Вака јас си правам макарони и мене многу ми се вкусни
- 500 грама макарони,
- 1-2 моркови
- лук
- босилек пола лажичка
-сол
- зејтин,
макароните се варат и се цедат, потоа во тенџере ставаме зејтин го ставаме лукот пропржуваме колку да го пушти мирирсот, потоа го додаваме морковот го пржиме додека не омекне, потоа во тенџерето ги додаваме макароните и ставаме малку сол и босилек, се пропржува малку и се трга од оган, доколку сака некој може да си достави уште нешто не мене и вака ми се добри,
Уште еден мој рецепт
- 500 грама макарони,
- 1 главица кромид,
- томатело или друг сос од домати
-бибер,
-сол,
- малку шеќер,
-оригано или босилек,
- зејтин
макароните се варат и се цедат, потоа во тенџере се става зејтин, се става кромидот се пржи колку да омекне, потоа се додава томатело или доматен сос, се става бибер, сол, малку шеќер, оригано или босилек, сето тоа се остава да се вари, кога ќе се згусне колку густината да биде за сос се трга од оган и во тенџерето се додаваат макароните и се меша сето и може да се послужи,
Еве еден рецепт го имам направено 2-3 пати многу е калоричен па го избегнувам
- 1 пакетче макарони,
- лук,
- 1 морков,
- путер,
- 200-300 грама пилешко бело месо,
- 200 грама кашкавал,
- 250 мл павлака
- сол
- босилек
макароните се варат се цедат, потоа во тенџере се става путерот да се растопи, се пропржува лукот за да пушти мирис и се додава морковот се пржи малку и се додава месото, се пржи и се додава сол, босилекот, откако ќе се испржи месото се додава павлаката откако ќе се добие хомогена смеса се додаваат макароните и се меша, потоа го ставаме ренданиот кашкавал и се меша додека не се стопи кашкавалот и не се добие хомогена смеса ,
Пријатно јадење, да кажам и ова е моето најомилено јадење а го правам на илјада начини поточно комбинирам тоа што имам во моментот кога ги приготвувам.