ТЕМА: Мелено месо

Мислење 02 Ное 2011, 10:36

Ајде да постираме рецепти од јадења кои ги правиме од мелено месо.

Бидејќи не јадам месо во друга форма, честопати меленото месо го додавам во сосови за тестенини или си правам ќофтиња.

Меленото месо се зачинува со вегета и бибер, додавам ситно сецкан кромид, презла , јајце (може и не мора), се обликуваат топчиња и се пржат.

Понекогаш знам да си смелам и пилешки стек па и со него ги правам ќофтињата со тоа што додавам и кашкавал.

Болоњезе сосот го знаете да не го пишувам.
Аватар на корисникот
maja8

Жолто цветче
 
956477
Мислења: 1920
Зачленет: 03 Јан 2010, 23:46

Мислење 02 Ное 2011, 12:59

Bо моментов не ми текнува многу,тоа за топчињата го знам,кога ке правам мусака,освен мелено месо додавам кромид,домат,морков,печурки и зачини :D

и за полнетите пиперки,кромид,лук,ориз и црвен пипер :D

Eх ништо не сум знаела да правам,ај споделете нешто :wasntme:
Аватар на корисникот
wolf4e

Жолто цветче
 
13241278
Мислења: 1984
Зачленет: 16 Јан 2010, 17:56
Bнимавај што посакуваш...може да се исполни!

Мислење 02 Ное 2011, 13:05

Јас ќе пишам еден рецепт со мелено месо, ако не е соодветен за темава, нека биде избришан или префрлен во соодветна.
Потрбни производи:
-1 главица кромид
-2-3 моркови
-1-2 пиперки
-1-2 патлиџани
-300-400 гр. боранија
-300-400 гр. мелено месо
-зачини по желба
-2-3 јајца
Во тенџерче со зејтин ставам ситно сецкан кромид, морков и пиперка и пропржувам, додавам малку водичка за да издинста и да омекне зеленчукот.
Потоа додавам ситно сецкан патлиџан на кој му е претходно излупена лушпата, пак пропржувам, додавам мелено месо (300-400гр.), пржиме и потоа следат зачини-сол, вегета, бибер, црвен пипер и јас ставам ловоров лист и малку оригано.
Откако убаво ќе се запржи меленото месо додавам боранија (отприлика исто колку и мелено месо 300-400 гр. ама може и повеќе или помалку, во зависност што сакате да има повеќе-месо или боранија). Пак пропржуваме, целата содржина ја префрламе во тавче и се додава топла вода колку да се покрие манџата (така да ја наречам).
Се пече на 250 степени во релна отприлика 30-40 мин., кога водичката речиси ќе испари се додават 2-3 матени јајца (како кај мусака) и се остава да се допече.
Како додаток посебен шмек и вкус дава павлаката.
Бон апетит. :)
Аватар на корисникот
lolyta777

Жолто цветче
 
37115305
Мислења: 1592
Зачленет: 12 Јан 2011, 20:54
Слика
Слика

Мислење 02 Ное 2011, 13:06

Сарма ,со кисела зелка или со лозов лист.
agi

Сино цветче
 
580
Мислења: 231
Зачленет: 25 Окт 2010, 23:59

Мислење 02 Ное 2011, 13:10

Пробајте во меленото месо да додадете чубрица- ја има и во маркетите пакувана, а и по пазарите- преубав вкус му дава на месото.
Еве како изгледа, на оригано потсеќа по изглед, ама вкусот и е каде-каде поубав, јас веќе не користам оригано, целосно го заменив со неа.
Скриен текст: покажи
Слика

А меленото месо е поубаво доколку и кромидот е мелен и размешан внатре- така што можете кога одите во месара да си однесете кромид и да кажете да ви го смелат заедно со месото ;) .

Јас кога правам ќофтиња ставам мелено месо (обично е мешано свинско со телешко, повкусно ми е такво) и ставам вагета, сол, чубрица, и едно јајце и брашно ептен малку за ја апсорбира влажноста од јајцето и така ги пржам и превкусни се, нема човек што не ги бендисал 8) :lol:

А во друга варијанта, можете да си направите ролат со мелено месо- многу е декоративен, или пак тестенини со мелено месо и печурки.

