам оние од Др.Оеткер, со готова смеса. Не дека е тешко да се направат, туку со смесава знам дека имам се, и спремно ми е, се додава само масло и едно јајце, а што е право и многу брзо се прават
http://gurman.mk/vashi-recepti/toplo-laden-kolach/ Еве рецепт за топло-ладен колач. Јас пред служење ги ставам во микробранова печка 10сек. за да се стопи внатре чоколадото.
Не можам да редактирам, затоа дополнувам: Посни мафини (за 12 мафини) 3 филџани брашно, 2,5 филџани шекер, 1 филџан масло, 250мл. газирана вода, пола филџан сецкани ореви, пола пакетче цимет, 1 кафена лажичка сода-бикарбона, 1 супена лажица какао. Се мешаат најпрво сувите делови, па се додаваат газираната вода и маслото. Ги печеме во подмачкани калапчиња (со путер) 15мин. на 180 степени. Чекаме да се подизладат, па ги вадиме. Одзгора може да им се стави шекер во прав или чоколаден прелив по желба. Има и солени мафини, внатре се става рендано сирење, шунка, по избор, се декорираат со кечап или мајонез одзгора.
Мафини благи имам правено еднаш не беа лоши,ги најдов од Кулинарика.ком ,беа нешто -фил и во средината со изблендирана банана па пак се ставаше фил. Сепак беа многу благи оти одеше за филот бааги кремче и чоколадо,па сестра ми ја штрекнаа сите заби па оттогаш ми ги колне моите мафини Инаку сега си ги правам најмногу соленки.Значи како што е смесата за проја-некогаш додавам и маслинки место сирење, и ги полнам калапчињата и искачаат предобри солени мафини,а и за сервирање се топ :up: Можете и рецептот за проја, па да се додаде спанаќ и сиренце,или кислеи краставички,шунка,кашкавал како ви лежи на срце така. Рецепти имате многу на кулинарика од каде си направив мој мини готвачпа се живо испринтав од рецепти и ги укоричив
Си купив готова смеса за мафини, пишува дека се печат 25мин на 175 степени во рерна. Е сега, прашањето ми е можам ли да ги приготвам во микробранова наместо во рерна? Некој да има искуство?
Јас сакам да пробам да направам бидејки ми се чинат многу лесни Инаку може ли да се користи од оние хартиени за колачи(не ми текнува како се викаа ...ако се нема калап? Еве рецепт за солени и благи мафини: http://www.kafepauza.mk/zivot/mali-i-vkusni-mafini/
Јас ги правам најчесто овие мафини и излегуваат супер. http://sitnoseckano.blogspot.com/2010/0 ... ins-2.html Со тоа што правам половина доза и ми излегуваат 8-10 што е доволно. Мислам дека со цела доза би излегле многу повеќе од 12 мафини. Понекогаш во средината додавам и некое цело оревче и се уште поубави. Еднаш од досада стопив и бело чоколадо и ги брцнав со горниот дел во него, изгледаа супер. И ваков тип на декорација е исто лесно - со шприц се обликува формата на кремот и се додаваат чоколадни трошки. *иако нели, технички овие се капкејкс.
Мафини или капкејкс ... исто чудо др име. Јас добив од Америка готова смеса за нивно правење со се рецптура, само треба да се додаде млеко, јајце и масло. Ама не се нафаќам да ги правам. Плус треба да купувам модлици ... Може еден ден ако ми дојде желба ќе ги направам па ќе ве известам какви биле А не сум и некој обожавател на ваков вид слатки
Обожавам мафини! Повеќе да ги јадам отколку да ги правам Најдов еден рецепт за солени мафини, па можеби деновиве ќе го пробам Мафини со грашок Состојки: - 100 гр. грашок - 200 гр. пченкарно брашно - 100 гр. пченично брашно - 1 кесичка прашок за печиво - 2 јајца - 1 дл. масло - млеко по потреба - една лажичка сол - едно гранче зачин - 50 гр. рендан пармезан Подготовка: Грашокот обарете го и оставете го да се исцеди. Измешајте ги двете врсти на брашно со прашокот за печиво, додадете ги сматените јајца, маслото, посолете и сипете толку млеко како би се добило маса со средна густина. Сето ова помешајте го со грашокот и ситно исечканите зачини. Потоа сипете ја во претходно обложените калапи. Одозгора наросете ги со пармезан и печете половина час во претходно загреана рерна на 200 степени. Интересно и лесно
Наместо ,,млеко по потреба,, стави 100гр јогурт и остави грашок, не ставај, стави ситно сецкана сланина или сув врат, печеница....поубави се вака
Знаете некој рецепт за солени мафини без јајца??? -Погоре праша некој - на пакетчето за мафини би требало да пишува колку мин. се прават во релна, а колку мин. во микробранова. -Калапчиња се купуваат во сите подобро снабдени продавници за прибор за домаќинство. (каде се продаваат тенџериња, тави, итн.) Има целокупен калап со дупчиња или посебни калапчиња. Има и гумени калапчиња кои се отпорни на оган (ама се многу поскапи). Ако сакате убави, трајни калапчиња кои ќе ги користите долго време, купете од поскапите, а не кинески.
Mене овие мафини ми се омилени и дома за 1 сат сите веке се изедени Pецептов е за со боровинки,но ако немате можете да си заменте со малинки,јагоди... 75г путер 100г шекер(на рецептов ми пишува caster sugar,мислам значи поблаг шекер на македонски) 1 јајце 2 чајни лажички млеко 1 прашок за печиво 100г брашно 100г смрзнати боровники,малинки,капинки,важно да се смрзнати Pерната вклучете ја на 180 степени,во подлабок сад ставете го растопениот путер и шекер и измиксајте ги со миксер додека смесата не стане лесна,потоа настрана во друг сад измешајте го јајцето со млекото,па ставете го во смесата со путерот и шекерот,па измискајте,потоа додајте ги брашното и прашакот за печиво,па исто така измиксајте,па потоа боровниките и мешајте додека не се соедини смесата,па ставете ги во калапот за мафини,и печете ги 20 минути. Aј деновиве ке споделам повеке рецепти
http://www.laurainthekitchen.com/arch/c ... cakes.html преубави се. 1 cup е некаде околу 250мл/гр... 1/2 е околу 125гр/мл... Дома имам cup и измерив за да знаете колку се мерките кај нас. Во рецептото пишува со бел и кафеав шеќер може и само бел.(кажано е и во видеото)
Bчера пробав нов репецт за Банана Kапкејс,мене ми се допаднаа,не се кој знае колку благи :geek: 2 cups брашно(овие 2 cups се околку 2 чаши за чај оние поголемите) 3\4 чаша поблаг шекер(caster sugar) 1\4 чајна лажичка миризливо оревче,морско оревче или цимет( а за тоа 1\4 ке ставам слики подолу) 1 голема згмечена банана 2 јајца лесно изматени 125 гр стопен путер Mешате се заедно и на печење околу 10-15 минути зависи A за тоа 1\4 лажичка јас дури си сликав од дома за да објаснам поубаво Спојлер Oколу прстофат е количинава
Пробав во хартиени корпиња да ги направам, ама за жал ми се заллепија..што треба да направам за ттака да не ми се залепват само во калапчињата да ги печам или да ставам масло на корпињата?