Mb34 напиша:Пробав во хартиени корпиња да ги направам, ама за жал ми се заллепија..што треба да направам за ттака да не ми се залепват само во калапчињата да ги печам или да ставам масло на корпињата?
Во хартија кога печеш секогаш ќе ти се залепат, ако имаш купено готови некогаш ќе забележиш дека и тие се прилепени. Кога ги прават јас ги ставам во калап претходно намачкан со зејтин и брашно (или какао ако правиш чоколадни). Откако ќе се испечат остави ги да се изладат и кога ќе ги вадиш помини од страните со тап нож.
Танана!!!Супер ми испаднаа од рецептот на ситно сецкано сајтот што некоја феминка го постирала во темата.Само што јас додадов во некои од нив ореви и мармалад од сливи...Прекрасно чоколадно задоволство
луѓе јас ја правев таа чоколадна лава, ама калапите не знаете колку ми се мали, смешка се и пола од смесата ми остана, 2 дена во фриџот ја чував, во еден длабок сад
и сега ја гледам викам ајде, во микрото ја турив, за 1 минута чоколадна лава Aма тоа тестото и живо не е лошо е не, ќе се печеме 8 минути овде плус во мааали модли.
Обожавам мафини. Купувам готови и ги украсувам со шлаг, мрвици... Многу ми е криво што не сум нашла калап. Знаете ли каде има да си купам? Инаку еве одличен рецепт, многу е вкусен: http://asouthernfairytale.com/2011/04/1 ... -cupcakes/ Само да имав калап. Пишете ако знаете каде има. А до тогаш, ке си јадам рецепти за мафини како колачи.
ludoto19 напиша:луѓе јас ја правев таа чоколадна лава, ама калапите не знаете колку ми се мали, смешка се и пола од смесата ми остана, 2 дена во фриџот ја чував, во еден длабок сад
и сега ја гледам викам ајде, во микрото ја турив, за 1 минута чоколадна лава Aма тоа тестото и живо не е лошо е не, ќе се печеме 8 минути овде плус во мааали модли.
да се самоцитирам, ова да не го пробувате, зашто течна столица ќе ве фане. Jас малце каснав, ерупција на црева... а замислете да се замезев асално.
A може и дека живо го мцнав малце, непечено, може и од тоа
ги обожавам<3. Еве еден рецепт и од мене.Овие секогаш и ги правам на мама за 8 март. Едноставни се за правење и нема многу пари да истрошете за ова.
2 шолји брашно 1/2 шолја шеќер 1 лажичка прашок за печиво 1/2 лажичка сол 1 јајце 3/4 шолји млеко 1/3 шолја масло за јадење
Во голем сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво и солта. Во друг, помал сад изматете го јајцето и додадете ги млекото и маслото за јадење. Така изматени, додадете ги на сувите состојки од другиот сад и мешајте ги заедно додека смесата не се соедини. Сега кога смесата е готова, треба да го одберете вкусот за вашите мафини. Можете да бирате во мноштвото од опции како парчиња чоколадо, кокос, разни видови овошја, јаткести плодови. Изберете го оној што вас најмногу ви се допаѓа или мешајте неколку одеднаш, на пример ореви и суво грозје или чоколадни парчиња и банана. Најдобро е да ставите 3/4 шолји од ваквите додатоци, но ако ви е премногу или премалку можете да скусите или да додадете. Затоа, мафините се едни од омилените колачиња – даваат простор за експериментирање во кујната, а крајниот резултат е секогаш одличен. Ни преостанува уште печењето. Најдобро е да ги печете во калап за мафини, но доколку го немате, како замена можат да ви послужат хартиени корпи за печење. Калапот или корпите треба да ги намачкате со масло за јадење и потоа во нив една по една ја истурате смесата. Се печат на температура од 200 Целзиусови степени околу 18 до 20 минути.
Е па драги мои, конечно, после многу (промашени) експерименти, ваша Annath си го пронајде идеалниот рецепт за мафини. Викендов го правев, ми успеа од прва, и мислам дека никакви други нема да правам, само овие (и по некој солен мафин, секако). Штом и сопругот ми ги бендиса (а тој не сака мафини и слични тестести колачи), значи дека се навистина добри. Па, thanks Nigella! Еве го клипот
Еве го рецептот со точна грамажа. Суви состојки: 250г брашно две лажички прашок за пециво (кај мене двете лажички беа цело ќесиче) пола лажиче сода бикарбона 175г шеќер (обичен или кафеав по избор, јас ставив обичен) ќесичка ванилин шеќер 2 лажици какао 150 г сечкана чоколада (јас ја користев црната чоколада за готвење од КАМ) и плус 50 г за одозгора Убаво се мешаат во длабок сад Течни состојки: 250мл млеко 90мл масло едно јајце екстракт од ванила или рум (тогаш не мора ванилин шеќер) И овие состојки се промешуваат колку да се соединат и се мешаат со сувите, со маталка (миксер никако), колку да нема грутки ( а нема да има ако течните состојки се ладни). Се ставаат во хартиени корпи во калап за мафини, се поросуваат со чоколадни парчиња одозгора и се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, 15-20 минути (јас ги печев 15 минути).
Мене ми излегоа 15 парчиња чоколадна фантазија - уживајте!
Ги печев во хартиените корпи во калап за мафини... ако ги печеш на обичен плех ќе ти се разлее смесата во калапите и мафините ќе имаат неправилна форма. Барем моето искуство така покажа. Ако немаш калап за мафини, можеш да ги искористиш алу-корпите на Фино, мислам дека ги има во секој поголем маркет, по 10 парчиња се во пакување. Ама тие се поголеми од обичните хартиени корпи.