Маја, ако не јадеш месо во друга верзија, а сакаш да јадеш некои манџи- прави ги со мелено- само нема да го динсташ како другото месо што не е мелено, туку ќе го пропржиш со кромид и ќе ги додадеш состојките за манџата ;)
Аватар на корисникот
sesilija

Жолто цветче
 
48374045
Мислења: 2910
Зачленет: 12 Јан 2010, 01:24

Мислење 02 Ное 2011, 13:11

Кога правите ќуфтиња од мелено месо додадете и сусам (подобро е ако е мелен/мељан) дава прекрасна арома. Од мелено месо се прави и убава сарма :) - пропржи се кромид, морков, мелено месо, ориз и се мотаат сарми. Зачини по вкус, сол, вегета, буковец.... (си има тема сарма се убаво објаснето :) ).
Од мелено месо се прави и бурек, кој е по сукани работи. Се прави фил за корите со што се пропржи кромид и месо и зачини по вкус.
Се прави и чорба која јас не ја обожаваам воопшто. Се прават ќувтиња и се варат во вода а во водата се додаваат мирудии - патлиџан, зачини, кромид, морков.
Полнето пиле или шницла со мелено месо (види си рецепти на храна и вино да не развлекувам тука по постот :) ).....
Подварок или некои ја викаат растурена сарма се прави со мелено месо, баш пред некој ден имав тоа за ручек. Се пропржува меленото месо со кромид, морков и зачини и малку буковец па се додаде малку ориз и сецкано зеље (ако е тазе се додава и многу малку лимонтус а ако имате скиселено зеље се става тоа), се налева со вода тавчето и оди во релна.....
Аватар на корисникот
slavica999

Жолто цветче
 
1209529
Мислења: 2347
Зачленет: 27 Дек 2009, 01:31

Мислење 02 Ное 2011, 15:16

Им украдов еден рецеот од Храна и вино, интересно изгледа

Бовчи со мелено месо

Скриен текст: покажи
За подготовка на ова предјадење за 4 лица потребни ви се следниве производи:
- 500 гр. Мелено месо
- 1 јајце
- 2 главици кромид
- 1 кгр. Брашно
- 500 мл. Вода
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Потребно време за подготовка на ова предјадење е 40-тина минути.

Ги земаме двете главици кромид и на даската за сечење ги сечкаме на мали парченца. Потоа го собираме исечканиот кромид и го ставаме во еден сад.

На оган ставаме една тава и во неа ставаме масло за јадење да се загрее. Потоа во тавата го ставаме исечканиот кромид да се пржи и го посолуваме. За време на пржењето кромидот го промешуваме.

Додека се пржи кромидот, во еден поголем сад на работната маса го ставаме брашното. На средината на брашното со лажица формираме длабнатинка и во неа ставаме сол. Потоа додаваме и масло за јадење. Потоа со лажица го промешуваме брашното, солта и маслото. Продолжувајќи да мешаме со лажицата постепено ја додаваме млаката вода.

Кога кромидот е пржен, во тавата го додаваме меленото месо. Смесата од кромид и мелено месо ја наросуваме со црн пипер и ја посолуваме. Потоа земаме рачна маталка и го ситниме меленото месо, а притоа и го мешаме. Кога меленото месо ќе се испржи ја тргаме тавата од оган и ја ставаме на работната маса.

Смесата од брашно, сол и масло за јадење започнуваме убаво да ја месиме со рака, додека не стане мазна. Потоа вака подготвеното тесто, на работната маса го сечеме на 6 парчиња. Секое парче едно по едно го месиме на работната маса, додека добиеме топчиња. Го земаме првото топче тесто, и со сукалка го сукаме во големина на чинија. Потоа го попрскуваме со масло за јадење и го оставаме настрана. Истото го правиме и со второто топче и со сите топчиња додека ги потрошиме. Сите кори освен најгорната ги попрскуваме со масло и ги редиме една врз друга. Ги земаме сите наредени кори, и убаво ги притискаме со раце за да се залепат една за друга. Со сукалката сукаме голема кора како за пита.
Земаме едно јајце го кршиме и го ставаме во тавата со филот за бовчите. Промешуваме со дрвената лажица. Земаме една правоаголна тава за печење и ја попрскуваме со масло за јадење. Од големата кора со нож сечеме еднакви квадратчиња, кои ќе ги формираме во бовчи.
На секое квадратче со лажица ставаме од претходно подготвениот фил, и го превиткуваме тестото на половина за да добиеме правоаголна форма. Добиените бовчи со прсти убаво ги притискаме од сите 3 страни, за да не излегува филот. Со ова бовчите се подготвени и ги редиме во тавата за печење.
Тавата со бовчите ја ставаме во фурна да се пече. Печеме на температура од 250 степени 20-тина минути.
Тавата со испечените бовчи ја вадиме од рерна и ја ставаме на работната маса. На чинијата за послужување со лажица за сладолед, најпрво ставаме една топка кисела павлака на средината. Потоа од тавата ги вадиме печените бовчи и ги редиме околу топката од кисела павлака. Декорираме со едно гранче магдонос врз павлаката. Со тоа бовчите со мелено месо се подготвени.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете розово вино.

Добар апетит.
Аватар на корисникот
maja8

Жолто цветче
 
956477
Мислења: 1920
Зачленет: 03 Јан 2010, 23:46

Мислење 02 Ное 2011, 15:54

Кај мене дома многу често се користи мелено месо во јадењата. И јас си имам еден мој рецепт со мелено месо.
Вака се запржува главица кромид заедно со морков, го додавам меленотот месо и така си се пропржуваат, на тоа додавам тоамтео сос, ситно сецкани компири и златна мешавина и го оставам така да покрчка . Се зачинува по вкус.
Исто така меленото месо ни е неизбжно во мусаката со компири, мусактакта со тиквички.
Многу пати мајка ми прави и густи манџи со мелено месо нешто слично на предходниот рецепт што го напишав.
Аватар на корисникот
SOVRSENSTVO

Жолто цветче
 
915340
Мислења: 2454
Зачленет: 20 Сеп 2010, 14:25
Локација: далекy од реланоста...
We are in love Слика

Совршенството неможеш да го достигнеш,но никогаш не се откажувај од стремежот кон него!

Мислење 02 Ное 2011, 16:20

Tурли тава со мелено месо... Мераци...
Се става од секој зеленчук што го имаш дома (исецкана зелка, кромид, патлиџанче, морков, пиперка, модри патлиџани итн) и 2-3 компира (зависи за колку лица е јадењето), брашно малку, малку црвен пипер, зачини по вкус, месото може а и не мора да е претходно малце пропржено во тава. Сето ова се става во длабок овален сад или земјена тава, се налева со вода најмалку пола јадење да е во вода и се пече на 250, а по пола час се намалува на 200. Превкусно.
Аватар на корисникот
blond

Жолто цветче
 
33863192
Мислења: 1932
Зачленет: 24 Сеп 2010, 10:11
Слика

Мислење 04 Ное 2011, 14:33

Не е којзнае што,последен пат оризот си го правев со мелено месо.Беше превкусен отсега така ќе правам.
Значи се запржува кромидче,со зачини и магдонос,се додава меленото месо а потоа и оризот ,се става се во плехче,во тавата кај што сте пржеле се додава вода ,нека остане на оган додека да стане млака,и се истура во тавчето колку да го облие оризот и месото.
Мене ми беше преслатко а и на дечко ми,така да пробајте.

Мелено месо обожавам инаку.Со него си правам сосови за шпагети,лазањи,бурек со готови кори,ма оди во се! Единствено што не сакам се ќофтиња со мелено месо :worried:
Аватар на корисникот
eli25

Зелено цветче
 
26853351
Мислења: 916
Зачленет: 19 Сеп 2010, 17:46
Локација: Under the same sky,dreaming the same dream.
What do I want to be in 5 years?
Happy.

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 3 гости

Site Meter